Спорт
Јунајтед го руши рекордот–дава 92 милиони евра за стоперот на Лестер
Англискиот дефанзивец, Хери Мегваер наскоро ќе стане нов член на Манчестер Јунајтед, пишуваат речиси сите медиуми на Островот. Информациите се дека Лестер Сити и Јунајтед успеале да се договорат околу цената на Мегваер по повеќемесечната сага.
„Црвените ѓаволи“ би требало на „лисиците“ да им платат 92 милиони евра, но се уште не е познато дали целата сума ќе биде исплатена веднаш или на рати, како и дали во трансферот се вклучени бонуси.
26-годишниот стопер на Гордиот Албион не беше во составот на Лестер во петокот на пријателскиот меч против Аталанта, што беше првиот знак дека тој го напушта клубот.
Доколку нема никакви пречки за реализирањето на овој трансфер, Јунајтед ќе ја добие битката со Ливерпул за најскапо платен дефанзивец. Моментално на врвот на таа листа е Вилџил ван Дајк кој во Ливерпул стигна за 82 милиони евра.
Мегваер пред Лестер играше и за Шефилд Јунајтед, Хал и за Виган.
Јунајтед претходно ги обезбеди потписите на Арон ван Бисака од Кристал Палас и Даниел Џејмс од Свонси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Фокс и Вембањама за нова победа на Спарс против Оклахома
Кошаркарите на Сан Антонио Спарс, во Оклахома ги победија актуелните шампиони со 117:102, во рамките на божиќната програма во НБА лигата.
Сан Антонио го добија и третиот меч против Оклахома од почетокот на сезоната. Актуелните шампиони досега забележаа пет порази во 31 натпревар, три од нив ги забележаа во натпреварите со франшизата од Тексас.
Во првата четвртина, Оклахома добро започна стекна предност од одум поени, тогаш Спарс одговрија со серија од 11 поени, го добија првиот период со 41:36.
До крајот на натпреварот Оклахома во ниту еден момент не успеа да им се доближи на своите противници.
Сан Антонио го предводеше одличниот Дирон Фокс со 29 поени, четири скока и три асистенции, по него следеше Виктор Вембањама, кој имаше дабл-дабл со 19 поени и 11 скока.
Покрај нив, Стефон Касл забележа 19 поени, четири скока и седум асистенции, како и Харисон Барнс со 15 поени и шест скока.
Кај Оклахома се истакна Шеј Гилџис-Александер со 22 поени, шест скока и четири асистенции, по него следеше Ајзеа Хартенштајн, кој оствари дабл-дабл со 13 поени, 12 скока и три асистенции.
Џејлен Вилијамс и Алекс Карузо исто така имаа двоцифрен број на поени по 12, но Карузо шутираше катастрофално за три поени, погоди две тројии од 12 обиди.
Спорт
Реал по дисконтна цена ќе го врати Нико Паз во Мадрид
Реал Мадрид, во летниот преоден рок, ќе го ангажира играчот на Комо, Аргентинецот Нико Паз.
Според шпанскиот „Ас“, Нико Паз ќе се врати во Реал Мадрид по завршувањето на сезоната, бидејќи „кралскиот клуб“ поседува 50 проценти од договорот на аргентинскиот офанзивен играч за врска.
На лето, Реал Мадрид ќе му плати на Комо девет милиони евра и ќе го задржи 21-годишниот играч за врска, иако според „Трансфермаркт“, тој сега вреди дури 65 милиони евра.
Комо не може да го спречи трансферот, бидејќи според договорот на двата клуба, Реал има клаузула според која може да го врати Паз за сума од 9 до 11 милиони оваа година или до 2027 година.
Аргентинецот одигра 15 натпревари во Серија А оваа сезона и има пет гола и пет асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Фото) Искинат дрес на Марадона продаден за рекордни 180.000 долари
Дресот на легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, беше продаден на аукција за околу 180.000 американски долари.
Станува збор за дресот на Барселона, кој Диего Марадона го носеше во финалето на Кралскиот куп во 1984 година против Атлетик Билбао, објави „Мундо Депортиво“.
Дресот на Марадона бил скина во текот на тепачката на теренот. а Барселона го загуби финалето со 0:1.
Се напоменува дека една работничка вработена во клупската перална го зела дресот во соблекувалната и го чувала како сувенир.
Подоцна ѝ го дала на пријателка, која му го дала на својот син. Дресот останал во тоа семејство цели четири децении, по што сопственикот решил да го продаде на аукција. Се продаде за повеќе пари од кој било друг дрес на Марадона некогаш продаден на аукција.
💸 Diego Maradona's ripped Barcelona shirt from the 1984 Copa del Rey final was sold on auction for $179,207.67. pic.twitter.com/eoxqXeBaWN
— Barça Universal (@BarcaUniversal) December 24, 2025
Диего Армандо Марадона е еден од најголемите фудбалери во историјата на фудбалот. Тој пристигна во Барселона во 1982 година од Бока Јуниорс и остана на „Камп Ноу“ две години. Подоцна играше за Наполи, Севилја, Њуелс Олд Бојс, пред да се врати во Бока Јуниорс во 1995 година, каде што ја заврши кариерата две години подоцна.
Марадона почина на 25 ноември 2020 година на 60-годишна возраст.
Foto/ Depositphotos

