Спорт
Јусеин Болт се жали: Не добив фер шанса да станам фудбалер
Светскиот рекордер на 100 и 200 метри, Јусеин Болт, смета дека не добил фер шанса во обидот да стане фудбалер во Австралија.
Јамајчанецот беше на проба во клубот од А-лигата, Сентрал Коуст маринерс, во средината на 2018 година кога во текот на целата атлетска кариера не ја криеше љубовта кон фудбалот. И покрај тоа што постигна два гола во пријателски меч, Болт не успеа да добие професионален договор по што имаше уште еден неуспешен обид да се договори со клубот од Малта, Валета.
Тој неодамна стана татко и ужива во животот надвор од вниманието на светските медиуми, но жали за тоа што не добил вистинска шанса.
„Мислам дека не добив фер шанса. Не го направив тоа како што сакав, а мислам дека ќе бев добар во фудбалот. Но, тоа е една од работите што ги промашуваш во животот и одиш понатаму. Навистина го сакам фудбалот и понекогаш ми е жал што се случи така. Сега повторно има луѓе што ме прашуваат дали сакам да играм фудбал, но помина времето, остарев и сега имам ќеркичка, која ми го троши времето“, вели Болт.
Usain Bolt has scored his first goal! ⚡
First Olympic gold, next the Ballon d’Or? ?
?: @FOXFOOTBALL pic.twitter.com/BVroos9tJS
— Goal (@goal) October 12, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.