Спорт
Иванишевиќ: Два рекорди никогаш нема да бидат урнати, еден на Новак и еден на Рафа

Горан Иванишевиќ во ексклузивното интервју за „Спорт клуб“, вели дека има два актуелни рекорди во тенисот за кои верува дека нема да бидат соборени.
Иванишевиќ, од минатата недела повеќе не е тренер на Новак Ѓоковиќ. Речиси шест години го тренираше Ѓоковиќ и заедно освоија 12 гренс слем титули.
Зборувајќи за Рафаел Надал и некои негови изјави за тоа кој е најдобар на сите времиња, Иванишевиќ имаше само пофални зборови за Шпанецот.
„Новак и Рафа се ривали и заедно со Роџер одбележаа ера. Секако, тука беа и Енди Мареј и Стен Вавринка, како и некои други играчи. Но, Роџер рано си замина, а Рафа се повреди и пропушташа многу турнири. Глупаво е за било што да се обвинува Надал – Рафа е Рафа. Мислам дека има два рекорда во тенисот кои, според мене, практично никогаш нема да бидат соборени. Тоа се 14. титули на Рафа на Ролан Гарос и бројот на недели на Новак на врвот на АТП листата“, рече Иванишевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Душан Тадиќ ги одби милионите од Звезда, потпишува за великан

Душан Тадиќ (36) ќе настапува за мадридски Атлетико следната сезона, објави српски „Телеграф“. Искусниот офанзивец имаше неколку сериозни понуди, меѓу кои и финансиски многу великодушна опција од Црвена звезда, актуелниот шампион на Србија.
Сепак, одлучи да ја продолжи кариерата во значително посилна конкуренција. Тадиќ го избра Атлетико Мадрид.
Во главниот град на Шпанија патува веќе утре, а целиот трансфер треба да биде завршен до крајот на неделата. Доаѓа како слободен играч бидејќи му истече договорот со Фенербахче и се очекува дека ќе биде значаен додаток во кадарот за напад кој го води Диего Симеоне.
Во интервју за „Арена Спорт“, првиот човек на Звезда, Звездан Терзиќ, рече: “Самиот се изненади кога ја виде понудата што му ја подготвив со деталите од финансиските услови. Ни би зборувал за бројките, не е коректно, но ќе беше најплатениот играч во историјата на српскиот спорт“.
Фото: ЕПА
Спорт
За два месеца, стадионот во Чаир ќе има помошно игралиште, почна изградбата
Почна изградбата на помошното спортско игралиште во рамки на стадионот на фудбалскиот клуб Шкупи во Чаир.
Игралиштето ќе има површина од 4644 квадратни метри, односно должина од 80 метри и ширина од 50 метри, опкружено со заштитни зони од по 3 метри од сите страни. Проектот ќе се реализира согласно меѓународните стандарди на ФИФА, со висококвалитетна вештачка трева, атмосферски систем за одводнување кој овозможува користење и при неповолни временски услови, како и целосно осветлување за употреба во различни делови од денот и вечерта.
Првиот вицепремиер Изет Меџити заедно со заменичк-министерка за спорт, Сафие Садики, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и пратеничката Фериде Хаџиу денес го посети стадионот и кажа дека инвестицијата претставува конкретен чекор кон подобрување на спортската инфраструктура во Општина Чаир и создава подобри услови за тренинг и професионален развој на младите љубители на фудбалот.
„Нашата цел е да создадеме што повеќе простори и можности за нашата младина, поддржувајќи ги на нивниот пат кон успехот“, рече заменик-претседателот на Владата, Меџити.
Изградбата на игралиштето се очекува да заврши во рок од 45 до 60 дена.
Спорт
Јамал може да заврши на суд оти на 18. роденден повикал џуџиња да ги забавуваат гостите

Шпанскиот фудбалер Ламин Јамал минатиот викенд го прослави својот 18-ти роденден на Ибица. Ѕвездата на Барселона на прославата ги покани своите соиграчи, бројни познати личности и неколку светски инфлуенсери.
Шпанските медиуми пишуваат дека Јамал им ги одзел мобилните телефони на гостите уште на влезот, па ниту една снимка од внатрешноста на вилата не стигна до јавноста.
Сепак, шпанските новинари пренесоа вест за џуџиња која предизвика вистински скандал. Џамал наводно ангажирал лица со нисок раст за да ги развеселуваат и насмеваат гостите на неговата роденденска прослава.
Шпанското здружение за лица со ахондроплазија и други дисплазији АДЕЕ (ADEE) се огласи со јавна осуда, тврдејќи дека на 18. роденден на Јамал на Ибица биле ангажирани лица со нисок раст за забавни цели.
Медиумите наведуваат дека нивното присуство било исклучиво за забава, што се смета за дискриминаторско.
„Апсолутно е неприфатливо во 21. век лицата со џуџест раст да се користат како атракција на забави“, се наведува во соопштението на Здружението.
Lamine Yamal has been denounced by the ADEE after hiring professional dwarves for his 18th birthday party.
“We will take action via legal and social channels to safeguard the dignity of disabled people. These actions not only violate the law, but the fundamental values of a… pic.twitter.com/OBMEF9QO7Q
— Zach Lowy (@ZachLowy) July 13, 2025
АДЕЕ извести дека поведува правни постапки против организаторите на настанот. Сè уште не е јасно дали Ламин Јамал или домаќините на забавата ќе бидат тужени, но социјалниот притисок расте, а случајот добива меѓународен одек.
Фото: ЕПА