Спорт
Јуве и Интер ќе играат пред празни трибини
Серија А потврдија дека викендов, поради коронавирусот, пет натпревари, вклучувајќи го и дуелот Јувентус-Интер, ќе се играат пред празни трибини.
Покрај „Дерби дела Италија“ кој е еден од најважните натпревари оваа сезона бидејќи Јувентус и Интер заедно со Лацио се борат за титулата, публика нема да има и на натпреварите: Удинезе-Фиорентина, Милан-Џенова, Парма-СПАЛ и Сасуоло-Бреша.
Серија А извести дека на овие натпревари максимално можат да бидат присутни по 100 луѓе кои се директно поврзани со организацијата.
Од медиумите, пристап ќе имаат само новинарите на редакциите кои ги имаат правата за пренос на натпреварите, додека задолжителните прес-конференции по натпреварите нема да бидат одржани.
Според последните податоци, во Италија, досега од коронавирусот починале 15, а 650 луѓе биле заразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Арсенал го победи Челзи на „Стенфорд Бриџ“
Фудбалерите на Арсенал се блиску до пласман во финалето, во Лига купот. Вечерва на „Стенфорд Бриџ“, Арсенал го победи Челзи со 3:2, во првиот полуфинален натпревар.
„Тобпџиите“ пев пат победија на теренот на Челзи, во кое било натпреварување од 2022 година.
Актуелниот лидер во Премиер лигата поведе во седмата минута преку Бен Вајт, кој ја искористи катастрофалната реакција на голманот Роберт Санчез.
На стартот од вториот дел, во 49-та минута, Виктор Ѓокереш зголеми резултатот на 2:0.
Помалку од десет минути подоцна, Гарначо им даде надеж на домашните, но тимот на Микел Артета повторно се врати на +2, кога Зубименди постигна гол во 71-та минута.
Се чинеше дека тоа ќе биде сè на овој меч, но незивесноста ја врати Гарначо со својот втор гол во 83-та минута.
На крајот, сепак Арсенал победи, пред реваншот на 3 февруари на „Емирејтс“.
Foto/ EPA
Спорт
Конор Галагер во Тотенхем
Конор Галагер го официјализира трансферот од Атлетико Мадрид во Тотенхем. Со клубот од Лондон тој потпиша пет ипол годишен договор.
Галагер пред 18 месеци пристигна од Челзи за во Атлетико за 42 милиони евра. „Јорганџиите“ успеаја да ги вратат сите пари што ги вложија во него, откако Тотенхем се согласи да плати 40 милиони евра.
Галагер играше за Вест Бромвич, Кристал Палас, Чарлтон и Свонси, и одигра 136 натпревари во Премиер лигата. Тој одигра 77 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања и постигна седум гола.
Тотенхем го донесе откако Родриго Бентанкур се повреди и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.
„Среќен сум и возбуден што сум тука, што го правам следниот чекор во мојата кариера во неверојатен клуб. Знам колку се одлични навивачите и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, сакам заедно да создаваме посебни моменти и спомени“, рече Галагер.
Досега, тој одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Англија, но играше само еднаш за тренерот Томас Тухел.
Спорт
(Видео) Мане повторно подобар од Салах – Сенегал ќе се бори за трофејот на Африканскиот куп
Сенегал го победи Египет со 1:0 и се пласира во финалето на Африканскиот куп на нации. За втората титула во историјата на земјата Сенегал ќе игра против победникот од натпреварот Мароко-Нигерија.
Сенеглаците заслужено ќе се борат за трофејот на Африканскиот куп, откако го надиграа Египет во првото полуфинале. Египет, излезе со јасна цел, да го одбрани својот гол, колку беа инфериорни Египѓаните говори и податокот дека во првите 70 минути не упатија ниту еден удар во хголот на противникот.
Сенегал го контролирае поседот, константно се обидуваше да нападне, а наградата за таквиот пристап дојде во 78-та минута, кога Садио Мане прецизно шутираше од 20 метри и го совлада Ел Шарави.
Foto/ EPA

