Спорт
Ивица Костелиќ затрупан од лавина – Хрватот преживеа нова драма

Најдобриот хрватски скијач на сите времиња, Ивица Костелиќ преживеа нова опасна ситуација. „24ur.com“, објави дека Ивица Костелиќ бил затрупан од лавина во Обертауерн, Австрија.
Се се завршило добро бидејќи според неофицијални информации Ивица Костелиќ и уште едно лице биле однесени со спасувачки хеликоптер. Наводно, еден од двајцата скијачи успеал сам да влезе во хеликоптерот, додека другиот бил ископан од под снегот.
Ивица Костелиќ е во Обертауерн, според словенечките медиуми, на скијање со семејството, односно со сопругата Ерин и четирите деца. Како точно се нашол затрупан од лавина се уште не е познато.
Познато е дека пред два дена австриските метеоролози предупредија на влошување на времето, а знакот за опасност од лавина го подигнаа на четири од максимални пет.
Да потсетиме, пред само три недели Ивица Костелиќ беше спасен од смрт во невреме кај црногорското крајбрежје од локалната морнарица, чии припадници успеаја да го лоцираат среде ноќ додека очајно се држеше за кајакот со последните сили.
Имаше уште една потенцијално опасна ситуација која Ивица Костелиќ успеа да ја надмине. Имено, пред осум години тој за малку ќе замрзнал на Гренланд додека ги минувал тамошните пространства на скии.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милинковиќ-Савиќ го договорил трансферот во Наполи

Вања Милинковиќ-Савиќ, голманот на Торино, се согласи да се пресели во Наполи.
Договорот помеѓу српскиот голман и актуелниот шампион на Италија треба да биде потпишан до 2029 година.
Според медиумите во Италија, преговорите меѓу клубовите исто така одат во добра насока, па се чини дека нема пречки голманот да се пресели во Неапол. Наполи за трансферот ќе издвои 18 милиони евра.
Во својата кариера, повремениот репрезентативец на Србија ги носеше дресовите на Војводина, Манчестер Јунајтед, Лехија Гдањск, Асколи, Спала и Торино.
Спорт
(Видео) Индијана ја декласира Оклахома, изедначи на 3:3 во финалето

Индијана Пејсерс изборија мајсторка за титулата во НБА лигата. Пејсерс го изедначија резултатот во финалната серија на 3:3, откако ги победија Оклахома табдер со 108:91.
И двата тима се борат за првата титула шампион на НБА, а за прв пат од 2016 година ќе се игра мајсторка во финалето.
Решавачкиот меч е закажан за понеделник во 2 часот наутро по средно европско време во Оклахома.
Индијана до победата ја предводеше Оби Топин со 20 поени, Ендру Нембхарт уфрли 17, додека Паскал Сиакам додаде 16 со 13 скока.
Повредениот Тајрис Халибартон забележа 14 поени и пет асистенции.
Во тимот на Тандер, Гилџес-Александар имаше 21 поен, Џејлен Вилијамс додаде 16, додека Ајзеа Џо со 11 и Изеа Хартенштајн со 10 поени исто така беа двоцифрени.
Спорт
(Видео) Ботафого го шокира ПСЖ, Атлетико лесно се справи со Сиетл

Атлетико Мадрид го победи Сиетл со 3:1, а Ботафого го шокира ПСЖ во второто коло на Светското првенство за клубови.
Централна фигура на дуелот меѓу Атлетико и Сиетл беше Пабло Бариос. 21-годишникот постигна два гола во победата 3:1. Бариос погоди во 11. и 55.минута. Гол за Атлетико постигна и Витсел во 47., а единствениот гол за Сиетл е дело на Русник во 50.минута, по грешката на Ле Норман.
Во вториот меч Ботафого го шокира актуелниот европски првак ПСЖ со победата 1:0.
Бразлците славеа со голот на Игор Жесус во 36.минута и со шест бода се лидери во групата.
Во последното коло Ботафого ќе игра против Атлетико, а ПСЖ против Сиетл. За пласман понатаму можно е да биде формиран круг од три екипи.