Спорт
Јокиќ го блокира Вилијамсон за нова победа на Денвер

На крилјата на Никола Јокиќ кошаркарите на Денвер Нагетс во драматичен натпревар забележаа победа над Њу Орлеанс Пеликанс 114:112. Јокиќ одигра на МВП-ниво, беше најефикасен во својот тим и на три секунди до крајот ја имаше клучната блокада над Зајон Вилијамсон.
Пеликанс беше на чекор до сензационален пресврт против Нагетс. Во последните 45 секунди Пеликанс влезе со минус од девет поени, меѓутоа Брендон Инграм Вилијамсон и грешките на Нагетс ги вратија во натпреварот.
Во последниот напад Пеликанс влезе со минус од два поена, а Јокиќ со силна блокада го спречи Вилијамс да избори продолженија.
Јокиќ натпреварот го заврши со 32 поени, седум скока, осум асистенции, три украдени топки и три блокади. Србинот поддршка доби од Мајкл Портер Јуниор (28 поени, осум скока) и од Факундо Кампацо (19 поени, 10 асистенции).
Кај Пеликанс се истакнаа Вилијамсон со 27 и Инграм со 21 поен.
Покрај Јокиќ, одлични натпревари за своите тимови одиграа и другите кошаркари од просторите на поранешна Југославија.
Бојан Богдановиќ, беше најефикасен во тимот на Јута со 24 поени во импресивната победа на Џезерите над Сакраменто 154:105.
Јусуф Нуркиќ забележа 15 поени и девет скока во победата на Портланд во Мемфис 130:109.
Чикаго запишаа пораз во Њујорк 94:113. Никола Вучевиќ го предводеше Чикаго со 26 поени и 18 скока.
Богдан Богдановиќ поради повреда не играше за Атланта против Филалделфија (87:123).
Резлтати:
Кливленд-Орландо 104:109
Филалделфија-Атланта 127:83
Бостон-Шарлот 120:111
Њујорк-Чикаго 113:94
Вашингтон-ЛА Лејкерс 116:107
Мајами-Сан Антонио 116:111
Денвер-Њу Орлеанс 114.112
Мамфис-Портланд 109:130
Финикс-ЛА Клиперс 109:101
Сакраменто-Јута 105:154
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафиња ја „крена“ Барса над Севилја, сега имаат 8 поени предност!

Барселона полека станува главен фаворит за титулата во шпанската Ла лига, откако го искористија денешниот „кикс“ на Реал Мадрид и поразот од 1:0 од Мајорка, за да стигнат до убедлива 3:0 победа над Севилја и да се одвојат на осум поени од лутите ривали на врвот на табелата.
Мечот на „Ноу Камп“ не започна најдобро за Чави Ернандез, кога по само осум минути игра, Серхио Бускетс мораше да излезе од игра поради повреда. Севилја, со серија од две победи под водство на Хорхе Сампаоли беше израмнет противник во првото полувреме, пред да им се случи „колапс“ во вторите 45 минути.
Ветеранот Жорди Алба во 58. минута успеа да го совлада Боно со убав удар, за потоа на сцена да стапи Рафиња. Бразилецот прво му асистираше на Гави во 70. минута, за девет минути подоцна да зголеми на 3:0.
Со победата, Барса има 53 поени на првото место на табелата, пред Мадрид со 45, додека Реал Сосиедад се трети со 39 поени. Севилја остануваат 16-ти со 21 поен, два над зоната за испаѓање.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-42409”));
Спорт
Интер ја зголеми мизеријата на градскиот ривал

Интер стигна до минимална, но апсолутно заслужена 1:0 победа над Милан во ново издание на „Дерби дела мадонина“, во кое се покажа дека „нераѕурите“ остануваат најсериозен ривал на лидерот Наполи, додека за кризата во „црвено-црниот“ дел од Милано засега нема решение.
„Крвник“ на Милан повторно беше Лаутаро Мартинез, кој во 34. минута по корнерот на поранешниот играч на Милан, Хакан Чалханоглу го отвори резултатот. Ова беше дури седми гол кој Мартинез го постигнал на градските ривали, со што стана вториот најдобар стрелец за Интер во „Дерби дела мадонина“ по Стефано Најерс, кој има постигнато 11 гола.
Иако овој резултат остана до крајот, тимот на Симоне Инзаги беше апсолутно доминантен во мечот со Милан, доминирајќи со над 60 отсто посед на топката и со 16 обиди кон голот на Татарушану. Лаутаро уште еднаш ја затресе мрежата на Милан во 90. минута, но овојпат голот беше поништен поради офсајд.
Интер остануваат втори на табелата со 43 поени, дури 13 зад Наполи, додека Милан, за кои ова е трет пораз во низа во Серија А, по понижувачките 2:5 од Сасуоло и 0:4 од Лацио, се шести со 38 поени.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-42415”));
Спорт
Гвардиола со неверојатен изговор: Долг е патот од Манчестер до Лондон!

Пеп Гвардиола има уникатно објаснување за поразот на неговите Манчестер сити од Тотенхем од 1:0, тврдејќи дека патот од Манчестер до Лондон бил пренапорен да се помине со воз.
Со ова се комплетираше неверојатната статистика – Гвардиола пет пати со Сити го посетил новиот стадион на Тотенхем и пет пати си заминувал како губитник, а неговиот тим во петте меча не постигнал гол.
„Да се дојде од Манчестер до Лондон, тоа е како да патуваш до северна Европа. Се работи за 4 часа и 20 минути, четири и пол часа да стигнеш до хотелот. Верувајате, тоа е исцрпувачки. Жал ми е, но така е“, изјави бизарно Гвардиола.