Спорт
Јувентус нема да му исплати долг од 20 милиони евра на Роналдо
Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, не се договорил на арбитража со Јувентус за исплатата на неговите замрзнати плати за време на пандемијата, пренесува „Газета дело Спорт“. Забележано е дека се работи за 19,9 милиони евра, кои со меѓусебен договор беа замрзнати за време на карантинот.
Претставниците на клубот на сослушувањето на арбитражниот одбор на Италијанската фудбалска федерација изјавија дека Роналдо не може да ги бара исплатите бидејќи тие не се формализирани. Конечната пресуда за случајот ќе биде објавена во рок од еден месец.
Во декември 2022 година, извршниот директор на Јувентус, Маурицио Аривабене, објави дека клубот нема долгови кон Роналдо.
38-годишниот Португалец играше за Јувентус од 2018 до 2021 година и забележа 134 настапи за италијанскиот клуб, постигнувајќи 101 гол и 22 асистенции.
Роналдо одби да комуницира со италијанските обвинители во случајот со измама со претседателот на гигантот од Торино, Андреа Ањели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норис очекува „повеќе хаос на трките“
Актуелниот светски шампион во Формула 1, Ландо Норис, изјави дека очекува „многу повеќе хаос на трките“ оваа сезона поради најголемите промени во правилата во историјата на шампионатот.
Формула 1 влегува во нова ера со целосно променети правила – новите мотори, шасијата, горивото и гумите, како и управувањето со енергијата на батериите ќе играат централна улога.
Хибридните системи сега обезбедуваат значително поголем дел од вкупната моќност на моторот.
„Ќе видите повеќе хаос на трките, каде што возачот мора да биде многу посвесен за сите различни ситуации што можат да се случат“, рече Британецот.
„Тоа ќе се случува во текот на целата година. Поголем акцент се става на способноста на возачот да ги контролира сите тие фактори.“
Новата сезона во Ф1 започнува на 8 март со Големата награда на Австралија во Мелбурн.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Нереални сцени на натпреварот од Младинската лига на УЕФА во Келн
Младинската лига на УЕФА влезе во нокаут фазата, познати се сите учесници во осминафиналето.
Натпреварите одиграни во рамките на 1/16-финалето ги обележа дуелот во Келн.
Германскиот тим таму беше домаќин на Интер, а атмосферата беше неверојатна. Клубот ги распродаде сите 50.000 билети за натпреварот на младинскиот тим, а атмосферата беше еднаква на онаа што ја гледаме во најдобрите натпревари од Лигата на шампионите.
Cologne sold 50,000 tickets for today's UEFA Youth League game vs. Inter, setting a new competition attendance record 😲
Immense support. What an experience for those youngsters 👏pic.twitter.com/dU1OzIhtiO
— Men in Blazers (@MenInBlazers) February 4, 2026
Ова не му помогна на Келн да го елиминира Интер, иако домашниот тим беше блиску да се избори за пенал-рулетот. На крајот, загуби со 3:1, со два гола во судиското продолжение, Зарате Идалго постигна во 90+7, а Кукулис во 90+8 минута, во двата наврати асистент беше младиот Црногорец Вукоје.
Оваа фаза донесе и неколку големи изненадувања, Манчестер Сити и Барселона беа елиминирани од понатамошниот тек на натпреварувањето. ХЈК беше подобар од „граѓаните“, во Хелсинки победија по изведување на пенали – 3:3, 4:3.
Шпанскиот тим исто така немаше среќа по изведувањето на пенали, Макаби Хаифа беше подобар од Барселона во Унгарија – 2:2, 3:1. Резултатот од Варшава исто така беше изненадување, каде Легија го победи Ајакс – 2:1.
Претходно, во вторниотк, Жилина го победи Ливерпул со 2:1 пред 10.500 гледачи.
Плајсман во осминафиналето изборија: Атлетико Мадрид, ПСЖ, Бенфика, Виљареал, Спортинг, Бетис, Челзи, Бриж, Реал Мадрид, Ајнтрахт, АЗ Алкмар и Жилина.
Спорт
Порзингис „трејдуван“ во Голден Стејт
Летонецот Кристапс Порзингис ја продолжува кариерата во Голден Стејт Вориорс.
Претходната вечер тој беше дел од размената, која во Атланта Хокс ги донесе Бади Хилд и Џонатан Куминга.
Со оваа зделка, Атланата стави крај на возбудлив период во кој, да потсетиме, го разменија и лидерот Тре Јанг (во Вашингтон).
Доаѓањето на Порзингис меѓу „воините“ значи и дека франшизата од Сан Франциско официјално се откажа од обидите да го ангажира Јанис Адетокумбо, кој беше првата „мета“.
Американските медиуми објавуваат дека Вориорс испратиле неколку понуди за Јанис во последните недели, но од друга страна, добиле јасни сигнали дека Адетокумбо не е опција за размена.
За Голден Стејт, најважното прашање сега е здравјето на Прзингис, кој во последно време се мачи со повредите. Тој одигра само 17 натпревари за Хокс оваа сезона, а 42 во целата сезона 2024/2025 што ја помина со Селтикс.
Од таборот на „Воините“ се надеваат дека искусниот кошаркар, кој го одигра својот последен натпревар на 7 јануари, ќе може да се врати во форма навреме.
Според последните информации, Порзингис треба да се појави на теренот во следните натпревари.
Голден Стејт моментално е осми во Западната конференција со скор од 27-24.

