Спорт
Јунајтед подготвени на „трампа“ Лукаку-Икарди

Долгоочекуваниот трансфер на Ромелу Лукаку во Интер може да се оствари набргу, откако Манчестер јунајтед се подготвени за „трампа“ со проблематичниот аргентински напаѓач, Мауро Икарди, јавува британскиот „Експрес“.
Лукаку подолго време е поврзуван со трансфер во Интер, посебно откако стана јасно дека нема да има стартна позиција во тимот на Оле Гунар Солскјер, додека во исто време управата на италијанскиот тим сака да се ослободи од Икарди.
Според „Кориере дело спорт“, новиот тренер на „нераѕурите“, Антонио Конте јасно кажал дека Икарди не е во план за следната сезона и тоа во директен разговор со агентот на Икарди, Ванда Нара.
Икарди беше капитен на Интер до февруари, кога претходниот тренер Лучано Спалети му ја предаде капитенската лента на Самир Хандановиќ поради конфликти со Икарди. Нара и Икарди постојано тврдат дека тој ќе остане на „Џузепе Меаца“, меѓутоа ситуацијата сега не изгледа розово за нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Синот на Зидан го смени спортското државјанство

Синот на легендарниот француски фудбалер Зинедин Зидан, Лука, госмени спортското државјанство и во иднина ќе игра за Алжир, објави денес Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Како што објави ФИФА, барањето на Лука Зидан е одобрено бидејќи тој никогаш не бранел за Франција во сениорската конкуренција, туку само во помладите категории.
Лука Зидан има 27 години и го брани голот на шпанскиот второлигаш Гранада, а според најавите, селекторот на Алжир, Владимир Петковиќ, ќе го покани да дебитира во октомври, кога Алжир ќе игра против Сомалија и Уганда во квалификациите за Светското првенство.
Алжир е на чекор од директен пласман на Светското првенство, во квалификациската група Г има 19 бода, четири повеќе од Уганда и Мозамбик, а остануваат уште две кола.
Спорт
Гвардиола: Ако Артета ја освои титулата, тоа ќе биде само поради вложените пари

Пред дербито со Арсенал, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, зборуваше и за својот пријател и поранешен помошник Микел Артета, сегашниот менаџер на лондонските „топџии“.
Дербито на петтото коло од Премиер лигата се игра во недела во Лондон, каде што Арсенал го пречекува Манчестер Сити.
„Топџиите“ беа вицешампиони на Англија во последните три сезони, двапати зад „граѓаните“ на Гвардиола, а минатата сезона зад Ливерпул на Арне Слот. Сега тие повторно се меѓу најсериозните кандидати за титулата, особено откако доведоа неколку исклучително квалитетни засилувања.
„Сакам да му кажам на мојот пријател, Микел Артета, ако ја освои титулата во Премиер лигата, тоа ќе биде само поради вложените пари, а не затоа што тој и неговите играчи работеа напорно“, им рече Пеп Гвардиола на собраните новинари и додаде:
„Исто како и Ливерпул. Ако Арне Слот повторно ја освои титулата, тоа ќе биде затоа што потроши многу пари оваа година, нели? Затоа што тоа не му се случи само на Манчестер сити, нели? Значи, сите го прават тоа…“.
Манчестер сити е најуспешниот тим во Премиер лигата во последната деценија, во претходните осум сезони беше шампион шест пати, но медиумите секогаш констатираа дека тоа е најмногу поради многу потрошени пари.
„Со години, секој клуб може да прави што сака. Знам дека начинот на кој се однесуваат кон нас е сосема различен, но сите клубови трошат затоа што сакаат“, рече Шпанецот.
По четири одиграни натпревари, тимот на Гвардиола има две победи и исто толку порази, и со шест бода го зазема осмото место на табелата во Премиер лигата. Ливерпул е прв со максимални 12 бода, Арсенал втор со девет.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Никој не може со Ноа Лајлс на 200 метри

Американецот Ноа Лајлс е победник во трката на 200 метри на Светското првенство во Токио.
Лајлс стигна до целта со време од 19,52, пред сонародникот Кенет Беднарек (19,58) и Јамајканецот Брајан Левел (19,64). Летли Тебого заврши само една десетинка зад Левел.
Американскиот спринтер, кој беше симнат од тронот во трката на 100 метри во Токио, ја продолжи својата неверојатна доминација на 200 метри. Ова беше четврто последователно светско злато за Лајлс во оваа дисциплина.
Претходно, тој славеше во Доха (2019), Јуџин (2022) и Будимпешта (2023).
Men’s 200m final
Noah Lyles🇺🇸 19.52s
Kenneth Bednarek🇺🇸 19.58s (SB)
Bryan Levell🇯🇲 19.64s (PB)
Letsile Tebogo🇧🇼 19.65s (SB) pic.twitter.com/viqJRIM66Z— Vaseline Stark, King in the North (@femii_p) September 19, 2025