Спорт
Јунајтед на суд ќе го раскине договорот со Роналдо

Драмата, која со контроверзното интервју, ја режираше Кристијано Роналдо најверојатно ќе добие судска разрешница. Во интервјуто со Пирс Морган, кое интегрално беше објавено во јавноста во средата и четвртокот, португалскиот напаѓач жестоко ги критикуваше клубот, газдите, тренерот Ерик тен Хаг и некои соиграчи.
„Дејли мајл“, тврди дека Манчестер јунајтед сака на суд да му го раскине договорот со Роналдо и да избегне да ги плати 16.000.000 фунти кои допрва треба да му ги исплати според договорот.
Роналдо, како што пишува „Дејли Мејл“, има плата од 500.000 фунти неделно, а договорот му истекува во јуни 2023 година.
Наводно адвокатите на Манчестер јунајтед веруваат дека клубот има право да го раскине договорот со Португалецот бидејќи тој го прекршил кога го дал интервјуто. Да потсетиме, Роналдо веќе имаше ексцеси оваа сезона. По натпреварот против Тотенхем, тој беше суспендиран бидејќи одбил да влезе во игра од клупата за резерви.
Потоа се извини и беше вратен во тимот, но реши да излезе во јавноста и да го критикува клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гундоган има нов клуб

Поранешниот германски репрезентативец Илкај Гундоган (34) го напушти Манчестер сити, ќе ја продолжи кариерата во Галатасарај, објавија клубовите.
Гундоган потпиша двегодишен договор со Галатасарај, ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона, откако го носеше дресот на „Граѓаните“ вкупно осум години во два наврати.
Германскиот играч од средниот ред играше за Сити од 2016 до 2023 година, а потоа и минатата сезона. Вкупно, тој одигра 358 натпревари во сите натпреварувања и постигна 65 голови. Во меѓувреме, го носеше дресот на Барселона една сезона, а во текот на кариерата играше и за Борусија Дортмунд, Нирнберг и Бохум.
„Манчестер Сити секогаш ќе има посебно место во моето срце. Уживавме во толку многу успеси во нашето заедничко време и имаше толку многу незаборавни моменти“, рече Гундоган, кој освои 14 титули во дресот на Сити, вклучувајќи ја и тројната круна во 2023 година. Тој одигра 82 натпревари за германската репрезентација и постигна 19 голови, а се збогува со дресот на „вилеџиите“ во август минатата година.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Ал Наср доцна ги доставилe документите, пропадна трансферот на Лапорт во Атлетик Билбао

Ајмерик Лапорт, по осум години, сње врати во Атлетик Билбао, но ситуацијата со трансферот се искомплицира.
Дефанзивецот потпиша тригодишен договор со баскискиот клуб, но Ал Наср задоцни со документацијата, па трансферот не помина навреме низ TМС.
ФИФА и ФФ на Шпанија сега ја разгледуваат документацијата и ги бараат причините за доцнењето на клубот од Саудиска Арабија.
Трансферот на францускиот фудбалер со шпански пасош сега официјално пропадна, но тој се надева дека ФИФА ќе пронајде грешка и последователно ќе ја прифати неговата регистрација.
Не е јасно зошто Ал Наср доцнеле со документацијата, јасно е само дека клубот од Саудиска Арабија направил огромна грешка.
Слична ситуација се случи и со Давид Де Хеа, чиј трансфер од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид пропадна во 2015 година поради доцнење со документацијата.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ посилен од Фриц и публиката во Њујорк

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД со победа од 3:1 над Тејлор Фриц (6:3, 7:5, 3:6, 6:4).
Ова беше 11-та средба меѓу овие двајца ривали и 11-та победа за Ѓоковиќ.
Во мечот што траеше три часа и 27 минути, Србинот беше подобар, не само против четвртиот играч на планетата, туку и против домашната публика, која повторно одигра улога во обидот да му го одвлече вниманието.
Entertainment factor 📈
Djokovic saves break point and comes out on top of a 25-shot rally. pic.twitter.com/qW14CN0nus
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2025
Голема борба се одвиваше во третиот сет, кој Новак подоцна го загуби, но во четвртиот успеа да ја заврши работата и да се пласира во четвртото полуфинале на Гренд слем во 2025 година.
Таму ќе го чека Карлос Алкараз, кој претходно беше убедлив против Јиржи Лехечка (6:4, 6:2, 6:4), а потоа изјави дека сака да му се одмазди на Ѓоковиќ.
this umpire needs to kick rocks pic.twitter.com/ZSCMJm8vuQ
— kim🤍 (@kimdfwu_) September 3, 2025
Мечот го обележаа 10 неискористени брејк топки на фриц во првиот сет и „војната“ на домашната публика со Ѓоковиќ, која немаше друг избор освен да ги провоцира, па дури и да ги поздрави промашените први сервиси на Новак во третиот сет, кој подоцна Фриц го доби.
Впечатливо е што Ѓоковиќ никогаш во својата кариера не загубил четвртфинале на Отвореното првенство на САД.
Novak Djokovic has never lost a US Open quarterfinal! pic.twitter.com/jtEOiXukr1
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2025
По мечот со посебна кореографија и го честиаше роденденот на ќерката Сара, која го прослави осмиот роденден.
Foto/ EPA