Спорт
Јунајтед доминираше против Њукасл (видео)

Манчестер јунајтед дојде до доминантна 4:1 победа над Њукасл, откако прво ги натераа сопствените навивачи повторно да се „тресат“ за меч од Премиер лигата.
Како и повеќе пати оваа сезона во дуелите со тимовите од средината и дното на табелата, Јунајтед почна да губи во 17. минута, кога Мети Лонгстаф, кој во првиот меч меѓу двата тима на „Сент Џејмс парк“ го постигна првиот гол во кариерата, повторно го матираше Давид де Хеа.
Меѓутоа, овој пат тоа не беше доволно, откако напаѓачите на Јунајтед постигнаа три гола до крајот на полувремето за целосен пресврт. Прво Антони Марсијал во 24. минута, потоа Маркус Гринвуд во 36. минута и на крај Маркус Рашфорд во 41. минута, ги обезбедија трите поени за „ѓаволите“.
Марсијал во 51. минута го постигна и својот втор гол за конечни 4:1 во меч во кој домаќините имаа речиси 70 отсто посед на топката, за со три поени да се искачат на седмото место со 28 поени, еден помалку од петтопласираниот Тотенхем и шестопласираниот Шефилд јунајтед. Њукасл се 10-ти со 25 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Баерн во 94.минута се спаси против Слетик, Бриж ја изненади Аталанта, Бенфика го преживеа Монако

Клуб Бриж, Баерн Минхен и Бенфика се пласираа во осминафиналето во Лигата на шампионите.
По Милан, италијанскиот фудбал остана без уште еден тим во елитното натпреварување. Актуелниот освојувач на Лига Европа, Аталанта, не успеа да ја оправда фаворитдката улога против Бриж.
Шампионите на Белгија, вечерва во Бергамо победија со 3:1.
Аталанта промаши буквално се на овој натпревар, а Бриж максимално ги користиеше своите шанси. Тинејџерот Талби постигна два гола во третата и 27.минута, а Џутла зголеми на 0:3 во финишот на првиот дел . Лукнан погоди веднаш на стартото на второто полувреме, а сите надежи на Аталната дека може да се врати во натпреварот пропаднаа во 38.минута кога Мињоле му одбрани пенал на Лукман.
Баерн, во Минхен се мачеше против Слетик. Гостите од Глазгов имаа две добри шанси во првиот дел, но резултатот на семафорот не се смени се до 63.минута, кога Кун ја искористи грешката на Кин.
Баварците избегнаа продолженија, буквално во последните секунди, со среќниот гол на Дејвис.
Во Лисабон, Бенфика водеше, па два пати губеше од Монако, а во 81.минута Кокчу ги постави конечните 3:3.
Спорт
(Видео) Феенорд го елиминира Милан од Лигата на шампионите

Фудбалерите на Феенорд успеаја да се пласираат во осминафиналето на Лигата на шампионите, откако ремизираа на „Сан Сиро“ против Милан во реваншот 1.1..
Славниот италијански клуб, седумкратен европски првак, бркаше гол негатива од првиот натпревар во Ротердам кога Феенорд победи со 1:0 со голот на Бразилецот Игор Паишао во третата минута.
„Росонерите“ имаа уште подобар старт во реваншот. Мечот практично не ни започна, а Милан поведе со голот на поранешниот најдобар стрелец на Феенорд, Мексиканецот Сантијаго Хименез. Во 36.секунда Хименез постигна гол.
Во 23. минута можеше да биде 2:0, кога голманот на гостите Тимон Веленрајтер го одбрани ударот на Жоао Феликс, а потоа Тео Ернандез ја погоди стативата.
Во финишот на првото полувреме одлична шанса имаше и Рафаел Леао, но домашните на одмор заминаа со гол предност.
И второто полувреме започна со иницијатива и шанси на играчите на Милан, а потоа Тео Ернандез капутенот на Милан му направи штета на својот тим. Се обиде да избори пенал, доби втор жолт, автоматски црвен картон и ги остави соиграчите на цедило до крајот на натпреварот.
Од тој момент играчите на Феенорд ја презедоа инцијативата, која вроди со плод во 73.минута кога резервниот напаѓач Карабца, постигна убав гол по центрашутот на Буено.
Феенорд во осминафиналето ќе игра против Интер или Арсенал.
Спорт
Ѓоковиќ надвор од ритам во Доха, Беретини веднаш го елиминира

Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е елиминиран на стартот од турнирот во Доха.
Ѓоковиќ успеа да се опорави од повредата на бутниот мускул поради која се предаде на полуфиналниот меч на Австралија опен, но во Катар беше далеку под вообичаеното ниво.
Тоа го искористи Италијанецот Матео Беретини кој победи со 2:0, во сетови 7:6 (4), 6:2.
Натпреварот траеше час и 35 минути игра.
Противник на поранешниот финалист на Вимблдон во следната рунда ќе биде Холанѓанецот Талон Грикспор.