Спорт
Итудис: Евролигата го губи натпреварувачкиот карактер
Евролигата од почетокот на сезоната има проблеми со позитивните тестови на коронавирусот. Поради тоа Евролигата мора да одложува и откажува натпревари. На оваа тема реагираше тренерот на ЦСКА Москва Димитрис Итудис. Грчкиот тренер смета дека мора нешто под итно да се преземи во врска со ова.
„Химки нема здрави играчи, многу заразени има во Асвел, во Зенит…Кај нас се четворица заразени. Можам да спомнам и други клубови, како Барселона. Верувајте Евролигата го губи натпреварувачкиот карактер, го губи чувството за правичност и активност“, рекол Итудис.
ЦСКА вечерва во рамките на третото коло ќе гостува во Истанбул кај Фенербахче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија доби нов европски шампион во мотоциклизам
Македонија годинава доби нов европски шампион во мотоциклизам – Петар Мијалков, кој со посветена работа и дисциплина се искачи на врвот на БМУ Европскиот шампионат.
Со константни настапи и стабилни резултати, Мијалков обезбеди едно од најзначајните достигнувања за македонскиот мото спорт. Во негова чест, во Штип беше организиран свечен шампионски круг, на кој љубителите на мотоциклизмот му оддадоа признание за европскиот успех. Минатиот месец, по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип, доби и специјална награда и признание од градоначалникот Александар Јорданов и од Градот Штип, како благодарност за промоцијата на градот на меѓународната сцена.
Кој е Петар Мијалков?
Мијалков ја развива љубовта кон мотоциклизмот од најрана возраст. Иако интересот постоел долго време, финансиските услови го одложиле неговиот влез во спортот. Во 2017 година го купува првиот мотор и започнува да вози на улични патеки, а подоцна ги обезбедува потребните средства за тренинг на вистинска тркачка патека. Во 2023 година официјално влегува во светот на натпреварувањето.
Активно се натпреварува три години. Во 2024 година ја освојува првата голема титула – БМУ Европски вицешампион и државен шампион на Македонија. Во 2025 година ги освојува највисоките места и на БМУ Европскиот шампионат и на Државниот шампионат.
Надвор од патеката, Мијалков е посветен на семејството. Во брак е три години со сопругата Стефанија и има син, Драган. Семејството очекува нов член, што, како што вели Мијалков, претставува дополнителна мотивација во неговата спортска кариера.
Спорт
„Ова не е фудбал, ова е ужас“
Менаџерот на Ливерпул бараше вистински зборови за да објасни што се случува со неговата добро подмачкана машина од минатата сезона, која во последните два месеци повеќе личи на парче железо.
Статистиката не е утеха. Дури и 24 удари кон противничкиот гол не значат ништо ако постигнете само еден, а примите четири гола.
Ливерпул го доживеа дури и деветтиот пораз во последните 12 натпревари во сите натпреварувања!
По новиот дебакл, поразот од ПСВ Ајндховен на Енфилд (1:4), Арне Слот бараше вистински зборови и објаснување, но не можеше да најде…
„Емоциите се многу негативни и разочарувачки“, изјави тој за ТНТ Спортс, како што објави Би-Би-Си.
„Начинот на кој го примивме првиот гол… Сакам да бидам позитивен во врска со реакцијата на играчите кога губевме со 1:0. Се вративме во игра и имавме шанси да поведеме со 2:1. Не мислам дека некој мислеше дека ќе изгубиме со 4-1.“
Слот рече дека му се допаднала реакцијата на неговите играчи, но не може да објасни како натпреварот заврши 1:4. .
„Откако го примивме првиот гол, ја видовме реакцијата што сакам да ја видам. Менталитетот што го видов потоа беше онаков каков што се надевав. Дури и по 1:2, продолживме да се обидуваме да постигнеме гол. Но, кога ќе го погледнете конечниот резултат 1:4, тоа е навистина тежок пораз.“
Ливерпул сега има три натпревари во Премиер лигата против Вест Хем (на гости на 30 ноември), Сандерленд (на дома на 3 декември) и Лидс (на гости на 6 декември). Шампионот на Англија моментално е само 11-ти на табелата со 18 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Пораз на Пелистер од Магдебург
Еурофарм Пелистер загуби во Лигата на шампионите од бранителот на титулата, Магдебург 26:31 (12:15). Македонскиот шампион остана на две победи, против Магдебург го забележа седмиот пораз оваа сеозна. Магдебург во девет натпревари има исто толку победи.
Пелистер скапо ја продаде кожата против, во овој момент најдобриот тим во светот. Играчите на магдебург отворија со предност 1:4, Пелистер не им дозоволи премногу да се одлепат, некако држеше приклучок. Во финишот на првиот дел Германците стекнаа шест гола предност, но Пелистер го заврши првиот период со три гола (12:15).
По слилно сценарио се играше и во вториот дел, Магдебург рутински ја одржуваше разликата и на крајот заслужено победи.
Голманот Митревски со 11 одбрани беше најдобар во редовите на Пелистер. Стрелците ги предводеа крилата Манаснов и Радивојевиќ со по пет гола.
EPA/GEORGI LICOVSKI

