Спорт
Италијанска правда? Случајот со „напумпани“ цени за трансфери падна на првата пречка

Во сензационален развој на настаните, сите 11 клуба и 59 личности кои беа обвинети за вештачко кревање на вредноста на трансферите за да се зголеми капиталот на италијанските клубови, се ослободени од обвиненијата.
11-те клуба кои беа вклучени во дисциплинската постапка се Јувентус, Наполи, Сампдорија, Џенова, Емполи, Про Верчели, Парма, Пиза, Киево, Новара и Пескара, а се бараше и едногодишна суспензија за 59 директори и раководни лица на клубовите, вклучувајќи ги претседателите на Јувентус, Андреа Ањели и на Наполи, Аурелио де Лаурентис. Помеѓу поголемите трансфери кои беа под истрага беа продажбата на Виктор Осимен од Лил во Наполи, и трампата Артур Мело-Миралем Пјаниќ помеѓу Барселона и Јувентус.
Според објаснувањето на дисциплинската комисија на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ), тие немаат вистински параметри за да се одреди реалната вредност на фудбалерите, така што нема основа за обвинение.
Inchiesta Plusvalenze, la sentenza: tutti prosciolti dal primo grado di Giustizia Sportiva https://t.co/51hzeIY5A4
— TUTTOmercatoWEB (@TuttoMercatoWeb) April 15, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Надал без проблеми во вечерната сесија на Ролан Гарос

„Кралот“ на Ролан Гарос, 13-кратниот шампион Рафаел Надал се пласираше во третото коло на францускиот гренд слем, откако во вечерната сесија во Париз со 6:3/6:1/6:4 за два часа и 12 минути го совлада домашниот тенисер, Корентин Муте.
Надал, кој оваа сезона не освои ниту еден турнир на неговата омилена подлога, се мачеше со повреди на стапалото и на грбот во текот на пролетната сезона, но тоа не го мачеше во дуелот против Муте, остварувајќи рутинска победа, во која проблем беше само последниот сет, кога во финишот Муте направи брејк.
Следен за Шпанецот е Холанѓанецот Ботик ван Цандшлуп, светскиот број 29., кој влезе во третото коло откако Фабио Фоњини се повлече при 6:4/7:6(2)/3:2 водство на противникот.
Спорт
Рома и Мурињо кренаа европска титула – во Тирана „падна“ Феенорд

Жозе Мурињо стигна до својата петта европска титула, откако неговите Рома стигнаа до 1:0 победа над Феенорд во финалето на новата Конференциска лига на Европа, обезбедувајќи прв трофеј во витрините на „волчицата“ од тој од Копа Италија во 2008 година.
Мурињо со ова дефинтивно ги оправда очекувањата на страствените навивачи на клубот од италијанската престолнина, и покажа дека е „експерт“ за европските купови. По титулите од Лигата на шампионите со Порто (2004) и Интер (2010), УЕФА купот со Порто (2002) и Лига Европа со Манчестер јунајтед (2017), ова е уште едно големо достигнување на „Специјалниот“.
Херој на „волчицата“ беше Николо Заниоло, кој во 32. минута од мечот по одличната асистенција на Џанлука Манчини успеа да постигне убав гол. По ова, Феенорд може да жали што на почетокот на второто полувреме не успеа да израмни, за што е најзаслужен Руи Патрисио на голот на Рома, кој имаше две одлични одбрани.
Ова е прв европски успех на Рома во 94-годишната историја на клубот, додека Феенорд не успеаја да стигнат до четврти европски трофеј по титулите во ЛШ (1970) и УЕФА купот (1974, 2002).
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Спорт
Фантастична победа над БиХ на стартот на Европската сребрена лига

Македонската одбојкарска репрезентација имаше совршен старт на новата сезона во Европската сребрена лига, откако со доминантна игра стигнаа до 3:0 (25:16, 25:17, 25:23) победа на Босна и Херцеговина.
Во првиот сет, гостите успеваа да останат во игра до 11:8, пред со две добри серии да се обезбеди сетот со 25:16. Одличниот старт продолжи и во вториот сет, каде што македонските одбојкари поведоа со 7:1, па со 18:12, контролирајќи ја играта. Само во последниот сет беше ирамнето, откако гостите има водство од 9:10, пред во неизвесен финиш да се обезбеди победата.
Претходно, вчера, во првиот меч од нашата група Б, Романија со 3:1 ја совлада Албанија. Следниот меч за македонските одбојкари е во сабота на гости токму кај Романија.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк