Спорт
Јокиќ и Дончиќ во тимот на Леброн

Капитените Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо ги избраа тимовите кои ќе настапат на Ол-стар натпреварот во Чикаго на 16 февруари. Леброн во својот тим ги избра балканските ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.
Никола Јокиќ ѕвездата на Денвер Нагетс минатат годиниа играше во тимот на Адетокумбо, но оваа година Леброн го избра пред грчкиот играч.
Покрај Јокиќ и Дончиќ во тимот на Леброн Џејмс ќе играат: Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Каваи Ленард (ЛА Клиперс), Џејмс Харден (Хјустон), Демијан Лилард (Портланд), Бен Симонс (Филаделфија), Џејсон Тејтум (Бостон), Крис Пол (Оклахома), Расел Вестбрук (Хјустон) и Домантас Сабонис (Индијана).
Јанис Адетокумбо во својот тим ги избра следниве играчи: Џоел Ембид (Филаделфија), Паскал Сијакам (Торонто), Кемба Вокер (Бостон), Тре Јанг (Атланта), Крис Мидлтон (Милвоки), Руди Гобер (Јута), Бен Адебајо (Мајами), Џими Батлер (Мајами), Кајл Лаури (Торонто), Брендон Инграм (Њу Орлеанс), Дониван Мичел (Јута).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Прв пораз за ПСЖ во Лига 1 – Ница освои три бода во Париз

Старо-новите шампиони на Франција, фудбалерите на ПСЖ, во 31.коло го доживеаја првиот пораз оваа сезона во Лига 1. „Светците“ во минатото коло ја одбранија титулата, па овој пораз на домашен терен и не е изненадување.
Тимот од Азурниот Брег направи изненадување во 31. коло, победи во Париз со 3:1.
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике на „Паркот на принцовите“ го изведе најсилниот состав.
Морган Сансон ја доведе Ница во водство во 34. минута, а пред паузата домашните одговорија преку Фабијан Руиз.
Сансон повторно постигна гол веднаш на почетокот од второто полувреме, во 46. минута, а Јусуф Ндаџишимије најави големо изненадување во 70. минута.
ПСЖ нападна на крајот, но Марчин Булка се истакна, завршувајќи го натпреварот со двоцифрен број интервенции.
Парижаните се први со 78 бода, додека Ница ги задржува шансите за пласман во Лигата на шампионите и моментално е четврта со 54 бода.
Спорт
Олимпијакос го одбрани домашниот терен од Реал

Кошаркарите на Олимпијакос ја остварија втората победа во четвртфиналната серија од Евролигата против Реал Мадрид. Тимот од Пиреја победи со 77:71 (15:25, 23:13, 19:16, 20:17), па на Реал ќе му треба чудо за да се пласира на завршниот турнир.
Реал, за разлика од првиот меч, имаше шанси да направи брејк. Играчите на чус Матео водеа со 13 поени разлика во првиот период, кој го добија со 25.15. Олимпијакос се врати во натпреварот во втората четвртина, на полувреме резултатото беше 38:38.
Реал подобро влезе во третата четвртина, стекна предност од седум поени и тука застана. Олимпијакос од финишот на третата и првите четири минути во последната четвртина со серија 19:2, од -7 дојде до +10.
И повторно Реал успеа да фати приклучот, зонската одбрана им направи проблеми на домашните кошаркари, а реал предводен од Марио Хезоња се доближи на 67:64 на две минути до крајот.
Овој налет го одбија Алекс Питерс и Најџел Вилијамс-Гос со две тројки. Олимпијакос стекна предност од девет поени и тука беше крајот заРеал.
Стандардно, најефикасен кај Олимпијакос беше Саша Везенков со 22 поени, Еван Фурние одигра одлично и постигна 17 поени (9/10 од линијата за слободни фрлања). Единствен расположен кај Реал беше Хезоња со 22 поени и осум скока.
Следниот натпревар на програмата е во среда во Мадрид.
Спорт
Монако ја победи Барселона, победа го дели од настап на завршниот турнир

Кошаркарите на Монако поведоа со 2:0 во плејоф серијата против Барселона. Во вториот натпревар, кошаркарите на Монако победија со 92:79.
Ова беше уште еден дуел меѓу овие два тима, кој Монако го доби во своја корист и сега се само на една победа од пласман во новиот фајналфор од Евролигата.
Ова беше натпревар на Мамаду Жаите, кој го одигра можеби својот најдобар натпревар во Евролигата. Без промашување постигна 20 поени. Алфа Диало имаше еден поен повеќе, додека Џордан Лојд постигна 13 поени. Стразел постигна двоцифрен број поени со 12, додека Ели Окобо го заврши натпреварот со 11 поени и осум асистенции.
Мајк Џејмс не беше на негово ниво, постигна само пет поени.
Кај Барселона, Џабари Паркер имаше 16 поени и девет скока, додека Кевин Пантер постигна четири тројки и вкупно 14 поени.
И навистина, овој исход и овој резултат во серијата по два натпревари е неверојатен, бидејќи Барселона победи во двата натпревари во лигашкиот дел од Евролигата.
Во среда во Блауграна, Барселона ќе биде домаќин во третиот натпревар. .