Спорт
Иванишевиќ: Желба ми е Новак да стане најдобар на сите времиња!

Поранешниот хрватски тенисер, Горан Иванишевиќ смета дека АТП купот многу му помогнал на неговиот ученик, Новак Ѓоковиќ на стартот на новата сезона.
„Триумфот на АТП купот многу му помогна на Новак да ја подигне формата. Србија освои титула благодарение на Лајовиќ и Троицки, но Новак беше неверојатен. Му беше потребна таа позитивна енергија, го подигна нивото на игра и доби самодоверба“ – вели Иванишевиќ.
Хрватот, според многумина, е најзаслужен за подобрениот сервис на српскиот тенисер.
„Ми рече дека сака да го унапреди сервисот, пред се вториот сервис. Сега редовно бележи брзини од 180 до 190 километри на час. Сега повеќе верува во својот сервис“ – вели Иванишевиќ.
Тој потенцира дека има само една желба кога станува збор за работата со Ѓоковиќ.
„Имам само една желба, да останам доволно долго со Новак, да дочекам да стане најдобар тенисер на сите времиња. Она што го покажа последните 9 години сугерира токму на тоа“ – вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Спектакл во трката на 100 метри – Облик Севил е светски првак

Облик Севил од Јамајка е светски шампион на 100 метри. Во финалето на Мундијалот во Токио истрча 9,77.
Севил беше одличен и во квалификациите и во полуфиналето, но никој не му даваше шанси во финалето.
Сепак, тој блесна на патеката. Пред 70.000 луѓе во финишот, успеа да го надмине сонародникот Кишан Томпсон, кој мораше да се задоволи со сребро. Заостануваше пет стотинки зад победникот.
Ова е прва титула за Јамајка на 100 метри, од триумфот на легендарниот Јусеин Болт во 2017 година. Патем, светскиот рекордер беше во Токио за да го гледа во живо двојниот триумф на своите сонародници.
Актуелниот шампион Американец Ноа Лајлс беше трет со 9,89, додека олимпискиот вицешампион Лесли Тебого од Боцвана беше дисквалификуван поради грешка на стартот.
Foto/ EPA
Oblique Seville 🇯🇲 is the World 100m Champion!!🥇🥇
🥇 Oblique Seville 🇯🇲 9.77 (PB)
🥈 Kishane Thompson 🇯🇲 9.82
🥉 Noah Lyles 🇺🇸 9.89pic.twitter.com/1yV72I6UYJ— Track & Field Gazette (@TrackGazette) September 14, 2025
Спорт
(Видео) Аматерскиот потег на Межбри му донесе победа на Ливерпул

Фудбалерите на Ливерпул го победија Барнли со 1:0 во натпреварот од 4. коло од Премиер лигата.
По неверојатните завршници против Борнмут, Њукасл и Арсенал, „Црвените“ продолжија со серија исклучително интересни натпревари на почетокот од новата сезона, во кои се единствениот тим со четири победи.
Фудбалерите на Ливерпул гостуваа кај Барнли на „Тарф Мур“, а Скот Паркер постави совршена тактика. Свесен дека квалитетот е на страната на противникот, енаџеорт на барнли ги постави своите фудбалери во нисок блок.
Тактиката функционираше совршено се до 93.минута. Противникот не успеа да создаде опасна акција и се потпираше на удари од далечина.
Кога Ливерпул не успеа да креира буквално ништо пред голот на Барнли, домаќините им ја подарија победата.
Прво, Угочукву доби втор жолт, во 83.минута, а 10.минути подцона Ханибал Межбри, направи глупав пенал.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 14, 2025
Мајкл Оливер оправдано покажа на „белата точка“, а единствениот гол на натпреварот го постигна Мохамед Салах во петтата минута од судиското продолжение.
Foto/ EPA
Спорт
Марк Маркез победи во Мизано, ја забележа 99.победа во кариерата

Победник на Големата награда на Сан Марино и Римини во Мизано е возачот на Дукати, Марк Маркез. Марк ја забележа својата 99-та победа во кариерата.
Постариот Маркез имаше одличен старт и веднаш се проби од четвртотот до второто место, пред Алекс Маркез, а зад Марко Бецеки, кој имаше одличен старт.
Бецеки беше лидер се до 12-от круг и практично првата грешка што ја направи го чинеше скапо. Марк Маркез се проби до првото место, Бецеки се закани во следните неколку круга, забрзувајќи, но не можеше да ја загрози победата на Марк.
На третото место, Алекс Маркез практично возеше сам, никој не беше доволно блиску за да му го загрози местото на подиумот.
А зад нив – еден по еден испаднаа – Жоан Зарко, Жоан Мир, Аи Огура, Маверик Вињалес, Педро Акоста, Франческо Банџаја.
Што се однесува до пласманот под третото место, Франко Морбидели го освои четвртото место, пред Фабио ди Џанантонио и Фермин Алдегуре. Лука Марини го освои седмото место, Фабио Квартараро осмото, Мигел Оливеира деветтото и Бред Биндер десеттото место.
Светското првенство продолжува со Големата награда на Јапонија од 26 до 28 септември.
Вечерашниот пад во спринт трката значи дека Марк нема да може да ја потврди титулата во следната трка, но ќе може да стигне до својата 100. победа и да стане третиот возач што го сторил тоа, по Џакомо Агостини (122) и Валентино Роси (115).
Foto/ EPA