Спорт
Јанис и Милвоки победија против Ембид и Филаделфија
Кошаркарите на Милвоки Бакс, славеа победа во дербито на Источната конференција, против Филаделфија 124:117. Дуелот го обележа дуелот на најголемите ѕвезди на двата тима, Јанис Адетокумбо и Џоел Ембид. Гркот на крајот и поентерски го надигра Камерунецот.
Милвоки во првите три четвртини го решија прашањето околу конечниот победник. Во последната четвртина, Бакс, влегоа со предност од 21 поен, Севентисиксерски до крајот изборија пристоен пораз.
Адетокумбо ги предводеше Бакс со 27 поени, 16 скокови и шест асистенции. Двоцифрени кај Бакс беа уште Крис Мидлтон (24 поени), Боби Портис (23) и Брук Лопез (16).
На спротивната страна Ембид постигна 24 поени, Шејк Милтон 20, а Тбајас Херис 18 поени.
Во Источната конференција, до крајот на регуларниот дел од сезоната три тима ќе се борат за првото место, Бруклин и Филаделфија имаат скор 39 победи и 20 порази, а Милвоки се на 36 победи и 22 порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Миовски: Убаво е чувството кога одново сме заедно
Izvor/ ffm.mk
Македонската репрезентација го оддржа вториот тренинг во турска Анталија како подготовка за контролните натпревари против Молдавија и Црна Гора. Репрезентацијата денеска ќе биде во комплетен состав со приклучувањето доцна попладне на Бојан Димоски.
Напаѓачот на Абердин, смета дека овој период е одличен за подготовка на тимот и се надева на позитивни резултати против Молдавија и Црна Гора.
„Секогаш е одлично чувството кога одново сме во репрезентативниот дрес. Убаво е да се видиме после подолг временски период и гледаме позитивно на натпреварите кои ни следуваат“, изјави Миовски за интернет страницата на ФФМ и дополни.
„Доколку целта е да играме на големо натпреварување треба да играме со одлични репрезентации и на контролни натпревари. Молдавија и Црна Гора, а потоа и Хрватска во јуни се одличен тест за нас, треба да дадеме се од себе, да ги слушаме насоките на селекторот, да се фокусираме на стратегијата и се разбира, да се воигруваме за следниот циклус“.
Спорт
Покетино: Луѓето треба да разберат дека градиме нов Челзи
Челзи сезонава игра со многу осцилации, тимот не блеска во Премиер лигата, но сезонава добро игра во куповите.
Со оваа констатација се согласува и тренерот на тимот, Маурисио Покетино.
Сезонава Челзи играше во финалето на Лига купот кое го загуби од Ливерпул, а дојде и до полуфиналето на ФА Купот.
Таму на „Вембли“ го очекува спектакл против Манчестер Сити.
Покетино истакна дека Челзи се уште е во реконструкција и дека сите треба повеќе да уживаат и веруваат во она што се случува на „Стемфорд Бриџ“.
„Луѓето треба да разберат дека градиме нов Челзи. Нов изглед, тука сме само девет месеци. А веќе двапати одиме на „Вембли“ во две натпреварувања. Треба да уживаме и да веруваме повеќе“, рече Покетино. .
Челзи ќе има тешка задача за да го освои трофејот во ФА Купот. „Сините3, во полуфиналето ќе се сретнат со Манчестер сити.
Спорт
Фенербахче размислува да се повлече од турскиот шампионат
Челниците на Фенербахче најавија дека размислуваат да ја напуштат турската лига по инцидентите на натпреварот со Трабзон.
Фудбалерите на Фенербахче беа нападнати на теренот од хулигани од Трабзон, по натпреварот во кој победија со 3:2.
Беа удирени неколку фудбалери, а најлошо мина голманот Ливаковиќ кого еден од хулиганите го удри во глава од зад грб.
Во Фенер свикаа клупско собрание за 2. април поради случувањата во Трабзон, а еден од предлозите е турскиот великан да го напушти домашното натпреварување.
Фенербахче по 30 кола е втор на табелата со 79 бодови, два помалку од водечкиот Галатасарај.
Поради инцидентите на крајот од натпреварот во Трабзон во понеделникот беа уапсени 12 лица, а инцидентите ги осуди и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.