Спорт
Итудис преговарал со Словенија

Тренерот на ЦСКА Москва Димитрис Итудис преговарал со луѓето од Кошаркарскиот сојуз на Словенија за преземање на оваа селекција. Доколку двете страни постигнат договор ЦСКА ќе му дозволи на 49 годишниот Грк да обавува две функции.
Димитрис Итудис во кариерата има две европски титули со ЦСКА, а неговиот актуелен договор со овој клуб истекува во 2021 година.
Според медиумите доколку двете страни постигнат договор Итудис би ја предводел Словенија на квалификацискиот турнир за пласман на ОИ во Токио (23 до 28 јуни).
Доколку актуелните европски шампиони сакаат да играат на ОИ ќе мора да го освојат турнирот. Словенија е во А-групата со Ангола и Полска, додека во Б-групата се Литванија, Јужна Кореја и Венцуела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Фото) „Илинден Куп 2025“: прогласени најдобрите екипи – малите шампиони обединети на големите фудбалски терени

Во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „Илинден Куп 2025“ кој се одржуваше во општина Илинден изминатите три дена, денеска се одиграа финалните натпревари на спортските терени во Илинден, Марино и Кадино. На турнирот имаше околу 3500 учесници од околу 217 екипи, од европски, балкански и македонски клубови, деца на возраст од 7 до 12 години, известува Општината.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со македонската фудбалска легенда, Илија Најдовски, ги доделија медалите и пехарите на најдобрите екипи.
Екипите беа поделени во шест категории, такашто во категоријата на деца од 2013 година првото место го освои „Кидс Темпа“, второ место за „Гроздановски„ и третото место за „Еуроспорт“.
Во категоријата на деца од 2014 година првото место им припадна на „Партизан“, второ место за „Брегалница“ и трето место за „Еуроспорт“.
Во категоријата на деца од 2015 година првото место е за „Форца“, второ место за „Национал“ и трето место за „Андертехт“.
Во категоријата на деца од 2016 година првото место го освои екипата на „Динамо“, второто место за „ЦР.Ѕвезда“ и третото место „Клуб Бруг“.
Во категоријата на деца од 2017 година првото место е за „Еуроспорт“, второ место за „Аеродром“ и третото место за „Јанг Тим“.
Во категоријата на деца од 2018 година прво место е за „Цр.Ѕвезда“, второто место е за „Мондано“ и трето место за „Кидс Темпа“.
„Илинден Куп 2025“ е во организација на Фудбалската школа „Гроздановски“ а под покровителство на општина Илинден. На терените во Илинден, Марино и Кадино изминатите три дена публиката и љубителите на фудбалот имаше можност да проследи интересни фудбалски натпревари, доста детски но и професионални маневрации со топка.
Спорт
(Видео) Спектакл на маратонот во Токио, Симба во фото финиш до златниот медал

Алфонсо Феликс Симбу од Танзанија во спектакуларен финиш го освои златниот медал на маратонската трка на Светското првенство во Токио.
Победникот беше решен во фотофиниш, а Танзаниецот Алфонс Феликс Симбу буквално му го украде златото на Германецот Аманал Петрос. Ова е првиот и најсјаен медал во историјата на оваа африканска земја на светските првенства.
Двајцата заедно со Италијанецот Ауани влегоа заедно на стадионот. На околу 100 метри пред целта, Петрос го засили темпото и се чинеше дека Симба не може да го следи.
Сепак, во последните 20 метри, Танзаниецот пронајде нова сила, почна да се забрзува и во последните сантиметри влезе во целта пред Петрос. Двајцата постигнаа резултат од 2:09;48 часа, но Симбу беше побрз за само 0,03 секунди. Италијанецот Ауани го освои бронзениот медал пет секунди зад него.
Високата влажност беше огромен проблем и голем број фаворити испаднаа, вклучувајќи тројца натпреварувачи од Етиопија и еден Кениец.
After 42.2km, this is the most insane finish to a marathon you’ll ever see.
A photo finish was needed to determine the winner: Tanzania’s Alphonce Felix Simbu. #WorldAthleticsChamps pic.twitter.com/6u1izgWVss
— John Dean (@JohnDean_) September 15, 2025
Спорт
(Видео) Барселона ја декласира Валенсија

Барселона го одигра својот прв домашен натпревар оваа сеозна. На стадионот „Јохан Кројф“, Барселона ја декласира Валенсија со 6:0.
Првото полувреме не навестуваше дека екипата од Валенсија ќе доживее дебакл.
Фермин Лопез ја доведе Барселона во водство по додавање од Феран Торес, а потоа следеше канонада во втората половина од натпреварот.
Во игра влезе Рафиња, кој целосно ја поремети играта на противникот.
Бразилецот го дуплираше водството на својот тим во 53-та минута, а три минути подоцна, Лопес повторно го запиша своето име на семафорот.
Рафиња ја зголеми предноста на Барса со брилијантен гол, а потоа на сцена стапи Роберт Левандовски.
Полјакот на теренот влезе во 68-та минута и набрзо го постигна првиот гол на овој натпревар.
Се играше во 78-та минута кога Левандовски ја затресе мрежата на Валенсија по одлично додавање од Дани Олмо, а потоа во 86-та минута го постави конечниот резултат, по асистенција од Бернал.
Барселона сега е на два бода зад Реал Мадрид, кој е единствениот тим со сите четири победи.
Foto/ EPA