Спорт
Иванишевиќ: Немам кристална топка, но Ѓоковиќ може до 27 гренслем титули
Горан Иванишевиќ, тренерот на Новак Ѓоковиќ, е убеден дека српскиот тенисер ќе освои барем уште неколку гренслем титули. За Хрватот, тој е најдобриот тенисер во историјата.
„Според резултатите, за мене Новак е најголем во сè. Роџер можеби го играше најатрактивниот тенис. Сите станаа неверојатни играчи. Прво Роџер, потоа Рафа, па дојде и Новак, ривалството меѓу нив беше големо. Тие го направија тенисот подобар.Сепак, ако треба да изберете некого, за мене тоа е Новак“, изјави шампионот на Вимблдон од 2001 година.
Тренерот на Ѓоковиќ прогнозираше и колку гранслем титули би можел тој да освои до крајот на кариерата.
„Според начинот на кој се грижи за своето тело, би рекол дека може многу повеќе. Не знам дали ќе има мотив да продолжи до 40. година, тоа е една работа. Мислам дека може да игра на високо ниво уште две до три години. Можеби ќе освои 26 или 27 гранслем титули, којзнае? Може да освои уште два трофеи оваа година и би било неверојатно ако стигне до Златниот слем. Немам кристална топка, но тој е здрав, фит, игра неверојатен тенис и е мотивиран за секој нареден турнир“, изјави Горан Иванишевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Арсенал не се откажува од титулата – „Топџиите“ победија на Олд Трафорд
Фудбалерите на Арсенал на коло пред крајот на сезоната во Премиер лигата повторно се на чело на Премиер лигата.
Во дербито на 37. коло на „Олд Трафорд“ на гости го совлада Манчестер јунајтед со 0:1 (0:1).
Така избраниците на Микел Артета стигнаа до 87 поени и се оддалечија на два бода пред Манчестер сити, иако со натпревар помалку.
Јунајтед ја продолжи серијата лоши резултати, се подалеку се „црвените ѓаволи“ од настап во европските клупски натпреварувања, додека на Арсенал му останува само да се надева дека Манчестер сити ќе има барем еден кикс до крајот на сезоната.
Голот со кој Арсенал победи во Манчестер го постигна Леандро Тросар во 20. минута.
Во последното коло „топчиите“ играат дома со Евертон на 19 мај, додека Сити има два дуели, во вторник во Лондон против Тотенхем и пет дена подоцна со Вест Хем на домашен терен.
Спорт
Струга ја победи Шкендија во Тетотво – Еден бод ја дели од шампионскиот пехар
Фудбалерите на Струга го добија дербито за шампионската титула. Актуелните шампиони во Тетово славеа над Шкендија со 2:0.
Головите за Струга ги постигнаа Бесарт Ибраими ов 43.минута. Најдобриот стреец во историјата на Првата македонска фудбалска лига, погоди од 20-тина метри. Победата на Струга ја потврди неговиот партнер во нападот, Марјан Радески во 48.минута.
Струга на врвот има три бода повеќе од Шкендија, за да ја одбрани титулата во последното коло ќе и биде доволен еден бод против Шкупи.
Резултати, 32. коло:
Гостивар-Работнички 0-0
Македонија ЃП-Брегалница 2:1
Силекс-Вардар 1:1
Шкупи-АП Брера 0-0
Шкендија-Струга 0:2
Тиквеш-Воска спорт 0:0
Табела:
Спорт
(Видео) Нов гол на Миовски за Абердин
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја продолжи гол-серијата во Премиер лигата на Шкотска. Миовски постигна еден гол во убедливата победа на Абердин кај Хибернијан.
Миовски во 52.минута постигна гол за 3:0. За него ова беше 16.гол во шкотската Премиер лига, вкупно 26. во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.
Абердин се наоѓа на седмото место во Шкотска, до крајот на сезоната ќе одигра уште два натпревари, прптив Ливингстон и Рос Каунти.
BM9 Bojan Miovski goal
3-0
Hibs are falling apart again pic.twitter.com/SUAVSsVaiM
— Rop Ted (@roptedmin) May 12, 2024