Спорт
Јокиќ го растури Хјустон, Портланд ги победи Лејкерси

Пет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, во кои блескаа кошаркарите од просторите на поранешна Југославија, Богдан и Бојан Богдановиќ, односно Никола Јокиќ и Јусуф Нуркиќ.
Репрезентативецот на БиХ, Нуркиќ, со шест поени и три сока, во финишот на мечот им помогна на Портланд да слават во Лос Анџелес, кај Лејкерс со 115:107. Нуркиќ натпреварот го заврши со 10 поени, 12 скока и три асистенции. Порталнд го предводеше Демијан Лилард со 31 поен, два поени помалку на спротивната страна постигна најефикасниот играч на Лејкерс, Леброн Џејмс.
Јута Џез забележаа минимален триумф во Оклахома 110:109. Донован Мичел погоди за победа на Јута на седум секунди до крајот на натпреварот. Најефикасен играч на џезерите беше Бојан Богдановиќ со 23 поени.
Атланта Хокс ја запишаа третата победа во сезоната. Хокс ги поразија Детроит Пистонс со 128:120. Богдан Богдановиќ натпреварот го заврши со 17 поени и по пет скока и асистенции. Најефикасен во редовите на Атланта беше Тре Јанг со 29 поени.
Денвер Нагетс, во третиот меч сезонава ја забележаа првата победа. На крилјата на Никола Јокиќ, екипата од Колорадо, го победи Хјустон 124:111. Јокиќ стигна до вториот трипл-дабл сезонава (19 поени, 18 асистенции, 12 скока, 3 блокади). Српскиот репрезентативец стана првиот центар по Вилт Чембрлен во 1986 година, кој забележал најмалку 18 асистенции на еден натпревар. Џејмс Харден со 34 поени се истакна во редовите на Хјустон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Домашен
Дебакл во Каиро – Македонија на минус 19 против Египет

Македонската ракометна репрезентација доживеа уште еден тежок пораз на 27 Светско првенство. По поразот од Шведска, во четвртокот (32:20), вечерва домаќинот Египет ја декласира Македонија со 38:19 (20:6). Поразот од Египет е најтешкиот за Македонија во седмото учество на светските првенства.
Двата одиграни натпревари на Светското првенство го поставуваат прашањето дали Македонија воопшто требаше да ја прифати понудата и како прва резерва да отпатува во Египет.
Со Шведска избраниците на Данило Брестовац се држеа во првите 15 минути, со Египет се предадоа од самиот почетокот.
По 10.минути игра Египќаните водеа со 7:3, а четири минути подоцна резултатот беше 10:3. Данило Брестовац потоа побара минута одмор, по што Македонија постигна три гола и тоа беше се што го покажаа на овој натпревар.
При резултат 10:6 во 18.минута, судијките од Франција, сестрите Бонавентура, му покажаа црвен картон на Кузмановски.
Од тој момент Египет повторно се врати во ритам и до крајот на полувремето го наполни голот на македонската репрезентација.
Во 26.минута, Египет создаде двоцифрена предност 16:6, а првиот дел „фараоните“ го завршија со 14 гола повеќе од противниците (20:6).
Вториот дел наликуваше на тренинг меч, Македонија до двоцифрен број на голови дојде во 40 минута, а во истата минута Египет имаше плус од 20 голови (30:10).
Махмуд со осум гола го предводеше Египет, кај Македонија Лазаров, Марковски и Пешевски постигнаа по три гола. Единствена светла точка во редовите на македонската селекција беше голманот Томовски со осум одбрани.
Египет со оваа победа избори пласман во втората фаза.
Спорт
Брајтон победија во Лидс, Алиоски играше 66.минути

Фудбалерите на Брајтон и Вест Хем забележаа минимални победи во натпреварите од 19.коло во Премиер лигата. Брајтон победи во Лидс, а Вест Хем го совладаа Барнли.
Брајтон одиграа одлично прво полувреме во Лидс, создадоа две добри шанси за гол, искористија една. Голот за победа го постигна Мапеј во 19.минута, напаѓачот на Брајтон ја заврши одличната тимска акција.
Пет минути подоцна Тросар ја погоди гредата од голот кој го бранеше Кико Касиља.
Македонскиот репрезентативец Алиоски на овој меч играше до 66.минута.
Еден гол го реши и дуелот во Лондон, помеѓу Вест Хем и Барнли. Стрелец на голот беше повратникот во тимот на Вест Хем, Антонио во деветтата минута.
Спорт
Ројс промаши пенал, Мајнц освоија бод во Дортмунд

Само Вердер успеа да забележи победа во првите пет натпревари што се одиграа попладнево во рамките на 16.коло, во Бундеслигата.
Вердер го победија Аугсбург со 2:0, со головите што ги постигнаа во самиот финиш на натпреварот. Првиот гол го постигна Гебре Селасие во 84., а конечниот резултат во 87.минута го постави Агу.
Во дербито, Волфсбург и Лајпциг одиграа 2:2. Лајпциг беа подобриот тим на теренот, но не успеаја да победат. Водеа гостите од петтата минута со голот на Мукиеле, а до крајот на првиот дел Волфсбург направија пресврт со головите Вегхорст и Штефен. Конечниот резултат го постави Орбан во 54.минута.
Борусија, во Дортмунд, доживеа уште едно непријатно изненадување. Давеникот Мајнц освои еден бод, откако водеше со голот на Озтунали во 57.минута. Бод за Дортмунд донесе Мение во 73.минута. Три минути подоцна Марко Ројс не реализира пенал.
Без голови завршија натпреварите Келн-Херта и Хофенхајм-Арминија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира