Спорт
Јунајтед освоија само бод во Саутемптон (Видео)

Саутемптон и Манчестер Јунајтед ремизираа 1-1 во првиот меч од четвртото коло во Премиер лигата на Англија. Ова е втор нерешен резултат за Јунајтед во новата сезона, а со исклучок на победата во првата рунда над Челси, играчите на менаџерот Солскјер останаа без победа во наредните три кола.
Првиот дел на „Сент Мери“ стадионот го обележа брилијантниот гол на Даниел Џејмс во 10 минута. 21 годишниот Велшанец го постигна третиот гол во сезоната и тој е најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед.
Саутемптон израмнија во 58 минута кога Вестергард скокна повисоко од Линделоф и успеа да го совлада Де Хеа. Асистент за голот беше 20 годишниот Кевин Данс, кој влезе во игра во вториот дел, а поради два жолти картони беше исклучен во 73 минута.
Со играч повеќе Јунајтед имаа неколку обиди од далечина, а најдобрата можност за постигнување на гол ја имаше Гринвуд чии удар од 20 метри го одбрани Гун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Тој е фудбалско чудо од Африка: Има само 13 години, а веќе се во игра големи суми

Талентираното момче од Јужна Африка, Камден Шејпер, кој штотуку наполни тринаесет години, веќе е на прагот на голем трансфер во фудбалскиот клуб Челзи, кој предизвика возбуда низ неговата татковина.
Иако уште дете, Камден со своите игри во Англија, особено во дресот на Блекбурн Роверс, го привлече вниманието на најголемите европски клубови, меѓу кои Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и Јунајтед.
View this post on Instagram
Челзи беше најконкретен во нивната желба да го доведе и издвои меѓу 700 и 750.000 фунти за 13-годишниот играч, според неофицијални информации на британскиот таблоид „Д Сан“.
Неговото фудбалско патување започна на терените на Бенони, а набрзо го одведе на тренинзи во Спортинг и Манчестер Јунајтед, што ја отвори вратата на европската фудбалска сцена.
Кога неговото семејство реши да се пресели во ОК за да му помогне да ја развие својата кариера, стана јасно дека тој има сериозен потенцијал.
Во сезоната зад нас, Шејпер се истакна како офанзивен играч со неверојатен учинок од 45 гола и 65 асистенции, што дополнително го зацврсти интересот на лондонскиот гигант.
Спорт
(Видео) Тројца навивачи загинаа при пад од трибина, повеќе од 70 повредени

Тројца навивачи починаа откако паднаа од горната на долната трибина на стадион во Алжир, по завршувањето на натпреварот во кој домашната екипа МК Алжир ја освои титулата.
МК Алжир ја освои својата втора последователна титула синоќа, откако одигра нерешено 0:0 против Магра.
Инцидентот се случи по завршувањето на натпреварот на стадионот „5 јули“ во Алжир, кога се урна ограда во горниот дел од трибината. Неколку десетици навивачи паднаа од горната на долната трибина, при што загинаа три лица, а околу 70 беа повредени.
Многу од повредените беа однесени во болница, каде што играчите и членовите на тренерскиот штаб на двата клуба донираа крв, објави Би-Би-Си.
Стадионот беше полн за време на натпреварот во кој МК Алжир ја одбрани титулата. Атмосферата за време на натпреварот беше празнична, со зелени џадни бомби.
Доделувањето на трофејот беше одложено поради трагедијата.
Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун изрази сочувство до семејствата на починатите и им посака брзо закрепнување на повредените.
Спорт
Марк Маркез победи и во Муџело, Бањаја возеше уште една трка
Марк Маркез продолжи да доминира во кралската класа оваа сезона. Шпанецот победи на трката во Муџело, пред помладиот брат Алекс (Гресини) и Фабио Диџанантонио (ВР46). Марк, еден од најдобрите возачи во историјата, втор пат во кариерата победи во Муџело, денес ја забележа 93-та победа во кариерата.
Трката на култната патека беше интересна само во првите осум круга, кога Марк, Алекс и Пеко Бањаја се менуваа на челната позиција. Во моментот кога Марк успеа да го мине Алекс и ја презеде челната позиција, повеќе немаше дилеми околу кончениот победник.
Во наредните неколку круга Бањаја се обиде да го нападне Алекс, не му успеа во ниту еден момент. Како што трката се ближеше кон крајот, паѓаше темпото на Бањаја, а тоа го искористи Диџанантонио во препоследниот круг и го презеде третото место.
Лошиот пласман во Муџело, веројатно го исфрли Бањаја од сите комбинации за шампионската титула. Лидер во поредкот е Марк Маркез, има 46 поени повеќе од Алекс Маркез и 97 од Бањаја.
Наредната трка се вози во Асен, Холандија.