Спорт
Јовиќ во 99 за победа на Ајнтрахт, Лајпциг го растурија Леверкузен (Видео)

Пет натпревари попладнево се одиграа во Бундес лигата. Лајпциг го доби дербито во Леверкузен, а Ајнтрахт до победата над Шалке дојде во 99 минута со голот на Лука Јовиќ од пенал.
Ајнтрахт и Лајпциг сигурно чекорат кон Лигата на шампионите, каде наредната сезона сигурно ќе играат Борусија Дортмунд и Баерн Минхен.
Ајнтрахт ја продлабочи кризата на Шалке со драматичната победа во Гелзенкирхен. Ребитќ го постигна првиот гол за гостите, а израмни Сердар. Клучниот момент се случи во 97 минута кога Сердар направи прекршок за пенал. Играчот на Шалке доби црвен картон, а Јови во 99 минута им ја донесе победата на Ајнтрахт.
Дербито во Леверкузен им припадна на гостите од Лајпциг кои одиграа фуриозно второ полувреме. Со двата гола на Хавец Баер имаа предност по првиот дел од 2:1. Во вториот дел Вернер, Фосберг и Гуна беа стрелци за конечни 2:4.
Волфсбург успеа да слави против Хановер 3:1, Штутгарт и Нинберг одиграа 1:1, а Фортуна ја изненади Херта во Берлин и победи со 2:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Наполи не успеа да победи во Венеција

Фудбалерите на Венеција и Наполи одиграа нерешено без голови во 29. натпревар од италијанската Серија А.
Резултатот не им оди во прилог на двата тима, но сепак позадоволни ќе бидат фудбалерите на Венеција кои се борат за опстанок. Тимот од Неапол направи чекор назад во шампионската трка.
Наполи сега има 61 бод и се израмни на првото место со Интер, Аталанта е на минус три. Овие две екипи вечерва ќе се сретнат во Бергамо, во дербито на колото.
Венеција е на претпоследното 19. место со 20 бода, на пет бода од безбедносната зона.
Спорт
Реал: Нема да играме натпревари доколку за одмор немаме барем 72 часа

Реал Мадрид соопшти дека нема да се согласи да одигра уште еден натпревар доколку фудбалерите немаат најмалку 72 часа одмор меѓу натпреварите.
Ова го потврди тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по победата од 2-1 против Виљареал на гостински терен во шпанскиот шампионат.
Натпреварот Виљареал – Реал започна во 18 часот и 30 минути, а Реал во среда го одигра реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Тој натпревар започна во 21 часот и траеше 120 минути, по што се се шутираа пенали.
„Ова е последен пат кога играме два натпревари во 72 часа“, рече Анчелоти, додавајќи дека клубот побарал од раководството на лигата да го помести натпреварот за ден подцна.
Реал најави дека ќе се консултира со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за распоредот на натпреварите.
Спорт
Гризман ќе го напушти Атлетико

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево.
Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година.
Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.
Според овој извор, Гризман од семејни причини сака да се пресели во Лос Анџелес, клуб во чии дрес го носат неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру и Уго Лорис.
Релево истакнува дека клубот ќе му дозволи на францускиот напаѓач да го напушти Атлетико на крајот од сезоната без обештетување.
Гризман (33) оваа сезона за Атлетико одигра 41 натпревар во сите натпреварувања и постигна 16 голови.