Спорт
Иван Ракитиќ има нов клуб

Иван Ракитиќ (35) е нов играч на Ал Шабаб. Хрватскиот играч за врска ги помина лекарските прегледи и потпиша договор до јуни 2025 година. Не е познато дали Ал Шабаб плати некава обесштетување, бидејќи договорот на Ракитиќ со шпанскиот клуб траеше до крајот на оваа сезона.
Според „Трансфермаркт“, Ракитиќ вреди четири милиони евра, а оваа сезона има 27 настапи, два гола и четири асистенции за 2.037 минути игра. Во својата кариера настапуваше за Базел, Шалке, Севилја и Барселона, а за хрватската репрезентација на 106 настапи има 15 гола и сребрен медал на Светското првенство во Русија 2018 година.
Ракитиќ, замина кига Севилја се наоѓа во најголемата криза во овој век. Клубот има големи финансиски проблеми, а во првенството се бори за опстанок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Гираси постигна четири гола, Грос забележа четири асистенции

Борусија Дортмунд го совлада Унион Берлин со 6)0 во 23. коло од Бундес лигата.
„Милионерите“ сезонава играат променливо, не можат да влезат во вистинскиот ритам, за нив ова беше деветтата победа од почетокот на сезоната.
Дуелот против Унион Берлин го обележаа Гираси и искусниот Грос. Напаѓачот од Гвинеја постигна четири гола, а Грос забележа четири асистенции.
едвај мина половина од теренот на стадионот „Вестфален“, а на крајот семафорот покажа 3:0 во корист на жолто-црните.
Дортмунд поведе во 25. минута кога Леите си постигна автогол, потоа Гираси постигна четири гола, а точка на натпреварот стави Бејер во 89. минута.
Борусија Дортмунд се наоѓа на 10.место на табелата со 32 бода, седум помалку од Фрајбург кој се наоѓа на четвртото место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите.
Спорт
(Видео) Убедлив триумф на Атлетико во Валенсија

Атлетико Мадрид триумфално мина низ Валенсија. Во 26.коло „јорганџиите“ славеа победа 3:0.
Меч-винер беше Хулијан Алварез кој ги постигна првите два гола во 12. и 29.минута.
Популарниот Арања (Пајак) дефинитивно е еден од најдобрите трансфери оваа сезона во Европа. Во Манчестер сити најчесто беше резерва, а во Ла Лига е еден од клучните играчи на Атлетико.
Точка на натпреварот стаци уште еден Аргентинец, Анхел Кореа во финишот на натпреварот.
По се уште некомплетното 25 коло, Атлетико е прв со два бода повеќе од Реал и Барселона.
Барселона подоцна вечерва ќе гостува во Лас Палмас, а Реал утре ќе ја пречека Џирона.
Спорт
Дебакл на Динамо Загреб во Риека

Во дербито на 23. коло на хрватскиот фудбалски шампионат, Риека го декласира Динамо Загреб со 4:0.
Шампионската трка во Хрватска е многу возбудлива и се води меѓу три клуба. Или барем се водеше до ова коло.
Риека го задржа првото место во поредокот со убедливиот настап против „модрите“, кои сега заостануваат седум бода зад вечерашниот ривал.
Помеѓу е Хајдук, кој заостанува само еден бод зад Риека.
Водството на Риека го донесе Џуара во 27. минута, а во следните 10 минути напаѓачот на Динамо Вилфрид Канга доби два жолти картони и ги остави соиграчите на цедило.
Тоа го искористија домашните до крајот на полувремето и преку Јанковиќ и Петровиќ стигнаа до големи 3:0.
Инфериорниот Динамо не можеше многу да направи во преостанатиот дел од натпреварот, а Риека во 51. минута го потврди убедливиот триумф со голот на Дујо Чоп за конечни 4:0.
Аријан Адеми за Динамо играше до 73.минута, додека Стефан Ристовски не доби шанса, мечот го гледаше од клупата за резерви.