Контакт

Спорт

Јувентус ќе се обиде во јануари да го продаде Влаховиќ

Објавено пред

Челниците на Јувентус немаат доверба во Душан Влаховиќ и покрај тоа што тој на пет натпревари оваа сезона, постигна четири гола. Влаховиќ е џокерот од клупата, бидејќи сезонава ниту еден гол не постигнал кога започнал во дстартната постава.

dobivaj vesti na viber

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус ќе се обиде да го продаде напаѓачот во зимскиот преоден рок.

Причината е што договорот на Влаховиќ истекува на крајот од оваа сезона, а вистинска аукција за таков напаѓач би можела да има во јуни. Затоа, за клубот, подобро решение е да го продаде во јануари со симболична отштета,

Јувентус сигурно сака да се ослободи од големите трошоци бидејќи е познато дека српскиот фудбалер заработува 12 милиони евра годишно оваа сезона.

Неговото заминување во јануари би значело 6 милиони евра повеќе во касата на Јувентус и плус неколку милиони евра од обесштетувањето.

Она што е јасно дури и во овој момент, Влаховиќ ќе го напушти Јувентус, без разлика дали во јуни или можеби во јануари.

Foto/ EPA

Спорт

Олимпијакос го потврди трансферот на Ниликина

Објавено пред

Францускиот кошаркар Франк Ниликина, го напушти белградски Партизан и ќе ја продолжи кариерата во грчки Олимпијакос.

dobivaj vesti na viber

Сагата околу неговиот трансфер од Србија во Грција траеше со денови, но челниците на црвено-белите попуштија и решија да му платат отштета на Партизан, па Ниликина ќе стане играч на Олимпијакос.

„КК Олимпијакос објавува дека го ангажираше Франк Нтиликина. Францускиот бек потпиша двегодишен договор со нашиот клуб“.

Ниликина пристигна во Белград од Шарлот минатото лето, а зад себе има солидна сезона во црно-белиот дрес.

Во Евролигата одигра 21 натпревар, помина просек од 17 минути на паркетот и запиша 6,1 поен со одлични проценти, 55% за два и 37% за три поени.

Ниликина осми пик на НБА драфтот кога дојде од Стразбур, а Њујорк Никс го избраа во 2017 година по инструкции на генералниот менаџер Фил Џексон.

Покрај Њујорк Никс и Шарлот Хорнетс, Ниликина играше и за Далас Маверикс.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

Со двајца претставници Македонија на Европското првенство во пинг-понг за играчи до 13 години

Објавено пред

Бојана Јовевска и Јован Пармачки се двајцата претставници на Македонија на Европското првенство во Коста, Шведска. Тимот го предводи Златко Рикалоски, соопшти Пинг понгарска федерација на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Првенството започна на 24 Септември и ќе трае до 28-ми со претставници од повеќе од 30 држави.

Ова е трето Европско првенство во оваа категорија, а последното се одржа во Романија 2024 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Трамп: Подготвен сум да ги преместам натпреварите од СП 2026 поради безбедносни причини

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен, доколку биде потребно, да ги премести натпреварите од Светското првенство 2026 од градови што ги смета за небезбедни.

dobivaj vesti na viber

„Светското првенство ќе биде безбедно. Ако утврдаме дека не е безбедно натпреварите да се играат во одредени градови, ќе ги преместиме во други“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба притоа особено критикувајќи ја статистиката за криминал во Чикаго, кој инаку не е домаќин на мундијалот.

„Ако мислиме дека некој град ќе биде барем малку небезбеден за Светското првенство или Олимписките игри, а особено за Светското првенство, бидејќи турнирот се игра во толку многу градови, нема да дозволиме таму да се играат натпревари, ќе ги преместиме“, изјави тој.

Меѓу градовите домаќини на натпревари се и демократските упоришта, како Лос Анџелес (осум предвидени натпревари), Сан Франциско (шест) и Сиетл (шест).

Администрацијата на Трамп оваа година распореди национална гарда за одржување ред во неколку градови под демократска управа, меѓу кои и Лос Анџелес, и покрај противењето на локалните власти.

