Спорт
Јокиќ со трипл-дабл и кош за победа, Вориорс поразен во Портланд (видео)
Единаесет натпревари се одиграа во НБА-лигата изминатата ноќ. Никола Јокиќ со звукот на сирената му ја донесе победата на Денвер против Сакраменто, Бруклин победи во Кливленд по три продолженија, шампионот Голден стејт е поразен од Портланд, а Харден со 42 поени не успеа да го спречи поразот на Хјустон од Минесота.
Денвер Нагетс се врати по негативата од 17 поени и со поените на Јокиќ на 0,3 секунди до крајот го победија Сакраменто 120:118. Српскиот центар мечот го заврши со трипл-дабл од 20 поени, 18 скока и 11 асистенции. Јокиќ го забележа 28. трипл-дабл во кариерата.
Во тимот на Денвер дебитира Ајзеа Томас. Поради повредата, Томас паузира од 22 март минатата година. Натпреварот го заврши со осум поени и две асистенции.
Портланд убедливо го порази актуелниот шампион Голден стејт 129:107. Играчите на Портланд одиграа беспрекорна последна четвртина, која ја добија 35:12.
Демијан Лилард со 29 поени го предводеше Портланд. На спротивната страна по 32 поена постигнаа Кевин Дурент и Стеф Кари.
Бруклин Нетс, по три продолженија, успеа да победи во Кливленд 148:139. Дијанџело Расел го предводеше Бруклин со 36 поени, 7 скока и 8 асистенции, а на спротивната страна блескаше Џордан Кларксон со рекордни во кариерата 42 поена.
Минесота со тимска игра го неутрализира учинокот на Џејмс Харден и славеа над Хјустон 121:111. Џеф Тиг забележа 27 поени и 12 асистенции, а Карл-Ентони Таунс постигна 25 поени. Харден за Хјустон постигна 42 поена. Ова беше неговиот 31 натпревар во низа на кој постигнува најмалку 30 поени.
Резултати:
Индијана-Милвоки 97:106
Бостон-Детроит 118:110
Њујорк-Филалделфија 111:126
Торонто-Вашингтон 129:120
Чикаго-Мемфис 122:110
Далас-Мајами 101:112
ЛА Клиперс-Феникс 134:107
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот: Поредата на Вирц е удар за него и за клубот
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, пред натпреварот со Вест Хем изјави дека десниот бек Џереми Фримпонг е подготвен да се врати на теренот по едномесечна пауза, но дека натпреварот ќе го пропушти Флоријан Вирц.
Шампионот на Англија ги пречекува „Чеканите“ во натпреварот од 28-то коло од Премиер лигата, кој ќе се игра на „Енфилд“ попладнево од 16 часот.
Фримпонг, последниот натпревар го одигра на против Карабаг на 28 јануари.
„Џереми ќе биде во конкуренција за Вест Хем. Тој тренираше со нас неколку пати оваа недела и ќе биде во ростерот. Не очекувам Флоријан да биде во тимот, што секако е разочарување“, рече Слот, додавајќи:
„Секој пат кога некој играч не е достапен, тоа е разочарување, а ова е нешто што не го очекував по минатата недела. Сепак, понекогаш работите се развиваат на таков начин и, за жал, овој пат не на позитивен начин.“
Тренерот на Ливерпул нагласи дека не е јасно кога точно репрезентативецот на Германија би можел повторно да игра.
Фото/ depositphotos
Спорт
Започна сезоната во Мото ГП – Спринтот во Тајланд му припадна на Акоста
Возачот на КТМ рејсинг, Педро Акоста, ја забележа првата победа во кариерата, откако славеше во спринтот за Големата награда на Тајланд, со кој започна годинашниот шампионат во Мото ГП.
Шпанецот триумфираше по неверојатна битка со актуелниот шампион, Марк Маркез што траеше неколку круга. Актуелниот шампион беше подобар во нивниот дуел, но во моментот кога успеа да го мине ривалот, имаше контакт меѓу нив двајца, поради што му беше наредено да ја врати позицијата, што и го направи, а потоа немаше шанса да возврати.
На двајцата на подиумот им се придружи Раул Фернандес од Тракхаус, а трката беше обележана и со падот на освојувачот на пол-позицијата, Марко Бецеки.
Извиредниот спринт за Трехаус ја комплетира Аи Огура. јапонецот трката ја заврши на четвртото место, беше подобра од шампионот од пред две сезони, Хорхе Мартин на Априлија.
Големата награда на Тајланд во кралската класа започнува во недела во 9 часот наутро, а акцијата во Бурирам започнува во 6 часот наутро со првата трка во сезоната во категоријата Мото3.
Спорт
Чоло Симеоне сака да го види синот на Дејан Станковиќ во Атлетико
Александар Станковиќ е еден од најбараните млади фудбалери во Европа, по Борусија Дортмунд, интерес за српскиот играч од средниот ред покажа и Атлетико Мадрид.
Како што стојат работите сега, Клуб Бриж би можел да заработи огромна сума пари од продажбата на 20-годишниот фудбалер кого го доведоа од Интер на почетокот на сезоната за 9,5 милиони евра.
Нероаѕурите имаат клаузула што им овозможува да го откупат назад својот поранешен играч, се шпекулира дека цента за Интер е околу 23 милиони евра, но цената на Станковиќ постојано расте и веќе достигна 40 милиони евра.
Шпанското радио „Марка“, објави дека тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, побарал од спортскиот директор, Матеу Алемани, да почне да работи на трансферот на Станковиќ.
Тренерот на Алетико, во кариерата беше соиграч со таткото на Александар Станковиќ во Лацио. Квалитетите на синот на актуелниот тренер на Црвена звезда, Аргентинецот можеше да ги види неодамна кога Атлетико и Бриж играа во плејофот од Лигата на шампионите.
Александар Станковиќ постигна седум гола и пет асистенции на 41 натпревар за Бриж оваа сезона.
Минатата година против Латвија тој го имаше дебито во репрезентацијата на Србија.

