Спорт
Јамал против Хрватска ќе стане најмладиот играч во историјата на Европските првенства
Шпанија и Хрватска ќе го третиот натпревар на Европското првенство во Германија.
Во реприза на ланското финале во Лигата на нации, ќе биде урнат еден рекорд.
Вундеркиндот на Барселона, Ламине Јамал, ќе биде во стартниот состав на Шпанија и ќе стане најмладиот играч во историјата на Европските првенства.
Јамал денес има 16 години и 338 дена.
Крилниот напаѓач ќе го собори три години стариот рекорд поставен на последното Европско првенство од Полјакот Кацпер Козловски. Тој на натпреварот Полска-Шпанија имаше 17 години и 246 дена.
Јамал помина низ академијата на Барселона, славната Ла Масија, дебитираше кај Чави и досега има 51 настап за Барселона, со уччинок од седум гола и десет асистенции.
Тој е е еден од најголемите таленти во светот, а со каталонскиот клуб има договор до летото 2026. „Трансфермаркт“, неговата вредност ја проценува на 90 милиони евра.
16 years and 338 days.
Lamine Yamal becomes the youngest player to 𝐞𝐯𝐞𝐫 appear at the men's Euros 🌟 pic.twitter.com/nY2bhx7BdB
— B/R Football (@brfootball) June 15, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Флорентино Перез сака да ги дознае плановите на Винисиус

Реал Мадрид ќе се врати на тренинзите во клупскиот камп во понеделник, но темата за Винисиус Јуниор (25) сè уште не ги напушта насловите страници. Проблемот со Винисиус лежи во несовпаѓањето помеѓу неговите зборови и постапки, според шпанските медиуми специјализирани за настаните во Реал. Имено, додека за време на турнејата во Соединетите Американски Држави јавно ја изрази својата желба да остане во клубот долгорочно, неговото однесување сугерира спротивно, според шпанските новинари.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез, планира лично да се појави во клупскиот камп во Валдебебас следната недела, каде што, покрај посетата на тимот, ќе разговара и со Винисиус, објавува „Дефенса Централ“.
Причината е информацијата што протече во јавноста во последните недели, а се однесува на наводната желба на Бразилецот да има иста или поголема плата од Килијан Мбапе.
„Перез, познат по блискиот однос со Винисиус, сака да има искрен, личен разговор лице в лице со играчот за да дознае од прва рака што всушност планира и како ја гледа својата иднина“, пишува „Дефенса Централ“.
Според истиот извор, претседателот верува дека Винисиус грешил с тајмингот кога ги испорачал барањата.
Неговата моментална форма е далеку од онаа што го стави во конкуренција за Златната топка. Затоа Перез планира да го советува прво да го подигне нивото на својата игра на препознатливо ниво, а дури потоа повторно да седне на маса и да разговара за евентуално продолжување на договорот што трае до јуни 2027 година.
Спорт
Рафиња за Нико Вилијамс: Мислам дека е подобро што не дојде

Нико Вилијамс беше блиску до договор со Барселона на почетокот на летото, но на крајот се предомисли и одлучи да остане во Билбао. За пропаднатиот трансфер зборуваше и Рафиња, кој немаше пофални зборови за постапката на Вилијамс.
Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао во два преодни рока ја извиси Барселона. Лани имаше преговори меѓу двете страни, но потоа Вилијамс одлучи да остане уште една сезона во Билбао. На шпочетокот на ова лето преговорите беа интензивни, Барселона
закажа медицински прегледи, но одеднаш се случи нов пресврт.
Вилијамс повторно се предомисли и ја извести Барселона дека решил да ја продолжи соработката со Билбао. Овој потег ги изненади челниците на Барселона, кои беа шокирани од фактот дека Вилијамс повторно ги изигра.
За неуспешниот трансфер зборуваше и Рафиња, кого новинарите го прашаа за целата ситуација, а Бразилецот не го поштеди младиот човек од Билбао.
„Бев смирен во текот на целата ситуација. Играчите кои сакаат да дојдат во Барселона мора да се борат за овој клуб. За мене, најважно е што имаме луѓе во тимот кои навистина сакаат да бидат тука“, рече Рафиња и додаде:
„Оние кои не сакаат да бидат тука, подобро е воопшто да не дојдат. Добрата работа е што имаме млади таленти кои сакаат да бидат во овој тим и да го носат дресот на Барселона. Оние кои не сакаат, подобро е да не дојдат. Затоа мислам дека е подобро што тој не дојде“.
Спорт
Калум Вилсон во Вест Хем

Калум Вилсон ќе го носи дресот на Вест Хем следната сезона. Вилсон се согласи на едногодишен договор со „Чеканите“.
Вислон е слободен агент од крајот на претходната сезона и завршувањето на неговата соработка со Њукасл.
Вилсон одигра 130 натпревари за Њукасл и постигна 49 гола, но клубот и играчот не успеаја да се договорат за продолжување на соработката во сезоната 2024/25.
Триесет и тригодишникот одигра само 25 натпревари, само на два беше стартер.
Според Би-Би-Си, Вилсон имал неколку интересни понуди и од Премиер лигата и од МЛС, но конечната одлука била да се пресели во Вест Хем.