Спорт
Јанис броеше до 44, Бакс победи во Бруклин – Дерозан со 50 поени им пресуди на Клиперси
Пет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА-лигата. Во два натпревара се играа продолженија. Ноќта ја обележа рекордот на Јанис Адетокумбо и новиот пораз на ЛА Лејкерс.
Актуелниот шампион, Милвоки Бакс, во продолжението забележа победа во Бруклин. Бакс славеше со 120:119. Јанис Адетокумбо натпреварот го заврши со 44 поени, 14 скока и шест асистенции. Грчкиот репрезентативец на овој меч стана најдобриот стрелец во историјата на франшизата. На првото место на вечната луста тој го мина легендарниот Карим Абдул-Џабар.
Милвоки е втор на Истокот, има победа и натпревар помалку од Мајами Хит. Бруклин заедно со Шарлот и Атланта ја дели осмата позиција, трите тима имаат скор 40-37.
Атлната против Кливленд ја забележа 40. победа во сезоната. Хокс го декласира противникот со 131:107.
Чикаго и ЛА Клиперси играа продолженија. Булс победи со 135:130. Блескаше Демар Дерозан со 50 поени. Тој е 14. играч од почетокот на сезоната што успеал да постигне 50 или повеќе поени на еден натпревар. Никола Вучевиќ забележа дабл-дабл од 22 поени и 14 скока, а Зек Лавин уфрли 21 поен. Клиперси ги предводеше Реџи Џексон со 34 поени.
Јута немаше проблем со ЛА Лејкерси. Поразот од 122:109 е четврти за Лејекрис на последните пет натпревари. Извесно е дека ЛА Лејкерс нема да игра во плејофот оваа сезона. „Езерџиите“ се наоѓаат на 11. место на Западот.
Од почетокот на февруари Лејекрси имаат скор од четири победи и 14 порзи.
Јута до победата ја предводеа Донован Мичел со 29 и Руди Гобер со 27 поени и 17 скока.
Филделфија се откажа од борбата за првото место на Истокот кога неочекувано загуби кај претпоследниот тим во својата конференција, Детроит Пистонс. Детроит славеше против Филаделфија со 102:94.
Садик Беј 10 од своите 20 поени постигна во последните пет минути и заедно со Кејд Канингем (27 поени) беше најзаслужен за победата на Детроит.
Кај Филаделфија се истакна Џоел Ембидд со 37 поени 15 скока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

