Спорт
Јувентус ја започнале „операцијата Погба“

Претставници на Јувентус започнале разговори со менаџерот Мино Рајола околу можното враќање на Пол Погба во Торино. Оваа информација ја објави порталот „le10sport.com“.
Пол Погба пред четири години од Јувентус се пресели во Нанчетсер Јунајтед за сума од 105 милиони евра. Планот на англискиот тим е доколку го продадат Погба да врата најголем дел од парите што ги вложија во него.
Јувентус од друга страна планира да ги продаде Миралем Пјаниќ и Адријен Рабио за да отвори место за Погба.
Јувентус има добри односи со менаџерот Рајола поради што сметаат дека нивните шанси се поголеми од шансите на Реал Мадрид со кого исто така се поврзува Погба. Се надеваат дека ќе можат да го повторат сценариото од минатото лето кога го донесоа Матијас Де Лихт.
Погба за Јувентус има одиграно 178 натпревари, на кои постигнал 34 гола и забележал 40 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Расел: Мерцедес преговараше со Ферстапен

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, отворено зборуваше за преговорите на германскиот тим со четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен.
Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф, по отпуштањето на Кристијан Хорнер од Ред Бул, ја отфрли можноста Ферстапен да се пресели во „Сребрените стрели“.
На прашањето дали откривањето на разговорите е дел од играта на Мерцедес, Расел одговори: „Тоа е сериозна теорија на заговор!“
„Имаше преговори. И тоа е во ред. Сите зборуваат. Постојат и долгорочни перспективи. За возачите и тимовите, тие не размислуваат само за следната година, туку за две, три, четири, пет години однапред. Сè се менува брзо. Знам дека сè додека возам добро, немам за што да се грижам. Но тоа не значи дека останувам, не останувам или дека се случува нешто конкретно. За мене, последните неколку месеци беа интересни во однос на тоа како го обработив сè она што се случуваше“, рече Британецот и дополни.
„Сега решив едноставно да не се грижам за тоа. Знам дека сè додека возам брзо на патеката, тоа е најважното нешто. Што и да се случи, ќе се случи“, рече Расел.
Расел ќе има можност повторно да се докаже на патеката Спа Франкошамп, каде што ќе се одржи нова трка во календарот на Формула 1.
Foto/ EPA
Спорт
Дете на клубот се врати во Сити за 40 милиони фунти

Фото/Принскрин
Замената за Едерсон, кој ќе замине од „Етихад“, Манчестер сити ја најде во Барнли.
Новиот голман на повеќекратниот шампион на Англија е Џејмс Трафорд. „Граѓаните“ на неговите услуги издвоија 40 милиони фунти.
Менаџерот Пеп Гвардиола, како што пишуваат англиските медиуми, инсистирал на трансферот.
Интересно е што Трафорд е дете на Сити, бранеше во помладите категории од 2015 до 2021 година.
Тој пристигна во Барнли во 2023 година и оттогаш бранеше на 73 натпревари. Бранеше 19 пати за младата репрезентација на Англија.
🚨🔵 EXCLUSIVE: Manchester City agree deal to sign James Trafford as new goalkeeper, here we go!
Deal in place with Burnley under value of £40m buy back clause. Trafford said yes to Man City as Pep Guardiola wanted him.
Newcastle are also informed about Trafford’s decision. pic.twitter.com/UG4X3V2lsZ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 25, 2025
Спорт
Лапорта: Преговараме со НБА Европа

Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, откри дека НБА е во напредна фаза на преговори со клубовите во врска со формирањето на нова кошаркарска лига во Европа, како и дека постојат неколку начини за спроведување на овој проект.
„НБА сака да го воспостави своето присуство во Европа, а доколку тоа се случи, прашањето за арените и „Палау Блауграна“ мора да се разгледа многу сериозно“, рече Лапорта, алудирајќи на моменталните планови за новиот дом на кошаркарската секција на Барселона.
Тој исто така спомена дека нацрт-проектот за новата сала се очекува во вториот квартал од следната година.
„Нема да ја делиме сопственоста на новата арена со никого. Мораме да ја земеме предвид можноста за промена на натпреварувањето. Новата арена ќе ги исполнува барањата на НБА – за секој случај“, изјави Лапорта за „Мундо Депортиво“, додавајќи:
„Разговорите се во напредна фаза. Не можам да ја откријам конечната структура; има неколку опции. Постои договор со Евролигата. Знам дека НБА разговара и со Евролигата и со ФИБА. Ги слушаме што ни кажуваат.“
Долгогодишните планови за потенцијално проширување на НБА во Европа се интензивираа во последните месеци преку преговори меѓу клучните играчи, иако сè уште нема конкретни детали за тимовите што би учествувале или форматот на натпреварувањето.
Според најновите проекции на комесарот на НБА, Адам Силвер, НБА Европа би можела да биде лансирана за две до три години.