Спорт
Италијано останува во Болоња

Италијанскиот фудбалски тренер Винченцо Италијано го продолжи договорот со Болоња до 30. јуни 2027 година, објави клубот денес.
Италијано ја презеде функцијата на почетокот од оваа сезона и ја предводеше Болоња до титулата во Купот на Италија, првиот трофеј на клубот по 51 година.
„Среќен сум што ја продолжуваме нашата соработка. Со нетрпение очекуваме да учествуваме во возбудливи натпреварувања и да ги постигнеме целите заедно. Се гледаме во јули, поподготвени од кога било“, рече Италијано, според веб-страницата на клубот.
Болоња ја заврши сезоната на деветтото место на табелата во Серија А, а следната сезона ќе игра фазата по групи во Лига Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ бара да игра во попладневниот термин за да го гледа финалето ПСЖ-Интер

Според „Еуроспорт“, Новак Ѓоковиќ побарал дуелот од третото коло на Ролан Гарос, против Австриецот Филип Мишолиќ, да се игра утре попладне.
Причината е желбата на најдобриот тенисер на сите времиња да го гледа финалето на Лигата на шампионите помеѓу Пари Сен Жермен и Интер, кое е закажано за 21:00 часот.
Вчера, по победата против Корентан Муте (6:3, 6:2, 7:6), Новак за кого ќе навива на натпреварот што ќе се игра во Минхен:
„Ќе навивам за Пари Сен Жермен. Дефинитивно ќе го гледам тој натпревар ако не морам да играм во тој момент“.
Секако, некој ќе каже дека Новак е со францускиот шампион затоа што игра во Франција, но не треба да заборавиме дека во текот на својата кариера повеќе се дружел со некои поранешни париски асови, од Златан Ибрахимовиќ до Нејмар до Лео Меси.
Не треба да се заборави дека Ѓоковиќ, кога е во прашање меѓународниот фудбал, навива за Милан, кој е градски конкурент на Интер.
Спорт
Алекса Аврамовиќ во Дубаи

Кошаркарот на ЦСКА Москва, Алекса Аврамовиќ, ќе биде играч на Дубаи од следната сезона, обајви „Јурохупс“.
Дубаи ќе плати обештетување за српскиот репрезентативец и ќе потпише договор со него, останува да се види за колку сезони.
Алекса беше одличен во ЦСКА, еден од најдобрите кошаркари во тој тим, а овој трансфер во Дубаи ќе значи и негово враќање во АБА лигата и Евролигата.
По 47 настапи во Евролигата со Партизан, бекот од Чачак повторно ќе игра во елитното натпреварување со Дубаи, кој доби петгодишна лиценца од Евролигата. Јасно е дека газдите на клубот ќе формираат сериозен тим за наредната сезона.
Аврамовиќ очигледно е првата аквизиција.
Спорт
(Видео) Трајковски: Максимална концентрација против Белгија

Извор/ ffm.mk
Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготвиките за квалификациските натпревари за СП 2026 против Белгија (6. јуни, Скопје) и Казахстан (9. јуни, Астана).
Напаѓачот Александар Трајковски смета дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот.
„Овој циклус е многу важен за нас и мора максимално да се фокусираме на овој циклус. Првиот меч ни е дома со Белгија, потоа одиме во Казахстан, мислам дека сите треба максимално да се стават во функција на тимот. Можеби е тешко затоа што е крај на сезона, но по овие два меча може да се одмориме. Се надевам на најдоброто. Почнавме добро, се надевам дека со Белгија ќе покажеме поголема концентрација до крајот на мечот, да извлечеме поука од тој меч со Велс“.