Спорт
Јувентус без Роналдо не може до победа ниту со Емполи
Шок за Јувентус, нов по оној дека Кристијано Роналдо го напушти клубот на почеток на новата сезона.
„Старата дама“ непријатно е изненадена на свој терен, пораз од Емполи со 1-0.
Леонардо Манкусо беше на вистинското место во 21 минута, налета на одбиената топка и за смести зад грбот на Шчесни за водство на гостите.
Во продолжение на мечот избраниците на Масимилијано Алегри тргнаа со сите расположливи сили да го свртат резултатот, упатија двојно повеќе удари кон голот на Викарио, но тој со 6 интервенции беше на висината на задачата.
Алегри ги направи сите 5 замени за да ја раздвижи својата екипа, но залудно.
По нерешените 2-2 кај Удинезе во воведното коло, Јуве останува само со 1 бод доволен во моментов за 13-та позиција.
Емполи, пак, е две места над нив.
Во истиот термин Фиорентина со 2-1 на својот „Артемио Франки“ го совлада тимот на Торино.
Стрелци на головите Гонзалес во 41. и Влаховиќ во 70 минута.
Во самиот финиш, во 89 минута Торино постигна почесен погодок. Стрелец Верди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.