Спорт
Јокиќ и Денвер немоќни против Богдановиќ

Јута Џез ја задржа лидерската позиција во НБА лигата со победата над Денвер Нагетс од 127:100. Брилијантен меч за Јута одигра Бојан Богдановиќ, додека на спротивната страна Никола Јокиќ за еден скок остана без трипл-дабл.
Без Донован Мичел и Мајк Конли, Јута успеа да забележи победа над Денвер. Последната четвртина го реши победникот, која Јута ја доби со осим поени разлика.
Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ, го одигра најдобриот меч во кариерата, тој постигна 48 поени, на кои придодаде осум скока и две асистенции. Богдановиќ погоди осум тројки од 11 обиди, реализацијата од поле му беше 69,6 отсто.
Ова е најдобра индивидуална партија на еден играч на Јута од 1998 година, кога легендарниот Карл Мелоун против Голден стејт постигна 56 поени.
Кај Јута најблиску до Богдановиќ беше Џордан Кларксон со 21 поен.
На спротивната страна Јокиќ забележа 24 поени, девет скока и 13 асистенции. Најефикасен во редовите на Денвер со 31 поен беше Мајкл Портер јуниор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Луис-Скели потпиша нов договор со Арсенал

Мајлс Луис-Скели ја продолжи соработката со Арсенал и потпиша нов петгодишен договор.
18-годишникот си обезбеди место во првиот тим во текот на изминатата сезона.
Дебитираше во септември, во дуелот против Манчестер Сити, а оттогаш одигра 39 натпревари.
Својот прв гол го постигна во победата од 5:1 против истиот ривал, а го доби и својот прв повик во сениорската репрезентација.
Својот прв настап за Англија го круниса со гол против Албанија.
Спорт
(Видео) Шортс ги избриша солзите, па премина во Панатинаикос

Плејмејкерот и член на идеалниот состав на Евролигата, Ти-Џеј Шортс, повеќе не е член на Париз, а клубот сподели видео порака во која натурализираниот репрезентативец на Северна Македонија, висок 175 см, се збогува со шампионите на Франција.
„Постојат многу емоции зад оваа одлука и дефинитивно не ми беше лесно да го напуштам Париз. Ова беше мој дом две години“, започна 27-годишниот Шортс откако ги избриша солзите.
Merci pour tout @TjShorts5 🐐🙏
Le club te souhaite le meilleur dans la suite de ta carrière 🖤❤️💙 pic.twitter.com/ZMcZkf5K98
— Paris Basketball (@ParisBasketball) June 26, 2025
Шортс откри дека се консултирал со својот агент и семејството пред да одлучи кога е вистинско време да го напушти Париз и да проба нешто ново.
Тој го издвои освојувањето на Еврокупот како свој омилен момент во клубот, а Шортс се стреми кон поголеми цели – стана член на Панатинаикос, и помина долго време пред да биде објавен тој трансфер.
Атинскиот гигант донесе член на идеалната петорка на Евролигата за минатата сезона за две сезони, а грчката SDNA тврди дека договорот нема клаузула за „излегување од НБА“ за ова лето.
Офанзивниот арсенал на „зелените“ стана многу помоќен со доведувањето на човек кој бележеше просек од 18,7 поени и 7,5 асистенции по натпревар во натпреварите од Евролигата со 2,7 скока и 1,1 украдени топки, а ќе биде интересно кога ќе биде спарен со Кендрик Нана, најкорисниот играч на елитното континентално натпреварување минатата сезона.
Парижаните ќе го паметат Шортс по споменатиот Еврокуп 2024, но и по освојувањето на првата титула национален шампион во кратката историја на клубот по победата над Монако со 3:2 во финалната серија.
Тимот предводен од турскиот стручњак Ергин Атаман минатата сезона важеше за „супер тим“, но не успеа бидејќи го испушти финалето на Евролигата и титулата во грчкото првенство, но го освои домашниот Куп.
Спорт
Меси повторно е убедливо најплатен играч во МЛС

Здружението на играчи од МЛС објави податоци за платите на сите играчи со важечки договори заклучно со мај 2025 година, а очекувано на врвот се наоѓа Лионел Меси.
Напаѓачот на Интер Мајами, кој има 38 години, ја задржа водечката позиција втор пат по ред. Основната плата на капитенот на аргентинската репрезентација е 12 милиони долари, а вкупната загарантирана компензација е дури 20,4 милиони долари.
Оваа бројка го вклучува основниот договор плус бонуси и други додатоци за време на траењето на договорот. Меси е лидер во двете категории, далеку пред другите ѕвезди на лигата.
Вториот најплатен играч во МЛС е Лоренцо Инсиње (Торонто) со 15,4 милиони долари. Италијанецот е единствениот покрај Меси кој заработува повеќе од 10 милиони по сезона.
Меѓу првите 10 се и: Серхио Бускетс (Интер Мајами) – 8,8, Мигел Алмирон (Атланта) – 7,9, Ирвин Лозано (Сан Диего) – 7,6, Федерико Бернардески (Торонто) – 6,3, Емил Форсберг (Њујорк Ред Бул) – 6,03, Жорди Алба (Интер Мајами) – 6, Рики Пуч (Лос Анџелес Галакси) – 5,8 и Џонатан Бамба (Чокаго) – 5,6.
Освен доминацијата на теренот, Меси е и маркетиншка машина. Интер Мајами забележа огромен пораст на вредноста, гледаноста и продажбата на дресови откако тој пристигна во Мајами.