Спорт
Јамаха го потврди Крачлоу за тест-возач
Кал Крачлоу наредната сезона ќе биде тест-возач во тимот на Јамаха. Информацијата на официјалните профили на социјалните мрежи ја потврдија од овој тим. Крачлоу десет години е во Мото-ГП шампионатот, последните шест сезони тој вози за ЛЦР Хонда.
Јамаха потврди дека моделот YZR-M1 ќе има можност да го испроба во февруари в година во Малезија.
„Десетгодишното искуство во Мото-ГП и неговата работа со три производители е добра препорака за Кал“, стои во соопштението што го објавија од Јамаха.
Крачлоу, од друга страна, потврдил дека ќе биде и замена во тимот доколу се повреди некој од возачите. За Јамаха, наредната сезона ќе возат Маверик Вињалес и Фабио Квартараро.
Искусниот мотоциклист во Мото-ГП дебитира во 2011 година. Во првите три сезони возеше за Тех 3-тимот, една година беше во Дукати, а потоа се пресели во ЛЦР Хонда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Иџе во поход по нова европска титула: „Очекувам добра трка“
Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.
Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.
„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.
Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.
Спорт
Хулкенберг од наредната сезона во Заубер
Германскиот автомобилист Нико Хулкенберг од 2025 година, ќе има нов работодавец. 36-годишникот ќе вози за тимот на Кик Заубер.
„Среќен сум што возам за Кик Заубер од 2025 година и што во иднина ќе го претставувам германскиот производител на патеките во Ф1“, објави Нико Хулкенберг на социјалните мрежи.
Од 2026 година во Заубер влегува германскиот производител Ауди.
Хулкенберг е член на тимот на Хас во тековната сезона, а неодамна беше објавено дека нема да ја продолжи соработката со американскиот тим.
„Хулк“ дебитираше во Формула 1 во 2010 година како возач на Вилијамс на Големата награда на Бахреин. Во меѓувреме освои една пол-позиција.
Во претходната сезона, Хулкенберг го заврши натпреварувањето на 16. место во генералниот пласман во Ф1 со девет бодови.
Спорт
(Видео) Кари е најдобар „клач“ игра во НБА
Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари ја доби наградата „Џери Вест“ која му се доделува на најдобриот играч на НБА лигата во решавачките моменти од натпреварите во регуларниот тек на сезоната.
Во НБА, последните пет минути од последната четвртина или продолжението кога еден од тимовите има најмногу пет поени предност е дефинирано како „период на одлука“.
Како што соопшти НБА, Кари победи со вкупно 298 поени, а зад себе ги остави Демар Дерозан (Чикаго) (272), Шеј Гилџис-Александер (Оклахома) (160) и Никола Јокиќ (Денвер) (85).
Тој во регуларниот дел постигна 189 поени, во решавачките моменти, Демар Дерозан 182, додека Гилџис-Александер постигна 112 поени.
Неговите Голден Стејт Вориорс не влегоа во плеј-офот, беа елиминирани од Сакраменто Кингс во првиот плеј-ин натпревар.
Кари оваа сезона имаше просек од 26,4 поени, 4,5 скока и пет асистенции по натпревар.