Спорт
Јокиќ немоќен пред Јанис и Мидлтон, трипл-дабл на Леброн
Јанис, Јокиќ, Леброн, Дончиќ, Бил удрија печат на натпреварите во НБА-лигата. Дербито му припадна на Милвоки бакс, кој славеше над Денвер нагетс, 125:112.
Јанис Адетокумбо, со помош на Крис Мидлтон, го неутрализира Јокиќ, кој одигра уште еден брилијантен меч, но неговиот тим не успеа да победи.
Адетокумбо постигна 30 поени, Мидлтон еден помалку за Бакс, кои прашањето на победникот го решија на стартот од последниот период со серијата 11:3.
Јокиќ на спротивната страна забележа 35 поени, 12 скока и 6 асистенции.
ЛА Лејкерс играа продолженија пртив Оклахома. На крајот победија со 119:112. Леброн Џејмс го предводеше тимот со 28 поени, 14 скока и 12 асистенции. За Леброн ова беше третиот трипл-дабл оваа сеозна.
Далас, по серијата од пет победи, односно седум порази на осум натпреварите, успеа да врзе два триумфи. Маверикси ја победија Минесота со 127:122. Далас имаа предност од 25 поени, Минесота ја намалија разликата на три поени, но немаше сили за пресврт. Дончиќ забележа 26 поени, 8 скока и 5 асистенции, со 27 поени Далас го предводеше Кристапс Прозингинс.
Вашинготн победи во Чикаго со 105:101. Бредли Бил во последните 10 секунди го реше прашањето околу победникот. Бил мечот го заврши со 35 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија и покрај поразот во Ларнака се пласира во плејофот
Шампионот на Македонија, Шкендија, избори пласман во плејофот, во Конференциската лига. Вечерва Шкендија, доживеа минимален пораз во Ларнака, од АЕК (1:0), но некои од резултатите на останатите дуели беа во полза на екипата од Тетово, па на табелата го освои 22-то место.
Шкендија одигра добро прво полувреме во Ларнака, во кое во финишот, по интервенцијата од ВАР собата, му беше поништен гол на АЕК. Проблемите за Шкендија започнаа во 50-та минута кога Латифи доби директен црвен картон.
Со играч помалку, одбраната на Шкендија капитулираше во 82-та минута, кога единствениот гол го постигна Ангиелски.
Шкендија првата фаза ја заврпи со две победи, три порази и еден нерешен дуел и гол разлика 4:5.
Токму поради гол разликата зад Шкендија, со ист број на бодови Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos

