Спорт
Јунајтед e најголемиот финансиски губитник – 1 милијарда евра на фудбалери во една деценија!
Манчестер јунајтед е клубот со најмногу загуби при трансферите во последната деценија трошејќи неверојатна милијарда евра на фудбалери, се тврди во анализата на независната група „ЦИЕС фудбалска опсерваторија“.
Јунајтед имаше трошок од 1.075 милијарди евра од 2012 трошејќи 1.545 милијарди евра на трансфери, а заработиле само 470 милиони евра. Тие го соборија рекордот на Премиер лигата со трансферот на Пол Погба во 2016 година за 89,50 милиони фунти, но најверојатно ќе го пуштат Французинот да замине без отштета на крајот на годината. Други слични такви трансфери се и Антони Марсијал (36 милиони фунти) и Дони ван де Бек (40 милиони фунти).
Нивниот градски ривал Манчестер сити е на второто место со трошок од 984 милиони евра – трошејќи 1.669 милијарди евра на трансфери, но добивајќи 715 милиони евра, а на третото место е Пари Сен-Жермен со 941 милион евра трошок пред Барселона со 650 милиони евра.
Но, додека овие клубови имаат со што да се пофалат во бројот на трофеи, Јунајтед нема големи успеси од 2013 година кога замина сер Алекс Фергусон. Тие имаат само една лигашка титула од 2012, Сити може да се пофали со пет, ПСЖ со седум, а Барселона со пет. Последниот трофеј на Јунајтед дојде во 2017 кога ја освои Лига Европа под Жозе Мурињо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

