Спорт
Јокиќ ги уништи Јута и најдобриот дефанзивец во лигата (видео)
Монструозната партија на Никола Јокиќ против најдобриот дефанзивец во НБА-лигата, Руди Гобер, ја обележа изминатата кошаркарска ноќ преку Атлантикот.
Денвер Нагетс во Солт Лејк сити ја совладаа Јута Џез со 98:95. Поради трејдот што го реализираа ден претходно, тренерот на Денвер, Мајк Мелоун, во ротацијата имаше само седум играчи.
Јокиќ одигра неверојатен меч, кој го заврши со 30 поени, 21 скока, 10 асистенции, две украдени и само една загубена топка. Покрај Јокиќ, кај Денвер се истакна и Џамал Мареј со 31 поен и четири асистенции.
На спротивната страна најефикасни беа Мајк Конли со 21 поен, осум скока и пет асистенции, односно Донован Мичел со 18 поени и осум скока.
Денвер е трет на Западот со 36 победи и 16 порази, а Јута е на петтото место со 32 победи и 18 порази.
Резултати:
Детроит-Финикс 116.108
Бостон-Орландо 116:100
Бруклин-Голден стејт 129:88
Торонто-Индијана 119:118
Минесота-Атланта 120:127
Оклахома-Кливленд 109:103
Далас-Мемфис 107:121
ЛА Клиперс-Мајами 128:111
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Англија со победа го започна ЕП – Белингем и пресуди на Србија
Англија, според прогнозите најголемиот фаворит за титулата на ЕУРО 2024, со победа над Србија 1:0 (1:0) го започнаа контитнеталниот шампионат.
Одличен динамичен натпревар одиграа двете репрезентации во Гелзенкирхен, на крајот пресуди голот на Џуд Белингем во 13.минута и кукавичката игра на Србија во првите 20 минути од натпреварот.
Англичаните во силно темпо го започнаа натпрварот, не им дадоа да „дишат“ на Србите, кои панично се бранеа. Првата вистинска акција ја претворија во гол, Сака успеа некако да нафрли покрај Павловиќ, а Белингем од седум метри ја закова топката во голот.
Притисокот на Англичаните траеше и во наредните десетина минути, пото Србите полека започнаа да фаќаат ритам, ја презедоа контролата врз играта, но до крајот на полувремето имаа една можност, преку Митровиќ чии удар заврши крај голот.
Во вториот дел, Србите апосолутно доминираа, ги стиснаа Англичаните кои успеаја да се одбранат. Пикфорд го одбрани ударот на Влаховиќ, а Кејн интервенираше по шутот на Бирманчевиќ.
Англичаните во второто полувреме имаа само една шанса, ударот на Кејн го одбрани Рајковиќ, а потоа топката од гредата се одби во поле.
Во второто коло, Англија ќе игра против Данска, а Србија против Словенија.
Спорт
УЕФА покрена дисциплинска постапка против ФС на Албанија
Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена истрага против Фудбалскиот сојуз на Албанија, поради непримерното однесување на нивните навивачи пред, за време и по натпреварот против Италија во петок, на 15 јуни.
Албанците фрлаа предмети на теренот на стадионот, употребија пиротехника, а еден од навивачите во самиот финиш влезе на теренот. Имаше и провокативни пораки кои беа главна причина за поведување на постапката.
Засега не е важно кога ќе биде изречена казната и колку таа ќе биде сериозна.
Во меѓувреме, албанските навивачи не се смируваат и денеска учествуваа во судири со српските навивачи низ улиците на Гелзенкирхен.
Спорт
(Видео) Данска и Словенија одиграа без победник
Словенија и Данска одиграа без победник 1:1 (0:1) во првиот меч од Ц групата на Европското првенство. Ова е прв нерешен резултат на првенството и воедно прв натпревар на кој беа постигнати помалку од три гола.
Натпреварот на стадионот во Штутгарт, според квалитетот, беше најслаб од почетокот на турнирот. Данска доминираше и играше подбро во првиот дел, а Словенците издоминираа во последните 25 минути од натпреварот.
Данците во 17.минута ја одиграа најубавата акција на мечот, Винд му асистираше на Ериксен на кого не му беше тешко да го совлада Облак. Ериксен постигна гол на ЕП точно 1.100 дена откако доживеа срцев удар на последниот континентален турнир.
Словенците во првиот дел се определија да го бранат својот гол, ретки беа нивните напади, а Шпорар имаше шанса да постигне гол.
Клучниот момент на натпреарот се случи во 66.минута кога Облак го одбрани ударот на Хојлунд и спречи водство на Данска 2:0.
Од тој момент Словенците тргнаа во офанзива. Се редеа шансите пред голот на Шмајхел. Два пати не успеа Шпорар, Шешко со страотен удар од 25 метри ја погоди стативата, а во 77.минута изедначи Јанжа со мала помош на Јумланд.