Спорт
Јуве со „минималец“ против Специја на 5 поени од врвот во Италија
Алваро Мората го постигна единствениот гол на мечот, доволен за Јувентус да стигне до 1:0 победа над Специја и да дојде на 5 поени од првото место во Италија, најавувајќи уште поинтересна завршница на шампионатот.
Иако гостите во текот на целиот меч имаа повеќе удари на голот, трите поени за тимот на Масимилијано Алегри беа обезбедени во 21. минута, кога Мануел Локатели мајсторски му асистираше на Мората, кому не му беше тешко да ја смести топката во мрежата.
Јувентус на четвртото место на табелата имаат 54 поени, четири зад Милан и Наполи (кои вечерва играат во дербито) и пет зад првопласираниот Интер. Специја се 16-ти со 26 поени, четири над зоната за испаѓање.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шчесни и официјално стана играч на Барселона
Полјакот Војчех Шчесни и официјално е претставен како нов голман на Барселона. Шчесни потпиша договор до крајот на актуелната сезона.
Поранешниот член на Јувентус летово објави крај на кариерата по Европското првенство во Германија, каде неговата селекција освои бод во групата Д.
Шчесни беше повикан како итна замена за Германецот Марк-Андре тер Штеген, кој ќе ја пропушти сезоната поради повреда.
34-годишниот голман бранел на повеќе од 500 натпревари. Бранеше во Арсенал, во Брентфорд како позајмен игра, а потоа замина во Италија, каде го носеше дресот на Рома и Јувентус.
Со Арсенал го освои ФА Купот во 2014 и 2015 година, како и Комјунити Шилд во 2014 година. Во Јувентус меѓу стативите го замени легендарниот Џанлуиџи Буфон, а освои три последователни „скудета“ од 2018 до 2020 година, исто толку Купови и Суперкуп.
195 сантиметри високиот голман одигра 84 натпревари за националниот тим, а учествуваше на две светски првенства и четири првенства на Стариот континент.
Szczęsny has a message for you, culer! 🫵 pic.twitter.com/q3SAjOGY5q
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 2, 2024
Спорт
Алкараз преку Синер до титулата во Пекинг
Карлос Алкараз ја освои титулата на турнирот во Пекинг. Во финалето, по три часа и 21 минута, Шпанецот го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 6:7, 6:4, 7:6. Од понеделник Алкараз повотно ќе биде втор на АТП листата.
Алакраз трет пат сезонава го победи светскиот рекет број еден и стигна до својата четврта титула сезонава. Во меѓусебниот скор Алкараз сега води со 6:4.
Шпанецот пред Пекинг победи во Индијан Велс, Ролан Гарос и Вимблдон.
Изглучително квалитетен и незивесен меч одиграа Синер и Алкараз. Шпанецот подобро влезе во мечот, во првиот сет имеше предност од 5:2, меч топка на 6:5, а потоа уште две во тај-брејкот, а откако не ги искористи шансите, сетот му припадна на Синер.
Шпанецот успеа да изедначи откако во вториот сет успеа да направи брејк во деветтиот гем.
Драмата кулминираше во третиот сет, Алакраз направи брејк дојде до 3:1, имаше уште две брејк топки, аоткако не ги искористи Синер намали на 3:2, а птооа во следниот гем го врати брејкот.
Тај-брејкот заочна со три поени на Синер, но одговорот на Алкараз беше брутален, до крајот ги освои сите поени и дојде до трофејот.
Спорт
Милевски: Македонија се прашува за изгледот на табелата во групата
Извор/ ffm.mk
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за претстојните два натпревари против Летонија и Ерменија на гостински терен во Лигаta на Нации. На списокот од 25 фудбалери, дебитант е дефанзивниот фудбалер на словачка Жилина, Андреј Стојчевски.
„Што се однесува до списокот, за жал повторно имаме некои повреди на фудбалери кои беа непланирани. Трапановски нема да игра поради повреда на тренинг. Ќе мора да паузира четири до шест седмици. Се надевам дека Трајковски ќе биде подготвен и ќе ни биде на располагање. За жал, Дарко Велковски нема клуб и жалам што не е во посакуваната форма. Не сум задоволен од статусот на Елези во тимот на Бохум. Тој е професионалец и ќе даде сè од себе да се наметне во клубот. Потребен ни е таков играч, беше со нас на минатите собири и се разбира дека сметаме на него во иднина“, рече Милевски и поота образложи зошто во националниот тим е повикан Стојчевски.
„Имаме проблеми со дефанзивата, особено со жолти картони и поради тоа е повикан Стојчевски за да биде дел од ротацијата. Останатите се надевам дека ќе бидат здрави пред се, а потоа и способни да се стават во функција на тимот. Во моментов ми е најважно здравјето на фудбалерите. Не можеме да зборуваме за натпреварувачка форма, тимот го градиме веќе три години и не сме во позиција да го менуваме секој собир. Тие фудбалери кои се повикани се најдобри во моментот, без разлика за формата. Секогаш се тука за Македонија и тоа е најважно“.
Во овој циклус Македонија ќе гостува кај Летонија на 10.октомви и кај Ерменија три дена подоцна.
„Нè очекуваат уште четири меча, секој од нив е подеднакво важен. Сега играме на гости со Летонија и Ерменија. Ме радува фактот и се надевам така ќе остане, дека сè зависи од нас. Македонија се прашува за изгледот на табелата во оваа Лига на нации. Ќе бидеме задоволни ако и по овој собир бидеме на првото место, каде што сме сега“.
По првите две кола Македонија е водечка во групата со четири бода пред Ерменија и Летонија кои имаат по три.