Спорт
Јовиќ го чекаа во Овиедо тој се сели во Атина
Лука Јовиќ (27) го напушти Милан откако му истече договорот и по долго размислување реши каде ќе ја продолжи кариерата.
Србинот водеше интензивни разговори со актуелниот шампион на Северна Америка, мексиканскиот Круз Азул. Откако ги одби мексиканците, доби повик од својот поранешен тренер Вељко Пауновиќ да му се приклучи во Овиедо.
И кога се чинеше дека Јовиќ ќе го предводи нападот на повратникот во Примера, се случи пресврт. Ја прифати понудата од Атина, да го облече дресот на АЕК, на чија клупа седи неговиот сонародник Марко Николиќ.
Инсајдерот Фабрицио Романо, објави дека Јовиќ ќе потпише договор до крајот на сезоната 2026/27. Српскиот напаѓач најави одлична кариера во Ајнтрахт.
Јовиќ играше во клубот од Франкфурт од 2017 до 2019 година. Во сезоната 2018/2019 имаше 27 гола и седум асистенции во 48 натпревари, што му донесе трансфер во Реал Мадрид за 63 милиони евра.
Тој беше во Мадрид 18 месеци, по што се врати во Ајнтрахт на позајмица.
По враќањето во Реал, неговиот статус не се семни, па замина од клубот за кого постигна само три гола во 51 натпревар. Како слободен агент во 2022 година, тој замина во Фиорентина и постигна 13 гола во 50 натпревари за нив.
Тој ја напушти Фиренца подоцна во сезоната и потпиша со Милан, имаше неколку добри натпревари но не ги убеди клупските челници да му понудат нов договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

