Спорт
Јокиќ со нов трипл-дабл испиша историја

Кошаркарите на Денвер остварија многу важен триумф во борбата за плеј-офот – на домашен терен беа подобри од директниот конкурент Мемфис (117:109).
Пред крајот на колото Нагетс имаат скор 49-32, го држат четвртото место на Западот, додека Гризлис се осми со учинок 47-34.
Никола Јокиќ одигра уште една одлична партија, остварувајќи трипл-дабл – 26 поени, 16 скока, 13 асистенции и две украдени топки.
На теренот мина 41 минута, шутираше 11/19 од поле, не се обиде многу тројки (1/2), додека од белата линија имаше 3/7.
Јокиќ успеа да оствари сезонски трипл-дабл, да забележи просечен двоцифрен учинок кога се во прашање поени, скокови и асистенции.
Интересно, најефикасен не беше тој, туку Арон Гордон со 33 поени и пет скока. Џамал Мареј додаде 15, со седум асистенции и пет скока, Расел Вестбрук 14, а Кристијан Браун 12 поени, со пет асистенции.
На другата страна се истакна Дезмонд Бејн со 24 поени и шест скока, Џа Морен постигна 21 со шест асистенции, а Џерен Џексон постигна 18 поени.
Денвер не го започна баш најдобро натпреварот, имаше двоцифрена негатива во раната фаза, а до самиот крај не успеа да поведе.
Потоа следеше фантастична серија од 11:0 со која Нагетс го прекинаа натпреварот и на крајот ја однесоа победата.
Во последното коло Денвер му гостува на Хјустон, додека Мемфис го пречекува Далас. Двата натпревари се закажани за в недела од 21:30 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ленгле како слободен играч потпиша со Атлетико

Францускиот фудбалер Клеман Ленгле потпиша договор со Атлетико Мадрид до јуни 2028 година.
Ленгле беше член на Барселона, а минатата сезона ја помина на позајмица во Атлетико.
Францускиот фудбалер го раскина договорот со Барселона порано денес, а потоа потпиша тригодишен договор со Атлетико Мадрид како слободен агент. Минатата сезона, Ленгл одигра 34 натпревари за мадридскиот клуб и постигна три гола.
Покрај Барселона и Атлетико, дефанзивецот играше и за Астон Вила, Тотенхем, Севиља и Нанси.
Спорт
Киву го презеде Интер

Романскиот фудбалски стручњак Кристијан Киву (44) е назначен за нов тренер на Интер од Милано.
Киву потпиша договор со тимот од „Џузепе Меаца“ до 30 јуни 2027 година.
Тој го наследи Симоне Инзаги на клупата на вицешампионите на Европа и Италија. Инзаги минатата недела поднесе оставка и замина во Ал Хилал.
Киву поднесе оставка од тренерската позиција на Парма пред да биде назначен во Милано.
Романецот беше тренер на младинските категории на Интер од 2018 до 2024 година, а како играч беше член на клубот од Милано од 2007 до 2014 година.
Спорт
Започна чистката на „Олд Трафорд“, први на удар ветераните

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (33), шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф (30) и поранешниот репрезентативец на Северна Ирска Џони Еванс (37) ќе го напуштат Манчестер Јунајтед на 30 јуни, објави англискиот клуб.
Во соопштението се наведува дека договорите на тројцата фудбалери со Манчестер Јунајтед истекуваат на 30 јуни и дека англискиот тим не смета на нив следната сезона, бидејќи клубот од „Олд Трафорд“ одлучил да не ја продолжи соработката со Ериксен, Еванс и Линделоф.
Еванс беше член на Манчестер Јунајтед од 2006 до 2015 година, а се врати во клубот од „Олд Трафорд“ во 2023 година. Ирецот и претходно објави дека ќе се пензионира.
Ериксен пристигна во Манчестер Јунајтед во 2022 година, додека Линделоф е член на „Црвените ѓаволи“ од 2017 година.