Спорт
Јувентус има подготвени замени за Влаховиќ

Душан Влаховиќ во летниот преоден рок ќе го напушти Јувентус. Влаховиќ и неговите менаџер ги одбија сите понуди на клубот околу новиот договор, кој предвидуваше намалување на платата. Бидејќи има договор до јуни 2026 година, летниот преоден рок ќе биде последна шанса Јувентус да заработи од неговиот трансфер.
Челниците на Јувентус веќе имаат план како ќе реагираат по заминувањето на Влаховиќ. Нивната намера е да го задржат Рандал Коло Муани, Францускиот репрезентативец неодамна го засили клубот. Одлично се вклопи постигна три гола во првите два натпревари.
Планот на Јувентус е и наредната сезона да го задржат Муани на позајмица, а по завршувањето на сезоната 2025/2026 да го откупат од ПСЖ за 45 милиони евра.
Јувентус не сака веднаш да го купи Муани, бидејќи во летниот преоден рок за 30 милиони евра сака да го ангажира дефанзивецот на Феенорд, Словакот Давид Ханцко.
Покрај Ханцко, во летниот преоден рок, челниците на „старата дама“ ќе тргнат и по Виктор Осимен. Нигериецот сезонава е позајмен во Галатасарај, а се претпоставува дека Наполи ќе прифати 75 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шпански тинејџер е најскапиот играч во историјата на Комо

Шпанскиот крилен играч Хесус Родригез потпиша за Комо до 2030 година во трансфер вреден 22 милиони евра. Родригез стана најскапиот играч во историјата на клубот.
Рекордот што претходно го држеше Мартин Батурина брзо беше срушен. Пред една недела Батурина дојде во Комо од Динамо Загреб за 18 милиони евра.
Хесус Родригез ќе наполни 20 години во ноември, а минатата сезона постигна пет гола на 44 натпревари за Бетис.
Момчето родено во Севилја често се споредува со легендата на клубот, познатиот Хоакин, во однос на неговиот стил на игра.
Foto/ EPA
Спорт
Голманот на Порто пред трансфер во Манчестер Сити

Манчестер Сити е блиску до потпишување на договорот со голманот на Порто и Португалија, Диого Кошта, тврди британскиот сервис Би-би-си.
Повикувајќи се на свои извори, Би-би-си, пишува дека Сити се согласил да ја активира откупната калузула во договорот на голманот која изнесува 75 милиони евра.
Според овој извор, Кошта веќе се согласил да се пресели во Манчестер Сити, а неговиот менаџер, Жорге Мендеш, моментално е во интензивни преговори со двата клуба за трансферот да се реализира што е можно поскоро.
Диого Кошта одигра 43 натпревари за Порто минатата сезона, прими 45 гола, на 19 натпревару не прими гол.
Foto/ EPA-EFE/ANNA SZILAGYI
Спорт
Легендарниот Уругваец ќе се пензионира

Легендарниот напаѓач Луис Суарез ќе стане слободен агент на крајот од оваа година, бидејќи му истекува договорот со Интер Мајами.
Како што пишува шпански „Ас“, Уругваецот размислува да стави крај на својата феноменална кариера по завршувањето на соработката. Суарез има 39 години и во последните неколку сезони има проблеми со коленото, што му отежнува да игра натпревари секоја недела.
Суарез би сакал да се збогува со Интер со освојување на титулата. Тој моментално е втор најдобар стрелец во историјата на клубот со 34 гола, а првиот е Лионел Меси со 50.
Пред неколку недели, Суарез го објави новиот уругвајски клуб што го формираше заедно со Аргентинецот. Гласините сугерираат дека уругвајскиот напаѓач би можел целосно да се посвети на проектот, особено ако се пензионира.
Интер планира да стане поамбициозен во следните неколку месеци, бидејќи Светското клупско првенство покажа дека тимот не не конкурентен против некои од најдобрите тимови во светот.
Клубот е фокусиран Меси, односно да го убеди да остане, а потоа се засили со врвни играчи за да создадат конкурентен тим. Според најновите извештаи, Суарез не е дел од плановите.
Foto/ EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH