Спорт
Јокиќ со трипл-дабл му пресуди на Њу Орлеанс, Дончиќ доминира во Мемфис
Актуелниот МВП во НБА-лигата, Никола Јокиќ, со доминантна игра му ја донесе победата на Денвер Нагетс во Њу Орлеанс 120:114. Добар меч одигра и ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, во победата 104:96 во Мемфис.
Денвер Нагетс играше продолжение во Њу Орлеанс. Во дополнителните пет минути ги однесе Јокиќ, кој постигна пет поени во финишот на мечот, а потоа доминира во продолжението постигнувајќи 11 од 15 поени на Денвер.
На крајот, Јокиќ го забележа 61 трипл-дабл во кариерата, 39 поени, 11 скока и 11 асистенции.
Во тимот на Њу Орлеанс се истакна Литванецот Јонас Валнчунас со 27 поени и 11 скока.
Далас Маверикс на европски погон ја прекина серијата лоши резултати со победата во Мемфус 104:96.
Дончиќ и Прозингис го предводеа тимот, Словенецот со 26 поени, осум скока и седум асистенции, а Литванецот со 19 поени.
Резултати: Шарлот – Филаделфија 106:110, Кливленд – Чикаго 115:92, Детроит – Вашингтон 116:119, Индијана – Њујорк 122:102, Мајами – Милвоки 113:104, Торонто – Оклахома 109:110, Хјустон – Бруклин 114:104, Минесота – Јута 104:136, Голден стејт – Портланд 104:94, Сакраменто – Орландо 142:130, ЛА Клиперс – Бостон 114:111.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Луис Енрике би можел да го напушти ПСЖ
Шпанскиот тренер, Луис Енрике размислува да го напушти Пари Сен Жермен на крајот од тековната сезона, и покрај тоа што постигна историски успех со клубот. Според германски „Билд“, Енрике не планира да го продолжи договорот, кој истекува во јуни, бидејќи бара нови предизвици во кариерата.
Главната причина за неговото евентуално заминување лежи во желбата за нов професионален предизвик. Бидејќи ќе биде слободен тренер на крајот на јуни, Енрике би можел да стане исклучително привлечен кандидат за водечките светски репрезентации кои ќе бараат селектор за новиот циклус по Светското првенство.
Друга можна причина е малиот пад на формата на ПСЖ оваа сезона. Иако резултатите не се лоши, тие не се на нивото на доминација од минатата сезона. Парижаните моментално се втори во француското првенство, еден бод зад Ленс, додека се на третото место во Лигата на шампионите, зад Арсенал и Баерн Минхен.
Престојот на Енрике во француската престолнина досега е исклучително успешен. Во својата прва сезона, тој го освои домашното првенство, купот и суперкупот, но круната на неговата работа дојде во сезоната 2024/2025, кога му ја донесе на ПСЖ првата, историска и долгоочекувана титула во Лигата на шампионите. Со тој успех, тој стана еден од најпопуларните тренери во историјата на клубот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Манчестер Сити го заврши трансферот на Семењо
Доцна синоќа пристигна потврдата за веројатно најголемиот трансфер во Премиер лигата оваа зима.
Она за што се шпекулираше во изминатите неколку недели, доби потврда, дека Антоан Семењо е новиот играч на Манчестер Сити.
Фабрицио Романо, најпознатиот трансфер инсајдер, објави дека сите документи меѓу клубовите и фудбалерот се потпишани. Семењо ќе потпише повеќегодишен договор откако ќе ги заврши лекарските прегледи во текот на утрешниот ден.
Репрезентативецот на Гана можеше да избера помеѓу четири тима. На почетокот, Челзи се повлече, а кога се чинеше дека ќе го избере Ливерпул, тој се реши за Манчестер, но не за Јунајтед туку за Сити.
Борнмут ќе заработи вкупно 75.000.000 евра од трансферот.
Оваа сезона, Семењо постигна девет гола, со три асистенции на 19 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Нотигнем Форест ја продолжија агонијата на Вест Хем
Фудбалерите на Нотингем Форест го победија Вест Хем како гости во натпреварот од 21-то коло од Премиер лигата. „Шумарите“ победија со резултат од 2:1.
Форест, прествртот го налрави со головите на играчот од средниот ред Николас Домингез во 55-тата минута и Морган Гибс-Вајт во 89-тата минута, откако Вест Хем поведе преку автогол на Муриљо во 13-тата минута.
„Шумарите“ по овој триумф останаа на 17-тото место на табелата, последно кое обезбедува опстанок, но сега имаат седум бодови повече од директниот конкурент, во борбата за опстанок, Вест Хем.
Foto/ depositphotos

