Спорт
Јокиќ го предводеше Денвер до нов триумф
Никола Јокиќ одигра уште еден фантастичен меч во НБА лигата, а малку недостигаше и физички да се пресмета со ривалите. Српскиот центар го предводеше Денвер до победа над Мемфис од 113:97 и имаше 18 поени, 18 скока и 10 асистенции што за него е 25. трипл-дабл сезонава.
Јокиќ влезе и во клинч со Дилон Брукс. Кошаркарот на Мемфис во еден момент го повлече Јокиќ за рака, при што Србинот реагираше Јокиќ, а судиите им дадолија технички грешки.
Nikola Jokic and Dillon Brooks exchange words 😳
Double techs were issued.pic.twitter.com/eBPf35xI8y
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) March 4, 2023
Бостон Селтикс неочекувано загуби дома со 105:115 од Бруклин Нетс. Микал Бриџис со 38 поени бепе лидер кај гостите, а Џејлен Браун уфрли 35 за составот на Бостон.
Голден Стејт Вориорс славеа против Њу Орлеанс Пеликанс со 108:99. Клеј Томпсон во победничкиот тим беше стрелец на 27 поени.
Резултати НБА: Шарлот – Орландо 106:117, Атланта – Портланд 129:111, Бостон – Бруклин 105:115, Чикаго – Феникс 104:125, Мајами – Њујорк 120:122, Оклахома – Јута 130:103, Денвер – Мемфис 113:97, Голден Стејт – Њу Орлеанс 108:99, Сакраменто – ЛА Клиперс 128:127, ЛА лејкерс – Минесота 102:110.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Наполи најде уште едно засилување во Манчестер Јунајтед
По Скот Мектомини и Расмус Хојлунд, Наполи се подготвува да „посвои“ уште еден ретко користен играч на Манчестер Јунајтед. Станува збор за Коби Мајну, 20-годишникот роден во Стокпот, предградие на Манчестер.
Мејну е продукт на клупската кадемија, но во последните 18 месеци речиси и да не добива шанса од менаџерот Рубен Аморим и логично е дека размислува за заминување.
Португалецот се обиде да објасни дека причината е што игра на истата позиција со Бруно Фернандеш и дека не гледа како двајцата можат да бидат на теренот.
Добро информираниот италијански фудбалски „инсајдер“, Николо Скира, тврди дека луѓето од Наполи се во сериозни преговори со менаџерот на младиот Англичанец и дека е планирана позајмица во јануари, а потоа, како во случајот на Хојлунд, потенцијален откуп на договорот на крајот од сезоната.
Наполи има право да го откупи договорот на Хојлунд за 50 милиони евра во јуни 2026 година, што ќе го сторат според најавите.
Foto/ depositphotos
Спорт
Во Барселона се откажале од Влаховиќ, Србинот се договорил со Милан
Душан Влаховиќ беше цел на Барселона, но повеќе не, а сега ги договори сите лични услови со – Милан!
Ова го тврди каталонскиот „Спорт“, кој откри дека Барселона го следела развојот на ситуацијата во Јувентус, како и дека Влаховиќ бил потенцијална замена за Роберт Левандовски, најмногу поради фактот дека тој ќе стане слободен играч следното лето.
„Спорт“, истакнува дека Каталонците се откажале од неговиот трансфер поради фактот што тој доживеал сериозна повреда поради која ќе мора да паузира три месеци, но и затоа што бил неубедлив пред повредата.
Исто така проблем за Барселона била и платата што ја има Србинот. Влаховиќ од Јувентус, на годишно ниво добива нето плата од 12 милиони евра.
Во исто време, „Спорт“ тврди дека Влаховиќ од претходно водел интензивни преговори со Милан и дека кариерата ќе ја продолжи таму.
Кристофер Енкунку и Сантијаго Хименез не играат добро, не се по вкуст на Масимилијано Алегри, кој добро го познава Влаховиќ од периодот кога работеа заедно во Јувентус.
Влаховиќ, веројатно нема да потпише нов договор со Јувентус, што значи дека од 1 јануари, има право да потпише прелиминарен договор со друг клуб.
Foto/ depositphotos
Спорт
Колапс во Фиорентина, играчите испратени во карантин
Фиорентина доживува еден од најтешките моменти во својата историја, а атмосферата во клубот е на работ на експлозија. „Виола“, по 15 натпревари се уште нема победа во Серија А. Со шест бода, Фиорентина се наоѓа на последното место на табелата.
Фиорентина, во неделата, доживеа пораз од Верона на домашен терен (1:2). По деветтиот пораз во сезоната, клупските челници презеде драстични мерки кои јасно укажуваат дека ситуацијата е алармантна.
Како што пишува „Газета дело Спорт“, клубот воведе целосен медиумски молк и го испрати тимот во карантин, во „Виола Парк“.
Нема изјави, нема обраќања, нема објаснувања за навивачите. Фудбалерите биле префрлени од стадионот во тренинг центарот веднаш по натпреварот со Верона, во придружба на полицијата.
Полицијата мораше да реагира поради страв од можни инциденти, иако немаше поголеми немири. Сепак, гневот на навивачите беше гласен и јасен.
Незадоволството беше видливо на стадионот „Артемио Франки“, по поразот од Верона. Свирежи, навреди и скандирања ги следеа играчите кои останаа на теренот со наведнати глави.
Тимот ќе остане во карантин до понатамошно известување, а многу е можно карантинот да продолжи и во наредните денови. Во среда е планирано патување во Лозана, каде што Фиорентина ја чека последниот натпревар од групната фаза на Конференциската лига.
Исто така, по серијата лоши резултати, неизвесна е и судбината на тренерот Паоло Ваноли, кој пред еден месец дојде на местото на Стефано Пиоли.
Италијанските медиуми не ја исклучуваат можноста, клубот во јануари да преземе радикални мерки, а тоа значи отпуштање не само на тренерот, туку и неколку фудбалери.
Foto/ depositphotos

