Спорт
Jамал е убедливо највредниот фудбалер на сите времиња
Младиот ас на Барселона, Ламине Џамал, вреди дури 279,7 милиони евра, што претставува рекордна проценка. Откако „Фудбал Бенчмарк“ почна да собира податоци во септември 2018 година, ниту еден фудбалер немал поголема пазарна вредност од Ламин Јамал.
Оваа компанија редовно објавува анализи за пазарната вредност на играчите од водечките европски национални првенства. Досега, само четири фудбалери достигнале бројка поголема од 200 милиони евра. Првата листа од септември 2018 година ја предводеа Нејмар (233,55 милиони) и Лионел Меси (209,96 милиони).
Килијан Мбапе им се придружи во јануари 2019 година со вредност од 215 милиони евра.
По последното продолжување на договорот со Барселона, пазарната вредност на 18-годишниот напаѓач на Барселона скокна за дури 121,75 милиони евра – од 157,95 на рекордни 279,70 милиони евра.
Помеѓу 2018 година и денес, ниту еден играч не се приближил до оваа бројка.
Топ 10 највредни фудбалери
Ламин Јамал (Барселона) – 279,70 милиони евра (+121,75)
Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 236,90 милиони евра (+7,62)
Ерлинг Холанд (Манчестер Сити) – 182,60 милиони евра (−5,72)
Џуд Белингем (Реал Мадрид) – 179,70 милиони евра (−4,23)
Винисиус (Реал Мадрид) – 171,50 милиони евра (−14,69)
Букајо Сака (Арсенал) – 155,70 милиони евра (-5,72)
Џамал Мусиала (Баерн) – 154,10 милиони евра (+7,36)
Флоријан Вирц (Ливерпул) – 144,10 милиони евра (−4,16)
Педри (Барселона) – 131,80 милиони евра (+14,14)
Федерико Валверде (Реал Мадрид) – 127,00 милиони евра (+3,20)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

