Спорт
Иванишевиќ не е тренер на годината, Ѓоковиќ удри по АТП

Новак Ѓоковиќ не пропушти да реагира на одлуката на АТП, наградата „тренер на годината“ да им ја додели на менторите на Италијанецот Јаник Синер.
Во најтесната конкуренција беше и Горан Иванишевиќ, тренерот на Ѓоковиќ, но на крајот остана без престижната награда.
Дарен Кејхил и Симоне Вањози ја добија награда, а во конкуренција уште беа Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ, Хуан Карлос Фереро, тренерот на Карлос Алкараз и Брајан Шелтон, тренерот на Бен Шелтон.
Новак на својот Инстаграм профил им честиташе на победниците, а во истата порака имаше што да каже за одлуката на оние кои ја донесоа.
„Им честитам на Дарен и Симоне за одличната сезона со Јаник“, напиша Ѓоковиќ.
Со порака за Горан ги „пецна“ оние кои ја донесоа оваа одлука.
„Горан, претпоставувам дека треба да освоиме четири од четири Грен слемови, за да бидеме во потесниот избор за наградата за тренер на одината. Годината ја завршивме на бројот еден, освоивме три Гренд слема, го освоивме Завршнио мастерс… Пишувањето историја не е доволно, драг мој тренеру“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џексон Хејс ќе добие пасош на Словенија

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс (25), откри дека е во процедура за добивање словенечки пасош за во иднина да може да игра со Дончиќ и во репрезентацијата.
Хејс е член на Лејкерс од 2023 година, претходно играше за Њу Орлеанс.
Наскоро би можел да биде опција за селекторот на Словенија, Александар Секулиќ, кој бара играч на позицијата „пет“ по повлекувањето на Џош Нибо за последниот Евробаскет.
Нибо, да потсетиме, поради повреда, не доби дозвола од својот клуб Милано да игра за Словенија, што ги принуди челниците на КС Словенија да најдат посигурно решение за наредните години.
Изборот падна на Хејс, со кого неговиот соиграч Лука Дончиќ ги водеше преговорите.
„Лука е мој човек. Работиме заедно за да добиеме словенечки пасош и да можеме да играме за Словенија следното лето“, ги изненади Хејс новинарите по натпреварот со Далас.
Хејс со тоа би бил четвртиот странец во последните неколку години во дресот на Словенија, по Ентони Рандолф, Мајк Тоби и Џош Нибо.
Словенија беше европски шампион во 2017 година со Рандолф.
Спорт
(Видео) Бецеки казнет за инцидентот со Маркез во Индонезија

По речиси две недели оо контроверзниот инцидент на Големата награда на Индонезија, судиите на Мото ГП ја донесоа конечната одлука да го казнат возачот на Априлија, Марко Бецеки.
Марко Бечеки е казнет со двоен долг круг, кој ќе мора да го одработи на неделната трка на Големата награда на Австралија.
Станува збор за судирот што се случи во седмата кривина, во првиот круг од трката на патеката „Мандалика“, кога Бецеки го собори Марк Маркез. Иако судиите веднаш започнаа истрага, тие не можеа да ја слушнат верзијата на Бецеки за несреќата бидејќи Италијанецот заврши во медицинскиот центар на самата патека.
Затоа, беше одлучено дека одлуката ќе биде донесена по неговото сослушување во Австралија, каде што Бецеки денес ја даде својата изјава.
Судиите се повикаа на членот од правилата, кој се однесува на „дејствија што создаваат опасни ситуации и доведуваат до несреќа“, и истакнаа дека Бецеки е во центарот на вниманието по втор пат оваа сезона поради инцидент.
Тој беше казнет за прв пат во Аргентина поради контакт со Фабио Квартараро.
Веднаш по инцидентот, возачот од Римини ја призна својата грешка и му се извини на Маркез, а потоа двајцата се сретнаа во медицинскиот центар. Маркез подоцна се огласи на социјалните мрежи за да ги повика фановите да не го обвинуваат Италијанецот, велејќи дека ваквите ситуации се дел од спортот.
A costly miscalculation 😔
Bezzecchi reflects on the collision with @marcmarquez93 that landed him a double LLP ahead of Sunday ⚠️#AustralianGP 🇦🇺 pic.twitter.com/IpBKk6CDlT
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 16, 2025
На „Филип Ајленд“, Бецеки повторно застана пред камерите и ја повтори својата одговорност:
„Не се обидував да го престигнам. Тој силно сопираше, погрешно ја проценив ситуацијата. Тоа беше моја вина“, рече Бецеки, додавајќи дека сè уште чувствува голема болка во грбот.
Бечеки ја искористи можноста да го посочи проблемот со чакалот покрај патеката „Мандалика“, кој, според него, придонел за сериозноста на повредите.
Спорт
Мареј за пет години ќе добие 140 милиони

Киган Мареј, кошаркарот на Сакраменто Кингс, доби нов пет годишен договор вреден 140 милиони долари.
Мареј беше четвртиот избор на НБА драфтот во 2022 година, а Кингс обезбедија долгорочен договор со еден од најважните играчи кој е под договор до 2031 година.
Тој ја започна својата „дебитантска кампања“ многу добро и беше во идеалниот руки тим со одлични партии што го доведоа тимот до првиот плејоф по 17 години.
Киган е еден од тројцата играчи кои постигнале 500 тројки, со 150 блокади и 150 украдени топки во претходните три сезони.
Останатите двајца се Ентони Едвардс од Минесота и Дерик Вајт од Бостон.
Тој е шестиот играч кој потпиша продолжување на договорот оваа година пред рокот, 20 октомври, утврден со правилата на НБА.
Минатата сезона тој имаше просек од 12,4 поени со 6,7 скока и 1,4 асистенции во 76 одиграни натпревари.