Спорт
Иванишевиќ за Новак: Дојде еден Балканец и им ги помати сметките
Горан Иванишевиќ, поранешниот шампион од Вимблдон, а сега тренер на Новак Ѓоковиќ, имаше интересно интервју за хрватски „Вечерњи лист“, во која зборуваше за растот на светскиот број 1 и за неизбежната споредба со другите двајца освојувачи на 20 гренд слем титули, Роџер Федерер и Рафаел Надал.
„Новак се појави на врвот на светскиот тенис по Федерер и Надал кога тие двајца веќе имаа голем број навивачи. Тогаш дојде еден Балканец и им ги помати сметките. Новак го кажува она што го мисли, а тоа на многумина не им се допаѓа. Зборува пет јазици, многу е интелигентен, го интересираат многу работи и има сопствен начин на живеење. На некои не им се допаѓа неговата исхрана, му се смеат за медитацијата, но тој верува и тоа му успева. Му се восхитувам. Го гледам наутро еден час како вежба јога на еден чуден начин“, вели Иванишевиќ.
Тој вели дека она што српскиот тенисер го искажува своето мислење му носи многу непријатели, но искрено не помага ниту бесот што го покажа на олимпискиот турнир.
„Денеска не е пожелно да имаш сопствено мислење. Светот би требало да оди кон подобро, но одиме наопаку. Ако во 21 век не можеш да кажеш што мислиш, тоа е катастрофа. Новак не се вклопува во тој западен калап на посложеност на работите. Доаѓа од Балканот, каде што ништо не е посложено и ги покори. Го уби тоа што тие го правеа и стана најдобар на сите времиња, нешто што набргу и статистички ќе го докаже“, вели Иванишевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

