Спорт
Јанис: Леброн е вонземјанин!
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/35yetwgrfedwa.jpg)
Официјално најдобриот кошаркар во НБА лигата, Јанис Адетокумбо изјави дека „Леброн Џејмс е вонземјанин“ и дека му дава инспирација од година во година.
„Кралот“ Џејмс за неколку дена ќе наполни 35 години, но тоа не го спречува да прикажува одлични игри сезонава и да биде предводник на „езерџиите“ во поход кон нова титула.
„Лудо е. Една од моите цели е во наредните 10 години да играм на врвно ниво. Тој игра толку паметно. Ненормално е некој тоа да го прави, така да се движи. Но тоа е Леброн Џејмс, тој е поинаков, тој е вонземјанин. Очекувајте го тоа од него“ – изјави Адетокумбо.
Токму вечерва е дуелот меѓу моментно двете најдобри екипи во НБА сезонава, во 2 часот по средноевропско време во Висконсин.
Инаку Леброн ја игра својата 17. сезона, а Лејкерси и Бакси се на врвот, имаат скор од 24 победи и 4 порази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Gjqgo9uXQAAXKL7.jpg)
Актуелниот шампион во конструктори, Мекларен, денеска го претстави новиот болид со кој ќе се натпреварува во Формула 1 оваа сезона.
Мекларен го претстави болидот „MCL39“ на Силверстоун, а возачите Ландо Норис и Оскар Пјастри возеа заедно 200 километри колку што е дозволено според правилата, објави „Скај Спорт“.
Мекларен претстави болид со алтернативен геометриски дизајн на маската во црна и папаја боја, бидејќи сите тимови се обврзани да ги претстават своите болиди заедно на специјален настан по повод 75-годишнината од Формула 1 во Лондон следниот вторник.
In the wild ⚡️#McLaren #F1 pic.twitter.com/LEXMrKWiaK
— McLaren (@McLarenF1) February 13, 2025
Британскиот тим ја освои титулата кај конструкторите минатата сезона, прва по 26 години, откако ја намали разликата зад Ферари и Ред Бул.
It's all in the details 🔎 pic.twitter.com/ZHIeFyau95
— McLaren (@McLarenF1) February 13, 2025
Официјалните предсезонски тестирања ќе се одржат во Бахреин, од 26 до 28 февруари.
Новата сезона во Формула 1 започнува на 16-ти март со Големата награда на Австралија.
Спорт
Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12817915.jpg)
Италијанката Федерика Брињоне (34) стана најстарата светска шампионка во историјата.
Брињоне го освои златото во велеслалом на Светското првенство во Заалбах, Австрија со време од 2:22,71 минути.
„Долго сонував за овој момент, секогаш завршував на второто место. Ова е најдобриот ден во мојот живот, полека доаѓам на себе, се обидувам да се смирам”, изјави светската првенка.
Италијанската ја растури конкуренцијата во велеслалом, само шест натпреварувачки заостанаа помалку од три секунди од победникот.
Сребрениот медал и припадна на Алис Робинсон од Нов Зеланд, таа имаше за 90 стотинки послаб резултат од Брињоне. Третопласираната Пола Молцан од САД заостануваше 2,62 секунди зад Италијанката.
Спорт
Премиер лигата експресно го казни Слот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/65599474-a7a8-4d3e-a283-9ac92d8b6545.jpg)
Англиската Премиер лига експресно го казни менаџерот на актуелниот лидер во лигата Ливерпул, Арне Слот (46).
Холанѓанецот синоќа доби црвен картон по завршвањето на дербито со Евертон, а попладнево дозна дека нема да може да го води тимот во наредните два натпревари.
Судијата на натпреварот Мајкл Оливер му покажа црвен картон на Слот поради „агресивен, навредлив и погрден јазик“.
Слот ќе ги пропушти натпреварите против Вулверхемптон и Астон Вила.
Ова беше второ исклучување за Слот оваа сезона, тој исто така доби црвен картон против Фулам. Тогаш беше суспендиран од еден натпревар.
Инаку, синоќа заедно со Слот исклучен беше и неговиот помошник Сипке Хулшоф.