Спорт
Јакировиќ им се извини на навивачите, најави заминување од Динамо
Фудбалерите на Динамо Загреб, во Приштина од Балкани доживеаја еден од најтешките порази во клупска историја. Претставникот на Косово го победи најтрофејниот клуб со 2:0, во второто коло, во Конференциската лига. Шокантниот исход од мечот ексрпесно стана главна тема во хрватските медиуми, а тренерот Сергеј Јакировиќ мораше да и се извини на целата земја, па дури и да најави заминување од клупата на тимот што го презеде пред само неколку недели.
„За мене ова е најтешкиот пораз во кариерата. Паднавме без испукан куршум, резил. Ќе видиме што ќе донесе утрешниот ден“, изјави Јакировиќ за Арена, пренесе Хина.
Работите веќе некое време не функционираат најдобро во Динамо, а уште едно тренерско заминување за многу кратко би било доказ дека клубот е во огромни проблеми. Сергеј Јакировиќ и беше „украден“ на Риека со која беше одличен на крајот од претходната сезона, а од Загреб може да си замине по само 10 на клупата.
„Не знам дали ова е последен натпревар за мене. Кога ќе преспијам, ќе донесам одлука бидејќи чувствувам дека и јас сум одговорен за ова. Најлошо е кога ќе кажеш дека некој минира, но кога ќе излезеш на теренот мораш да се запрашаш зошто тоа се случува. Ова е најтешкиот пораз за мене“, изјави Јакировиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

