Спорт
Јовиќ подготвен да го напушти Милан, следна дестинација Галатасарај

Лука Јовиќ во зимскиот преоден рок ќе го напушти Милан. Веројатно неговата следна дестинација ќе биде Галатасарај.
Италијанските медиуми тврдат дека српскиот репрезентативец добил интересна понуда од Турција. Галатасарај мора да се активира на пазарот бидејќи во четвртокот Мауро Икарди поради тешка повреда ја заврши сезоната.
Јовиќ засега е во втор план во Милан, предност кај тренерот Паоло Фонсека имаа Алваро Мората, Тами Ејбрахам и тинејџерот Франческо Камарда.
Јовиќ, доколу добие понуда од Галатасарај сигурно ќе ја прифати, во тој случај Милан ќе ослободи место во ростерот за да донде уште еден играч во дефанзивата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тебас: Барселона во овој момент не може да регистрира никого

Фудбалскиот клуб Барселона се уште не го објавува трансферот на голманот Џоан Гарсија од Еспањол. Барселона реши да ја плати откупната клаузула за голманот (25 милиони евра), но кога ќе објави дека трансферот е официјализиран ќе следи потешкиот дел, регистрација на фудбалерот.
Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, ги предупредува Каталонците дека треба добро да размислат како ќе го регистрираат Гарсија.
Во текот на минатата сезона, Барселона имаше огромни проблеми со на финансиските услови за да регистрира играчи. По се изгледа финансиската ситуација во клубот не е сменета, поради што Каталонците добија предупредување од Хавиер Тебас.
„Едно е да се плати откупната клаузула за Џоан Гарсија. Сосема друго е тој да биде регистриран. Барселона сè уште не е дел од тој договор 1:1“, рече Тебас на една конференција во Мадрид.
„Тие го објавија плаќањето на клаузулата, но не знам дали е извршена уплатата. Покрај тоа, периодот на трансфери и регистрација сè уште не е официјално започнат. Во овој момент не можат да доведат никого“, додаде тој и испрати порака до челниците на Барселона:
„Тие мора да направат некои работи, не многу, но тие многу добро знаат што треба да направат. Не е мое да кажам.“
Спорт
„Бев на чекор до потпис со Флуминенсе“

Бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека бил на прагот да потпише договор со Флуминенсе, но на крајот решил да остане во Сантос до истекот на договорот.
Нејмар има договор со Сантос до 30 јуни оваа година. Бразилските медиуми објавуваат дека Нејмар има понуди од неколку клубови, но дека сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.
„Бев блиску до потпишување за Флуминенсе за Светското клупско првенство. Решив да останам во Сантос и да се опоравам бидејќи сè уште не сум 100 проценти подготвен. Сакам да бидам во најдобра форма што е можно поскоро“, изјави Нејмар за бразилскиот ESPN.
Нејмар (33) пристигна во Сантос на 30 јануари оваа година од Ал Хилал. Пред Ал Хилал, тој играше за Пари Сен Жермен, Барселона и Сантос.
Нејмар одигра 12 натпревари за Сантос оваа година и постигна три гола.
Флуминенсе игра во групата Ф на Светското клупско првенство со Улсан, Мамелоди и Борусија Дортмунд.
Спорт
Ако го мине ТНС, Шкендија во втората рунда (веројатно) против ФЦСБ

Шампионот на Македонија, фудбалскиот клуб Шкендија, дозна против кого ќе игра во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. За да дојде до втората рунда, Шкендија најпрвин ќе треба да го елиминира ТНС од Велс во првото коло.
Доколку Шкендија го мине ТНС, во втората рунда ја очекува исклучително тежок противник ФЦСБ (поранешна Стеауа).
Романскиот тим е апсолутен фаворит во првата рунда против тимот од Андора, Ескалдес.
Второто квалификациско коло ќе се игра на 22/23, односно 29/30 јули.
Лига на шампиони, 2.коло:
Левадија/РФС – Иберија/Малме
Жалгирис/Хамрун Спартанс – Динамо Киев
Пафос – Макаби Тел Авив
Викингур/Линколн – Црвена звезда
Ное/Будуќност – Ференцварош
Лех Познањ – Игнација/Брајдаблик
Копенхаген – Диферданж/Дрита
Риека – Лудогорец/Динамо Минск
КуПС/Милсами – Олимпија/Каират
Бран – Салцбург
Викторија Плзен – Сервет
Ренџерс – Панатинаикос