Спорт
Јунајтед со сензационална победа во Париз! (видео)
Манчестер јунајтед успеа да го направи тоа во што никој не веруваше, откако триумфираше со 3:1 на „Паркот на принцовите“, пласирајќи се во четврт-финалето на Лигата на шампионите, и придонесувајќи за уште една „ЛШ трагедија“ за Пари Сен-Жермен.
Во Португалија пак, Порто успеа да ја надополни предноста од 2:1 на Рома од првиот меч, со идентична победа, по која на „Драгао“ ќе се играат продолженија.
Човек на одлука во Париз беше Маркус Рашфорд, кој постигна гол од пенал во 92. минута од мечот, но архитектот на триумфот е Ромелу Лукаку, откако белгискиот напаѓач двапати казни грешки на одбраната на ПСЖ во првото полувреме. Ова, секако, би требало да значи дека Оле Гунар Солксјер ја врати довербата на навивачите на Манчестер јунајтед и наскоро би требало да биде промовиран во регуларен тренер на „ѓаволите“.

Лукаку ги „шокираше“ навивачите на Парижани уште во втората минута, кога по една грешка на одбраната на домаќините убаво се снајде и го совлада Џиџи Буфон на голот за неочекувано водство, кога сите прогнози велеа дека Јунајтед оди само „формално“ во вториот меч.
Радоста и надежта на гостите беше уништена бргу, кога Килијан Мбапе, инаку најдобриот поединец на овој меч, успеа одлично да го проигра Хуан Бернат во 12. минута за 1:1. Но, возбудата во првото полувреме не беше завршена. Лукаку повторно доби шанса за гол, откако Буфон реагираше лошо на еден удар од далечина, и Белгиецот донесе ново водство, овојпат од 1:2, со само еден гол кој би ги водел во четврт-финалето „ѓаволите“.
Меѓутоа, во второто полувреме, токму ПСЖ ги имаше најдобрите шанси, откако прво во 56. минута им беше поништен голот на Анхел ди Марија, откако Мбапе го пронајде со неверојатно додавање со петица.
Јунајтед не успеаја да креираат некоја позначителна шанса, а домаќините ја имаа контролата на мечот, до крајот, кога еден удар на Диого Далот заврши во раката на Кимпембе. По консултацијата со ВАР, судијата Дамир Скомина досуди пенал, кој ладнокрвно го реализираше Рашфорд за невидени сцени на „Паркот на принцовите“.
I can only imagine how those #mufc fans feel! Incredible scenes when Rashford’s goal went in. #PSGMNU pic.twitter.com/PlBN3trmkw
— Kelly Somers (@KellySomers) March 6, 2019
Ова е уште еден европски колапс на ПСЖ по спектакуларниот во 2017 година, кога по 4:0 победата дома загубија со 6:1 од Барселона на „Ноу Камп“.

На „Естадио до Драгао“ пак, Порто знаеше дека мора да тргне офанзивно по 2:1 поразот во Рим, и Бразилецот Тикињо Соареш им донесе водство од 1:0 во 26. минута од мечот по една лоша интервенција на цела одбрана на Рома.
Овој резултат го носеше Порто во четврт-финалето, така што Рома мораше да тргне напред и доби гол во 37. минута, кога капитенот Даниеле де Роси беше прецизен од белата точка по фаулот над Пероти. Сепак, Порто успеа да дојде до продолженија откако Муса Марега, фудбалерот кој неодамна се расправаше со навивачите на Порто од својот автомобил во 52. минута го совлада Робин Олсен.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Италијанско дерби во осминафиналето во Лига Европа
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лига Европа Оваа фаза од ова натпреварување на УЕФА ќе го обелижи италијанската пресметка меѓу Болоња и Рома, а внимание секако привлекува и германско-портигалската пресметка Ѓтитгарт-Порто.
Осминафинални двојки:
Генк – Фрајбург
Болоња – Рома
Ференцварош – Брага
Штутгарт – Порто
Панатинаикос – Бетис
Селта – Лион
Нотинген Форест – Митјиланд
Лил – Астон Вила
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 12 и 19 март
Четвртфинале: 9 и 16 април
Полуфинале: 30 април и 7 мај
Финале: 20.мај 2026 година (Истанбул)
Спорт
Сити повторно против Реал, ПСЖ оди на Челзи
Во седиштето на УЕФА, во Нион, беа извлечени двојките за осминафинаето во Лигата на шампионите. Две средби ќе привлечат најфголемо внимание во оваа фаза, актуелниот првак ПСЖ ќе игра против Челзи, а ждрепката повторно ги спои Манчестер Сити и Реал Мадрид.
Осминафинални двојки:
Манчестер Сити – Реал Мадрид
Боде/Глимт – Спортинг Лисабон
ПСЖ – Челзи
Њукасл – Барселона
Галтасарај – Ливерпул
Атлетико Мадрид – Тотенхем
Аталанта – Баерн Минхен
Ваер Леверкузен – Арсенал
Датуми на преостанатите фази од ЛШ
Осминафинале: 10/11 и 17/18. март
Четвртфинале: 7/8 и 14/15 април
Полуфинале: 28/29. април и 5/6 мај
Финале: 30.мај 2026 година (Будимпешта)
Патот до финалето:

Спорт
Македонија апсолутен фаворит против Луксембург
Вечерва (18.00 часот), во салата во „Градски парк“ во Скопје, нашите најдобри кошаркари бараат и трета победа по ред во „А“ групата од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година, два бода со кои ќе бидеме многу поблиску до целта – премин во следниот натпреварувачки круг.
По многу годин, поточно од 9.септември, 2006 година, Македонија ќе биде во улога на домаќин во салата во „Градски парк“, комплетно реновирана во изминатиот период, и подготвена да ги прими сите заинтересирани за вечерашниот дуел, во кој на теренот „црвено-жолтите“ уште еднаш ќе ги поведе Војдан Стојановски.
Капитенот на Македонија е запознат со квалитетите на вечерашниот противник:
„Играме против Луксембург, една добра репрезентација во која шутираат сите кои што се во моментот на теренот. Селекција која игра без класичен центар, што говори дека форсираат брза игра за која треба да најдеме соодветен одговор“ – смета Стојановски.
Предводникот на нашиот национален тим вели дека енергетскито момент е еден од оние кои ќе го донесат веројтно и клучниот дел од дуелот во „Градски парк“. Заедно со добра дефанзива која црвено-жолтите“ треба да ја презентиираат во дуелот со селекциката која исто така има две победи во првите две кола од претквалификациите.
„Наше е да дадеме се од себе, да го потрошиме и оној последен атом од нас. Да имаме добра енергија и тоа како потребна за ваков вид на натпревари. И со една добра игра во одбраната да стигнеме до победата“ – потенцира Стојановски.
Извор и Фото/ mkd.basketball

