Спорт
Јунајтед ќе одредат коректна цена за Алексис Санчез
Манчестер Јунајтед нема да го врата во своите редови Алексис Санчез кога ќе му заврши позајмицата во Интер.
Како му започна кариерата во Интер веројатно италијанскиот клуб ќе сака да го откупи неговиот договор од Манчестер Јунајтед.
Се шпекулира дека Јунајтед за Санчез ќе бараат 25 милиони евра. Оваа сума ќе важи не само за Интер туку за сите заинтересирани наредното лето.
Чилеанецот има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ливерпул на „мускули“ победи во Нотингем
Фудбалерите на Ливерпул славеа како гости против Нотингем Форест (1:0), во натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата.
Херој беше Алексис Мекалистер, во седмата минута од судиското продолжение, откако најдобро се снајде на одбиената топка по ударот на Вирџил ван Дајк.
„Црвените“ беа блиску до победа претходно, но бизарниот гол на Алексис Мекалистер во 89-та минута беше поништен по интервенцијата на ВАР.
Актуелниот шампион не личеше на себе, особено не во првото полувреме, но на крајот сепак успеа да ги освои важните три бода.
Тимот од „Енфилд“ останува шести на табелата со 45 бода, додека Форест е 17-ти со 27 бода.
Во истиот термин, Кристал Палас победи против Вулверхемптон (1:0), искористувајќи го самоуништувањето на „волците“.
Емануел Арокадаре промаши пенал во 43-та минута, додека Ладислав Крејчи доби два жолти картони во рок од три минути. Во 90-та минута, Иван Гесанд ја донесе победата на домашниот тим.
Исто така, Фулам беше подобар од Сандерленд на гостински терен (3:1). Раул Хименез постигна гол во 54-та и 61-та од пенал, додека Алекс Ивоби беше прецизен во 85-та минута. Единствениот гол за домашниот тим го постигна Енцо ле Фе во 76-та од пенал.
Спорт
(Видео) Синот на Скоти Пипен започна тепачка во Мајами
Кошаркарите на Мајами Хит ја продолжија импресивната победничка серија, откако ги победија Мемфис Гризлис со 136:120.
Натпреварот го обелажаа Ендру Вигинс и Норман Пауел, како и инцидентот на крајот од натпреварот.
Вигинс го предводеше домашниот тим со 28 поени, шутирајќи импресивни девет од 10 од поле, додека Пауел додаде 25 поени.
Тие двајца беа клучни во третата четвртина кога Мајами доминираше со 39:26 и тука го реши победникот.
Кај гостите, Џарен Џексон постигна 28 поени (најмногу во сезоната), Џален Велс 25, Скоти Пипен 18 и Тај Џером 17 поени. Гризлис го претрпеа 11-тиот пораз во последните 14 натпревари.
На крајот од натпреварот се случи инцидент. На 1:19 пред крајот на четвртата четвртина, Скоти Пипен Џуниор налета на играчот на Мајами, Мајрон Гарднер, и го турна во првиот ред на трибините. Двајцата паднаа на подот и физички се судрија, а потоа двајцата беа отстранети од теренот.
Scotty Pippen Jr is 1000% in the right here btw
Total bush league stuff from Myron Gardner pic.twitter.com/iAhF4Ff3wS
— Josh Gattis (@speed_in_space) February 22, 2026
Спорт
Меси и Интер Мајами со пораз ја почнаа сезоната
Новата сезона на МЛС, американската професионална фудбалска лига, започна, а веќе во првото коло, актуелниот шампион доживеа дебакл.
Интер од Мајами, предводен од Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери во историјата, загуби од Лос Анџелес со 3:0.
Тимот од Градот на Ангелите беше подобар во првото полувреме, а добрата игра ја крунисаа со голот на Мартинез во 38-та минута.
Во вториот дел, Интер беше подоминантен, додека Лос Анџелес се повлече и чекаше можност од контранапад. Таа тактика се исплатеше и головите на Буонга во 73-та и Ордаз во четвртата минута од судиското продолжение го запечатија вредниот триумф.
Foto/ EPA