САД ќе бидат домаќин на Светското првенство во фудбал 2026 година (11 јуни – 19 јули) заедно со Мексико и Канада. Претседателот Трамп самиот се именува за раководител на работната група на Белата куќа за Светското првенство, натпреварување што го организира Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Општина Аеродром информира дека до МВР и Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради,...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Кандидати за советници во Струмица од СДСМ нападнале странски државјани

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвини дека кандидати за советници на опозициската СДСМ во Струмица физички нападнале странски државјани. Според нивните наводи, станува...

Македонија2 часа

Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит...

Македонија2 часа

За два дена над 200 прегледани лица во Трубарево, уште 8 упатени на Пулмологија

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на жителите на Трубарево, со цел навремено откривање...

Македонија4 часа

Пешаците и возачите на велосипеди и тротинети од денес под нови правила: нема слушалки и телефони

Од денес стапуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Републичкиот совет за безбедност...

Свет5 часа

Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западен Брег, одбивајќи ги барањата на дел...

Македонија5 часа

До понеделник посвежо време со повремени врнежи, локлно поројни со грмежи и ветер

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од...

Македонија13 часа

(Видео) Нов пожар го труе Скопје: Намерно запалена депонија во Арачиново

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информира Дирекцијата за заштита и спасување. Од...

Македонија17 часа

Мицкоски од Струмица: По 7 години кочење, започнува доизградбата на стариот театар

По седум години кочење, започнува доизградбата на стариот театар во Струмица, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Како Влада продолжуваме да ги...

Македонија18 часа

Сиљановска-Давкова во ОН: Руската агресија директно ги загрозува меѓународниот мир и безбедноста

Потресите на меѓународниот поредок отворија длабоки геополитички раседи. Еден од најактивните е во Украина, каде веќе три и пол години...

Македонија21 час

Ресенчани алармираа: Преспа има годишно по 250 новозаболени од карцином, се бори со стерилетет и проблеми со тироидна жлезда, а тоне во ѓубре

На Преспа и’ треба заедничка акција која ќе тргне од граѓаните, а ќе ја продолжат институциите и од локаната и...

Македонија22 часа

СДСМ со предлог-резолуција: Уставни измени до февруари 2026 година за да се отвори првиот кластер во преговорите со ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција ја претстави предлог-резолуцијата со која, како што рече, се дефинираат заедничките државни...

Македонија23 часа

Се запали цистерна што превезувала нафта: излетала од патот Гевгелија – Богданци

Претпладнево, цистерна, која превезувала нафта, излетала од регионалниит пат Гевгелија – Богданци и се превртела по што дошло до истекување...

Македонија1 ден

Параглајдинг-несреќа на Галичица: државјанин на Германија доживеа тежок пад од поголема височина

Планинската спасителна служба „Охрид“ извести дека вчера, околу 18.30 часот, добила повик од група параглајдеристи, кои летале од падините на...

Македонија1 ден

„Ниту една повеќе!“ повикува на блокада од 18 часот пред Паркот на жената борец: Да изградиме поинаков свет – свет без насилство врз жените

Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ најавува блокада која ќе се одржи денеска од 18...

Македонија1 ден

Кај 11 лица од Трубарево утврдени иритации на грлото при скринингот

Кај 11 лица од Трубарево се утврдени иритации и надразнување на грлото при првиот ден од скринингот што го спроведува...

Европа1 ден

Украина: Соборивме моќен руски „су-34“

Генералштабот на вооружените сили на Украина објави дека руски борбен авион Су-34 е соборен во близина на градот Запорожје околу...

Свет1 ден

(Видео) Хутите лансираа два дрона кон Израел, едниот погоди хотел: има повредени

Беспилотно летало лансирано од јеменските Хути повреди 22 лица во јужниот израелски град Еилат, соопштија израелските служби за итна медицинска...

Свет1 ден

Трамп е убеден во тројна саботажа во Обединетите нации

Американскиот претседател Доналд Трамп побара од Обединетите нации веднаш да започнат истрага за „тројната саботажа“ во која тој бил во...

Свет1 ден

(Видео) Хонг Конг се закрепнува од супертајфунот Рагаса, повеќе од 100 повредени

Хонг Конг денес ги обнови летовите од својот меѓународен аеродром, додека густо населениот град се опоравува од супертајфунот Рагаса што...