Спорт
Јокиќ и Денвер испаднаа од плејофот, Милвоки го елиминира Чикаго
Кошаркарите на Голден стејт Вориорс и Милвоки Бакс ги минаа првите пречки во плејофот. Со идентични 4:1 Вориорс и Бакс ги добија сериите против Денвер Нагетс, односно Чикаго Булс.
Вориорс петтиот меч против Нагетс го доби со 102:98. Нагетс имаше 10 поени предност во третиот период, но проблемите за нив почнаа кога Никола Јокиќ ја доби четвртата лична грешка.
Во последниот период предводени од Стеф Кари и Гери Пејтон, Вориорс ја стигна предноста на Денвер од осум поени и триумфираа.
Јокиќ мечот го заврши со 30 поени, 19 скока и осум асистенции. Ист број поени за Вориорс постигна Кари.
Вориорс во полуфиналето ќе игрт против победникот од серијата помеѓу Мемфис и Минесота.
Милвоки Бакс со 116:100 го победи Чикаго во петтиот меч. Бакс доминира во текот на целиот натпревар, во еден момент имаше предност од 29 поени.
Јанис Адетокумбо го предводеше Бакс со 33 поени и девет скока. Кај Чикаго се истакна Никола Вучевиќ со 19 поени, 16 скока и шест асистенции.
Во полуфиналето Бакс ќе игра против Бостон Селтикс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
29 фудбалери приведени во Турција за местење натпревари
Турските власти, во петокот наредија апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широка истрага за местење натпревари, објави обвинителството во Истанбул.
Меѓу уапсените е и Метехан Балтаџи, играч на Галатасарај, актуелниот трикратен шампион на Турција, а обвинителството не ги откри идентитетите на другите 26 фудбалери. Мерт Хакан Јандаш, играч на Фенербахче, уште еден голем клуб од Истанбул, е осомничен за обложување на разни натпревари преку трето лице.
Обвинителите, открија дека досега се уапсени 35 од 46 барани лица, исто така наредиле апсење на претседателите на два клуба осомничени за „обид да влијаат на исходот“ од натпревар меѓу нив во третата лига во сезоната 2023/2024.
Истрагата на обвинителството во Истанбул, која го тресе турскиот фудбал, веќе доведе до притворање на шест судии и претседателот на Ејупспор, клуб од првата лига, на почетокот на ноември.
Турската фудбалска федерација (ТФФ), која тврди дека сака да го „исчисти“ турскиот фудбал, суспендираше речиси 150 судии неколку дена претходно откако беа прогласени за виновни за обложување на натпревари.
Дваесет и пет играчи во првата лига и речиси 1.000 други кои играат во втората, третата и четвртата дивизија, исто така, добија суспензии до дванаесет месеци во ноември.
Foto/ EPA На фотографијата: Метехан Балтачи (Галатасарај)
Спорт
Влаховиќ успешно опериран, ќе паузира 14 недели
Душан Влаховиќ е успешно опериран во Лондон по повредата на левата аддукторна тетива, потврди Јувентус. Според првичните проценки, напаѓачот ќе биде надвор од терените најмалку 14 недели, што значи дека се очекува да се врати дури во март 2026 година.
Српскиот ас ја претрпе повредата за време на победата на Јувентус над Каљари во Серија А, по што веднаш отпатува во Лондон на консултација со стручњак. Операцијата, која ја извршија проф. Ернест Шилдс и Ровена Џонсон во присуство на клупскиот доктор Марко Фрески, беше извршена во клиниката „Мајо“ во Лондон.
„Играчот ќе ја започне програмата за рехабилитација од петок, 5 декември“, се наведува во соопштението на клубот.
Влаховиќ е вториот играч на Јувентус кој беше опериран вчера. Дефанзивецот Федерико Гати го оперираше менискусот на десното колено во Нант.
По операцијата, се огласи и Влаховиќ и напиша на социјалните мрежи:
„Се гледаме наскоро“.
Foto/ EPA
Спорт
Меси не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси изјави дека можеби ќе го пропушти Светското првенство следното лето, односно дека можеби ќе го гледа турнирот од трибините, наместо да ја брани титулата со Аргентина на теренот.
Осумкратниот освојувач на Златната топка, кој го слави својот 39-ти роденден во јуни, изрази желба да се натпреварува, но призна дека можеби нема да биде во составот.
Тој нагласи дека нема намера да му биде пречка на националниот тим.
„Не сакам да бидам товар“, рече тој пред ждрепката во Вашингтон.
Меси изрази загриженост за одржување на врвна физичка кондиција.
„Ќе имаме подготовки помеѓу, со неколку натпревари до Светското првенство, и ќе видиме како ќе одат работите ден по ден за да видиме дали навистина се чувствувам доволно физички подготвен за да бидам таму каде што би сакал да бидам и да можам да учествувам“, рече Меси.
Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, претходно изјави дека е свесен за „неизбежното заминување“ на капитенот. Тој изјави дека го вклучил Меси во националниот тим, но призна дека тимот „значително се развил во последните години“.
Foto/ EPA

