Спорт
Јамал бара ревизија на договорот
Ламин Jамал, најдобриот млад фудбалер на неодамна завршеното ЕП, од Барселона побарал зголемување на платата.
Јамал, кој постигна еден гол со четири асистенции за Шпанија на континенталниот шампионат, во иднина би можел значително да го оптовари буџетот на клубот од „Камп Ноу“.
Како што пренесува каталонски „Спорт“, неговиот агент Жорж Мендеш побарал одредени корекции во договорот.
Мендеш и неговиот тим сметаат дека платата која сега ја има Џамал не соодветствува со неговиот квалитет.
Младиот фудбалер на Барселона во моментов заработува 32.000 евра неделно, што значи дека има годишна плата од 1,7 милиони евра За споредба, Френки де Јонг заработува 700.000 евра неделно или 36,4 милиони по сезона.
Јамал има договор до 2026 година, но се верува дека клубот подготвил нов кој ќе важи до 2030 година.
Оттука, Мендеш му дал неколку рокови на клубот за да му ја зголеми платата на Јамал, односно неговата плата ќе расте од година во година.
Се верува дека Барселона ќе му ги исполни желбите, иако треба да се има предвид дека во Ла Лига има селери кап.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Баерн сака да ги задржи Мусијала и Кимих
Баерн Минхен во следните неколку дена ќе ги интензивира преговорите за продолжување на соработката со Џошуа Кимих и Џамал Мусијала.
Макс Еберле, спортскиот директор на Баварците, истакна дека и двајцата фудбалери се подеднакво важни за клубот и дека повеќекратниот европски шампион ќе направи се што е во нивна моќ да ги задржи и двајцата.
Поминувајќи низ школите на Саутемптон и Челзи, како и помладите репрезентативни селекции на Англија, 21-годишниот Мусиала дојде во Баерн во 2020 година и има договор до јуни 2026 година. Најчесто Мусиала се поврзува со Манчестер сити.
Осум години постариот Кимих е во Баерн од 2015 година кога го напушти Лајпциг, а последните две години се поврзува со Барселона.
Баерн со три победи во три натпревари ја отвори новата сезона во Бундеслигата, вечерва од 21 часот, во Минхен го игра натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Динамо Загреб.
Спорт
Баерн му забрани на Динамо да тренира: Можете само да се сликате…
Пред почетокот на новата сезона од Лигата на шампионите во новиот формат, се случи несекојдневна ситуација во Минхен, пред дуелот помеѓу Баерн и Динамо Загреб.
Челниците на баварскиот гигант им забранија на играчите на Динамо да тренираат на теренот каде вечерва од 21 часот ќе го одиграат натпреварот од првото коло во елитното натпреварување.
Причината е многу лошата состојба на теренот на „Алијанц арената“, кој датира од Европското првенство кое заврши пред два месеци.
Хрватските медиуми пренесуваат дека теренот е полн со дупки и прилично нерамен и затоа Баерн не дозволи гостите да тренираат на овој терен.
Баерн двапати ја менуваше подлогата од полуфиналето на ЕП на 10 јули, но тоа не помогна, бидејќи високите температури ја уништија тревата.
Затоа Динамо не тренираше во Минхен, туку тоа го направи во текот на денот во Загреб, а во вечерните часови во понеделник играчите можеа само да се фотографираат на стадионот.
Спорт
Менди го продолжи договорот со Реал
Фудбалерот на Реал Мадрид, Ферлан Менди постигна договор со клубот и ја продолжи соработката.
Договорот на Менди истекуваше следното лето, но челниците на клубот успеаја да го убедат да остане на „Сантијаго Бернабеу“ до 2027 година.
Менди во Реал пристигна пред пет години, му беше потребно време да се прилагоди, имаше проблеми со повреда, но успеа да се докаже и како што времето одминуваше стана еден од најважните дефанзивци во тимот на шпанскиот великан. На трансферот на менди пред пет години од Лион инсистираше тогашниот тренер на Реал, Зинедин Зидан.