Спорт
Избраниците на Брестовац се негативни, а чекаат позитивни вести од Египет
Светската ракометна федерација (ИХФ) сè уште молчи за конечниот список со учесници на ракометниот мундијал, кој утре почнува во Египет.
Македонската ракометна репрезентација, која е прва резерва на мундијалот, е на готовс, сите репрезентативци имале негативен ковид-тест и подготвени се да отпатуваат кон Африка доколку ИХФ суспендира некоја од учесничките.
Како на филмска лента се појавуваат нови информации за позитивни ракометари во селекциите што имаат пласман на Светското првенство.
Најпрвин Швеѓаните се соочуваа со проблем поради позитивни членови на селекцијата.
Потоа Чесите, каде што дури 16 играчи се позитивни на Ковид-19, имаа проблеми, меѓу кои и селекторскиот двоец. Сепак, и со младинци Чесите решија да настапат на СП.
САД со дури 18 заразени играчи плус селекторот се следни на удар. Американците 20 години го чекаат настапот на СП, па оттаму стигнуваат најави дека и со 12 ракометари ќе одат во Египет. Меѓу оние 12 има само еден голман и без ниту еден дефанзивец.
Најновата информација е дека 7 заразени ракометари има и селекцијата на оствровите Зелен ‘Рт.
СП почнува утревечер со дуелот меѓу Египет и Шведска, а дотогаш и барем до вечерва останува отворено прашањето дали сите што се на списокот за настап ќе го видат Египет или ќе ѝ се насмевне среќата и на нашата селекција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

